|
|
Русите се` до 860 година никогаш не биле словени |
Т.Н. СЛОВЕНИ (АНТИ=АНТИ, ВЕНЕТИ=ВЕНЕТИ И СКЛАВИНИ=СКЛАВИНИ) И СЛОВЕНИ- СПОРЕД СЛОВО, ИМАЛО И БОЖЈО СЛОВО, А И ЛОГОС=РЕЧ... Мене ми се префрла дека јас сум ги внесол поимите т.н. Грци и т.н. Словени, непознати во историјата, и често ме обвинуваат, сум создавал збрки. Јас никогаш тоа не сум го чинел, туку поимите сум се трудел да ги разјаснам. Дури ми се префрла дека сум пишувал коине, а бил грчки. Меѓутоа, јас тоа никогаш и не сум го кажал или напишал, затоа што јас пишувам само “таканаречен-о“. Следи збрките ги создават оние кои сите тие поими меѓусебно со различно значење ги истоветуваат, што е пракса во цела Европа со двата најголеми фалсификати Словени и Хелени во Грци- само лага. Коине никогаш не бил грчки, туку само т.н. грчки, затоа што никогаш немало било каква грчка држава се` до 1830 година, а европската наука поимот Хелени го истоветува со Грци- само фалсификат. Кога Евреите во Александрија кој бил само македонски Птоломејов град го прифатиле коине тие се изјаснале за Хелени (Косидовски). Со наводот се објаснува, поимот хеленски немал етничко значење. Пак, т.н. Словени биле Анетите, Венетите и Склавините, а Словените не биле т.н. Словени. Следи Анти=Анти и Венети= Венети- види Херодот кој не познавал Склавини=Склавини и Словени= Словени. Исто така, Прокопиј никогаш не познавал Словени, туку само Склавини. Па склавина означувала област, спротивност на сатрапија на персиски, провинција на латински и тема на коине. Словени било според слово, а имало Божјо Слово, види Евангелие на Јован, како и Логос= Реч... Кога Солунските Браќа биле испратени на тајна мисија во Русија, тие виделе дека Русите пишеле со рецки, и затоа тие се изјаснувале за „роцки народ“, „роски народ“, но никогаш „словенски народ“, затоа што тие никогаш и не биле Словени. Во 860 година, кога Русите го нападнале Цариград, цариградскиот патријарх Фотиј кој со иконата на Марија и нејзината наметка ги опколувал ѕидините на Цариград за Богородица да го спаси Цариград од Русите, во миг Русите се повлекле од опсадата на Цариград. Тогаш Фотиос сфатил дека Марија го спасила Цариград, всушност Русите биле нападнати од Татарите, и тие се повлекле назад во Русија. Таа година (860) за првпат Русите се изјаснале за Словени, што го соопштил цариградскиот патријарх Фотиј (860). Ова говори, Русите никогаш до 860 година не се изјаснале за било какви Словени. Ова било повод руските автори (Г. Острогорски и др.) за нападот на Русите на Цариград се да наведуваат од Нестор (11- 12 век) и Фотиј (860), но не само една реченица на Фотиј, дека Русите само 860 година за првпат се изјаснале за Словени, па Русите до 860 година никогаш не се изјаснале за Словени. Што ова значи? Русите се најголеми лажговци за било какви Словени како народ. За ова сум напишал книга „Русите не биле Словени“. Бидејќи на оваа книга Русите не се одѕваа, напишав следна книга: „Србите не биле Словени“... Се јави Српската амбасада и побара три книги и ЦД, за тие да бидат испратени во САНУ... Јас тоа го спроведов. Пак, Германската амбасада ја побара мојата книга „Додунавска Македонија“ (2009)... Следи заклучокот словенството било само едно: само македонска писменост со слово од времето на Македонците, Солунските Браќа и ништо поинаку. Инаку Склавините биле само повеќебожци, а Римјаните (Ромејците) само Христијани. Истото се случило и со Германците. Во Германија Склавините биле повеќебожци, а Германците само Католици- види мои книги во Германската национална библиотека, која моите книги ги прифатила. Види и во Баварска државна библиотека, Европска библиотека... Тие книги се наоѓаат и на www.brigien.com.
|