|
|
Правото име на Скопска Црна Гора е Скопска Света Гора |
Од кога е променето, можеби некој друг знае повеќе, но тоа сега не е ни важно. Поважното од се` е фактот дека татко ми и сите прадедовци се родени таму. Животот ме носеше како олуја од место до место, од земја до земја и ме исфрли најдалеку. Секогаш случајно или режија од горе, наидував на луѓе, баш како за инат на големи историчари, кои за среќа избегнувале мито и корупција од нашите соседи, особено јужните. По некоја случајност ме прашуваа од каде сум и одговорот секогаш беше од Македонија, дури и кога бевме во состав на Југославија. Аналогно на ова следеше прашање или провокација: Што си ти? Македонец! Како од пушка ми беше секогаш одговорот. Како тоа ми велеа, кога сите од таму се претставуваат како Срби? Мојот одговор беше јас знам што сум и дека умре времето кога за добиена нива или ниви, така до 10... сите велеа “лета магарето“ или таа нациналност сум или религија. Сите тие случајни минувачи, воедно историчари ми даваа контакт адреси и телефони да ги посетам, кој дома, кој на Универзитетите каде што предаваа. Бев навистина фасциниран колку знаеа за Македонија и особено за Скопска Црна Гора или Скопска Света Гора како што ми кажуваа тие. Да биде возбудата поголема, тие знаеа и многу повеќе од мене, иако татко ми ме носеше таму и сме свиреле стотици свадби по 2 дена од утро до мрак со покоен Скендер Амет и татко му Јусуф, се разбира и татко ми, кој беше главен менаџер на сето тоа. Целата Бургија е во тоа што ми кажаа дека Скопска Црна Гора е полна со Христијански објекти, манастири и цркви, Христијански гробишта, за жал срушени и само ако човек копа 20 cm до пола метар длабочина, ќе најде доказ за сето тоа. Тоа било центар на Христијанството и било срамнето не од Турците, не од други освојувачи, туку од нашите северни комшии, помогнати од источните... Па почнале да даваат ниви колку што сакаш, само да потпишеш дека си Србин и како таков да ја почитуваш матичната си земја, нели. Од тогаш, околку 1850 до 1890 и особено за време на Српската окупација во Македонија, ова најчисто хомогено домородно македонско население, кое илјадници години не дозволи никој да го прегази, дури ни Гегите, Балисти и Качаци... Оддеднаш стана орудие на комшиите. Но самиот факт дека ни до денес немало некој српски објект или црква, или едно мало спомениче за атер, а до денес има цркви дури со Александар Македонски на фрескопис, како и црква изградена од Јустинијан и многу други работи... Ми дава за слобода да речам дека јас и Јохан Тарчуловски, кој е од Љубанци, мора да бидеме горди на овие наши прадедовци, кои одиграле голема улога да ги спречат Турците и посебно Арнаутите да не се рашират во Македонија. Конфигурацијата на самата планина со такви големи борци била гаранција за сето тоа и затоа Христијанството гордо и љубоморно останало да делува кај Македонците и да најдат мир. Затоа вечно ни остануваат зборовите на нашите прадедовци дека Косово и Метохија беше права милина каде стадата овци пасеа таму и немаше она има денес таму, несигурност и заблуда. А само наша фамилија имала 150 000 овци, па отаму галабието или презимето Џепови. Овој текст го посветувам на татко ми Апостол Џеповски, кој го прости Господ во 2007.
|