Среда, 12 Ноември 2014   
До кога ќе се расправаме дали имало Словени?!

Risto Ivanov
Ристо Ивановски

За потеклото на Македонците во Македонија имало три групи автори:

1) Македонците биле Словени-дојденци;

2) Македонците биле домородци и

3) најмудрите тврдат дека, Македонците биле „мешанци“ без ниту еден да каже што словенско донеле словените од Скитија! И затоа следи прашањето:

Дали имало Словени ?!

Приск (5 век н.е.) запишал дека, во Панонија се говорело хунски, готски и латински, а народот говорел само варварски. Следи хунски= хунски, готски= готски, латински= латински, а народот говорел само варварски. Пак, овој бил само пелазгиски= т.н. словенски на кој говорел и Платон. Овде никаде го нема христијанскиот јазик коине кој бил само Александриски јазик од 300 г.п.н.е. Овој јазик не се говорел во Елада (т.н. стара Грција) со Атина, туку јонскиот јазик со јонско писмо од Милет, што го прифатил и Филип Македонски. 

Според Јустин, Македонците биле Пелазги, а Елада била Пелазгија. Следи, Атина била пелазгиска. За Елада од коине бил создаден еладски јазик и тој бил прифатен од Цариградската патријаршија дури во 1868 година. 

Пак, што се однесува за преселби на посебни словенски народи нема никаков материјален доказ/наод, и секој оној кој таков ќе пронајде итно нека добие Нобелова награда... Прокопиј не познавал Словени туку Склавини, кои Римјаните до 5 век не ги познавале. Ова се потврдува и со Константин Велики, во своите писма (Ото Цирер), кој во 4 век бегал кај таткому по Вардар-Морава-Дунав... Рајна... Тој никаде не видел живи суштества Словени, никако ниту Склавини. 

Секогаш при расправиите никогаш не се кажува: кои се тие Словени? Од каде тие дошле? Од утробата на Земјата или од Вселената? Што тие со себе донеле на Балканот од каде што дошле? НИШТО!

Па само јазикот им бил варварски=пелазгиски. Меѓутоа, за потеклото на еден народ мора да има било какви наоди дека тој народ постоел. Досега такво нешто никој не нашол. Еве ги повикувам сите, секој оној кој ќе пронајде некаков доказ/наод нека каже, кој и каков е тој!

Не само тоа, ова важи за цел свет, досега никој и ништо не нашол. Зошто? Затоа што таков народ и не постоел. Доколку таков народ би постоел него би го познавале Херодот, Тукидид, Платон... Царот Адријан (2 век н.е.) во неговите мемоари (Јуксандар...), Константин Велики...Прокопиј... Во Музеите на Будимпешта... до денес нема ништо словенско-народно. Па словенството било само според слово. 

Историчарите говорат дека имало словенски черепи. Еве докази дека такво нешто немало: Лончар пишува за черепите на Старата минојска епоха кои биле долги, т.н. словенски. Во Новата минојска доба тие се заокружиле, станале т.н. несловенски. Ф. Вељановска говори за ретки словенски черепи, а денес во Р.Македонија има само Словени, значи черепите не се совпаѓаат.

Според черепите, истражувањата за ДАГ од Македонците преселени во Русија (Ташкенд) личеле на черепите на античките Македонци. 

Грешката е и во просторот и времето. Можат да се споредуваат черепи само од исто време и ист простор. Ова е неминовно затоа што имало периоди на сиромаштија, глад, поради што нема соодветен развиток на костурот. Исто така, никој не го интересира pH-вредноста на почвата од која зависи усвојувањето на калциумот, фосфорот... од растенијата со кои се хранат животните и човекот. Па тие елементи се основни состојки на коските.

Следи заклучок, пресметките никако не се битни.

Исто така, е погрешен и математичкиот (биометрискиот) метод. Се оди директно на t-тест да се утврдат разликите, што не е дозволено, затоа што нему мора да му претходи F-тестот со кого ќе се утврди дали групите биле случајно избрани или имало дотерување. Бидејќи антропологијата го употребува само t-тестот, нејзините истражувања не се доследни. Па за време на Хитлер, Русите и Германците имале исти черепи итн. Еден мој професор ја истражувал должината на носевите. Очигледно промашување: па поголема глава има поголеми носеви. Овде има соодноси. Ако на t-тест му претходел F-тест, тој ќе каже дека разликите не се значајни. Ова говори, не е дозволено да се оди на t-тест. Само вакви истражувања признава популациона генетика, која не се изучува во Р.Македонија.

Бидејќи преселбите биле само по долината Вардар-Морава-Дунав...Рајна..., со нив се носеле домашни животни и растенија. Токму и затоа на Балканот нема ниедно животно и растение донесено вон Балканот-северно од реката Сава и Дунав со Црно Море. Па човекот без нив не би можел нормално да живее и да изчезне. Таков пример била и лозата. Со преселби таа била однесена во Европа, и постои и Лозана според лоза. Бидејќи до денес лозата ја нема во Русија и на западно од неа, Европа со неа уште не е донаселена итн. Следи, отпаѓаат балканските задкарпати.

Токму само заради тоа има географска оддалеченост само од југ кон север, никако обратно. Следи, според ДНК, Македонците се блиски со Критјаните, кои во 1913 година го разбирале бугарскиот јазик, но не еладскиот од 1868 година- види и член 5 од Букурештанскиот договор (1913), Бугарија била принудена таа да се откаже од островот Крит и што се случило. Пасоф (1815) пишува, Илијада била напишана на словенски јазик. Грчкиот лингвист Чулкас (Тсиоулкас) вели, во 1907 година Словено-Македонците во Лерин говореле Ран-хомеров јазик. Пак, Македонците во Пакистан не го познавале поимот Словени, а тие биле Бриги со бригиски куќи како во Охрид... Битола... Крушево... со бригискиот бог Арес= Јарес= јарец, кој ги краси наведените градови, со исти обичаи, музика... Гриневич пишува: исти знаци со исто значење имало во Русија, Подунавјето, на Балканот и на Каменот на Розета-Египет, чиј текст македонските автори го прочитале со битолски говор од 21 век.  

Во прилог се наведува најсуштинското: ниеден автор не наведува било какви Словени, туку само Анти, Венети и Склавини. Не само што Антите и Венетите биле само со балканско-малоазиско потекло, Европјаните за Словени не ги прифаќаат Венетите, и тоа не само што Венеција била Venetia, туку цела Европа била венетска со руни во кои има Кирилични слова. Со рецки (руни) пишувале Русите и Етрурците.  

Пак, на Балканот Склавините изчезнувале кога Повеќебожците биле христијанизирани. Или поинаку кажано, тие го прифатиле Божјото Слово. Значи, има поклопување на изчезнување на Склавините со македонската писменост со слово.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.