Среда, 29 Октомври 2014   
Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

„Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940 – 1949"

"Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи" – ќе изјави премиерот Никола Груевски на промоцијата на новата музејска поставка „Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“, поставена во Музејот на Македонија.

Новата постојана музејска поставка „Македонците прогонети во Втората Светска Војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“, која се подготвуваше подолг временски период и во која покрај стручни тимови во прибирање на материјали се вклучиле и поголем број установи, здруженија, како и граѓани поединци кои подариле фотографии, документи и предмети од личен и семеен карактер, беше презентирана на 25 октомври 2014 година, во присуство на повеќе видни гости и сеуште живи сведоци на македонската голгота.

На 400 квадратни метри во Музејот на Македонија, на местото каде порано беше археолошката поставка која е пренесена во новиот Археолошки музеј, поставена е новата постојана музејска поставка која претставува потресен аудиовизуелен приказ на болката и голготата што ја преживувале Македонците во овој период. Оваа нова поставка која е збогатена со ликовно решение насловено „Патека на децата-прогонети“ создава амбиент кој му овозможува на секој посетител барем за миг да биде дел од нивното минато и да се соочи со голготата низ која поминале илјадници семејства кои изоделе пеш 100 километри од тогашната грчко-југословенска граница до Преспа...

Во тоа време 21.000 Македонци биле жртви, а како резултат на Граѓанската војна во Грција, повеќе од 50 илјади Македонци биле раселени низ повеќе држави. „Ваквите судбини и оваа тематика досега биле обработувани во многу книги, во многу литературни дела, во разни филмови, театарски претстави, на повеќе музејски изложби, а од денес и во оваа постојана поставка во Музејот на Македонија“ – ќе рече премиерот Никола Груевски.

Документите од тоа време, само за голготата на децата-прогонети, говорат дека со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани 28.000 македонски и грчки деца, на возраст од 1 до 15 години. Тие биле згрижени во: Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во овие земји за потребите на македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебници и литература) и биле издавани и весници на македонски јазик. Исто така, биле публикувани книги и романи, во кои се употребува костурско-лерински дијалект и кирилската азбука.

Иако не завршиле во концентациони логори како Солунските Евреи, бројката на раселени од над 50.000 Македонци, од кои најголем дел никогаш повеќе нема да можат да се вратат на своите огништа во Грција, може да се поистовети како геноцид врз македонскиот народ, холокауст на Македонците. 

Поголем дел од македонските деца-прогонети, кои ја преживеале македонската голгота и биле згрижени повеќе земји, бидејќи не можат да се вратат во своите родни места, за да бидат поблиску до своите огништа, како возрасни доаѓаат во тогашна С.Р. Македонија.

Денес, преживеаните сведоци на македонската голгота, нивните деца, кои и самите допринеле за музејската поставка, можат да се потсетат на минатото, но и да одадат почит на сите оние кои во драматичните и трагичните настани за македонскиот народ, останале на тој пат.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во своето обраќање пред присутните ќе истакне дека „Преку длабоко осмислениот пристап на новата музејска поставка, посетителот може да проникне во најмачните сегменти и најгорливите премрежја низ кои поминувал македонскиот народ во Втората Светска Војна и во Граѓанската војна во Грција. На уникатен, возбудлив и драматичен начин, во поставката се презентирани мноштво фотографии, документи, оружје, облека, предмети од битов карактер, како и други сведоштва поврзани со овој сегмент од историјата на македонскиот народ“.

Следејќи ја модерната историска амбиентална поставка во која има фотографии, лични документи, разгледници, карти и сведоштва на Македонците за настаните од времето на грчко-италијанската војна во 1940 година, антифашистичката борба во Грција за време на Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција, потоа за уделот на македонското население во Грција и рефлексиите врз него, посетителот ќе ја почувствува нанесената неправда, болката и гневот на Македонецот, тажната судбина на македонскиот народ.

Оттука премиерот Груевски по промоцијата на новата музејска поставка „Македонците-прогонети во Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“ ќе изјави дека: „Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка“.

Всушност, како што вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска: „Со оваа музејска поставка се легитимираме како нација која знае да ја почитува и да ја валоризира историјата и нација која знае да го почитува минатото и да извлече поука од него“.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.