Среда, 26 Ноември 2014   
За Солун или Срем - за или против Македонија

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Многу често во нашата историографија за лични или политички цели кога се зборува за некој настан од историска гледна точка истото се “суредува“ па потоа таков им се презентира на широките народни маси.

Таков е и случајот со побуната на Артилериската единица на Скопското Кале во 1945 година на 7 јануари кога македонските партизани се побунија и излегоа со пароли дека сакаат на Солун, а не на Срем.

Од денешна гледна точка овој настан се толкува на илјада начини, па еден од нив е и тоа дека оние кои биле за да се нападне Солун се чисти Македонци, а додека другите кои биле за Срем се србомани. Најпрво историјата треба да се согледува од аспект на времето во кое се случил бунтот, односно во тој момент македонската армија броела околу 100 000 војници со скромно вооружување.

За разлика од македонските единици во Егејска Македонија имало стационирано: околу 200.000 војници, 400 авиони и 3.000 тенкови. Покрај тоа обединетите грчки единици располагале со околу 100 000 војници, а во Солун се наоѓале и околу 10.000 војници на кралска Југославија.

Доколку македонските единици ја нападнеле Грција, а со самото тоа и Велика Британија во суштина таа ќе се самоуништела затоа што војската на Грција и Велика Британија била скоро двојно поголема, но исто така тоа ќе значело и напад врз еден од најголемите сојузници и антифашистички земји, а со тоа Југославија вклучително со Македонија би биле разрушени до темел.

На ова прашање треба да се гледа и од поширок аспект однсоно од глобално-политичка страна, бидејќи новото европско и можеме да кажеме светско геополитичко уредување беше направено на конференцијата во Јалта кога и дефинитвно беа поставени границите помеѓу комунизмот и капитализмот.

Од тука можеме да изведеме заклучок дека одлуката да се оди на Срем можеби беше погубна, бидејќи Македонците се најдоа на првите борбени линии, но барем успеаа да ја зачуваат оваа територија, на која што ние и до ден денес живееме, а доколку тргнеа да го освојуваат Солун несомнено е дека во тој напад токму Македонците најмногу ќе изгубеа.

Гледајќи на позитивната страна од тој настан Македонија се разви во независна и самостојна држава која најпрво како федеративна единица во СФРЈ, а потоа од 1991 благодарение на многубројните македонски родољуби во независна, самостојна и суверена република Македонија.

Уште тогаш кратко по ослободувањето Македонците формираа радио, дневни печатени весници на мајчин јазик, почна печатењето на македонски книги итн.

Можеме да заклучиме дека ниту оние кои биле за да се нападне Солун, ниту пак оние кои биле со убедување дека треба да се оди на Срем биле србомани, а првите Македонци. Сите тие се македонски партизани, македонска војска, македонски комунистички дејци се разбира секој со своја идеја и замисла за идинината на Македонија.

Апсурдно и сосема непотребно е да се нагрдуваат едните како вакви, а другите како онакви за бедни политички цели кога историската вистина се знае.

Доколку сами со себе се негираме не треба да очекуваме другите да не признаваат! Ние за да опстанеме треба да се обединиме и на секој начин колку што можеме да помогнеме на Македонија, токму тука се крие клучот за светла иднина.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.