Понеделник, 03 Ноември 2014   
“Илирида“ значи агресија против територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија

smkСМК АПЕЛИРА НА БЕСКОМПРОМИСНА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ПАРАВОЕНИ И ПАРАПОЛИЦИСКИ ЗДРУЖЕНИЈА!

“Илирида“ значи агресија против територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија

3 ноември 2014 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува објавите дека таканаречената “гарда на република илирида“ патролира во сите места каде што живеат Албанци и смета дека тоа претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија! Таканаречената “република илирида“ е груб обид за промоција на воени и полувоени здружувања што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија, со цел насилно уривање на уставниот поредок и поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост.

СМК смета дека власта треба бескомпоримисно да ги заштити граѓаните на Македонија од воената реторика на терористички и исламистички кругови кои ја вознемируваат јавноста, го нарушуваат јавниот ред и мир и го валкаат угледот на државата!

Имајќи предвид дека “територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива“, дека се забранети “здруженија насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост“, дека “се забранети воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија“, дека “секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката“, дека “одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин“ и дека “никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел“, СМК апелира до Владата и Претседателот на Републиката како Врховен командант на Вооружените сили на Македонија да издадат наредба на специјалните единици за елиминација на секој кој јавно ќе парадира, декларирајќи се за припадник на таканаречената “гарда на република илирида“ или друга параполициско и паравоено здружување!

Имајќи педвид дека таканаречниот генерал Хамди Ндрецај уште на 5 јули годинава јавно се закани дека “ќе организира герилска војна“, дека “примирјето од 2001 година повеќе не важи“, дека “Албанците сами ќе се бранат на териториите на илирида со воена сила“ и дека “ќе ја повтори војната од 2001 година“, СМК од јавниот обвинител бара итни мерки за притвор и казна доживотен затвор на самопрогласениот “претседател на илирида“ Невзат Халили, поранешен претседател на ПДП, членовите на таканаречениот “штаб на гардата на република илирида“ и таканаречениот генерал Хамди Ндрецај кој себеси се претставува како командант Пантери од 112 бригада на УЧК.

СМК повторува дека реанимирањето на таканаречениот “референдум за политичко територијална автономија на албанскиот народ во Македонија - Илирида“ одржан во спротивност со Уставот и Закон на 11 и 12 јануари 1992, а во организација на ПДП, и обидите за прогласување на “албанска република илирида“ во рамките на државата Македонија претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија, “албанска република во Македонија“ значи нова војна, етничко чистење и геноцид!

СМК потсетува дека основа на Охридскиот рамковен договор, којшто е вграден во Уставот и законите на Република Македонија, претставува: унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, и декларацијата дека етничките прашања немаат територијални решенија. Сето останато значи војна, етничко чистење и геноцид. Заканите од самопрогласениот “генерал на некаква националната гарда на илирида“ Хамди Ндрецај Пантери доволно зборува за намерите на оваа паравоена команда.

СМК смета дека демонстрацијата на Невзат Халили и Хамди Ндрецај е во спрега со организирани криминални и исламистички кругови и странски разузнувачки служби во Македонија.

Правото на самоопределување на албанскиот народ е апсолвирано со државноста на Република Албанија и секој обид за демонтажа на балканските држави од актуелните граници заради наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ или некаква “Исламска држава“ претставува нова војна на Балканот.

СМК укажува дека наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ и “Исламска држава“ на Балканот се анти-албански проекции и, пред се’, значат демонтажа на Република Албанија и на албанскиот народ во целина. Македонците никогаш нема да се дозволат инсталација на “Голема или Природна Албанија“ на територијата на државата Македонија, Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот!

СМК повторува дека толеранцијата и коегзистенцијата на Македонците не претставува слабост за рекомпонирање на Македонската држава! Одбраната на територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија е право и должност на секој граѓанин, и Македонците тие вредности ќе ги бранат и одбранат од секоја агресија на домашни врховисти и колаборационисти и надворешни непријатели, бидејќи никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на дел од нејзината територија!

СМК смета дека и оваа пародија “илирида“ е обид на странските разузнавачки служби за заплашување на јавноста, во намерите за деноминација на државното име Македонија, поради што Македонците бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под единственото државно име Македонија!

Македонците имаат сили и капацитет, да ја бранат и одбранат државноста и унитарноста на Македонија, да го одбранат нејзиниот територијален интегритет и независноста!

СМК апелира до албанската заедница во Македонија да се спротистават на сервилноста кон определени терористички и исламистички кругови, кои најмногу ќе им наштетат на Албанците во Македонија. Албанците не смеат да ги стават меѓуетничките и меѓуверските односи во залог на авантуристи од кои сите ќе страдаат! Македонија не е ниту Ирак, ниту Сирија! Во Македонија нема да има реприза на терористичката организација ИСИС!

СМК потсетува дека војната од 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу православните и муслиманите, туку симулација на војна на некои големи сили за имплементација на свои интереси за сфери на влијание на овие простори! Македонците и Албанците не смеат да дозволат повторно да бидат жртви на корпоративниот глобализам, поради други и туѓи интереси на овие простори!

СМК од власта бара ревизија на државната администрација поради легализација на узурпацијата и денационализацијата како инструменти за окупација и албанизација на државноста!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.