Среда, 26 Ноември 2014   
„Невидливите цркви на Пирин“

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Овој одалечен крај, за последните триесет и неколку години, откако постои ВМРО, играл важна улога. Оваа тајна организација ковала заговори  по непроодните падини и по мрачните пештери на оваа планина. Пирин бил сведок на многу крвави пресметки, а неговите провалии, по пет до шест стотини метри длабоки, проголтале, сигурно, многу животи“ – пишува во својата статија К. Крајшумовиќ во 1934 година

Пирин е висока планина во Пиринскиот дел на Македонија. Најстарото познато име на планината е Орбелус (белоснежна). Уште била позната како Перин или Перун. Со својата местоположба, грамадност, шумовите места, таа преставува неосвоива тврдина и иделано засолниште за македонските духовници и борци за слобода.

Планината низ вековите била нем сведок на многу настани, успеси и порази на македонскиот народ. Во оваа планина обвиена со многу тајни, својот живот го оставиле многу дејци на македонската револуционерна организација. Меѓу нив се Јане Сандански кој бил убиен на 20 април 1915 година, кај месноста Попови ливади, како и Тодор Александров, кој бил убиен на 31 август 1924 година, кај месноста Равна Бука, блиску Пиринското село Сугарево.  

По ликвидирањето на ВМРО михајловистичка во 1934 година, новинарите се живо заинтересирани за Пиринска Македонија, која Иван Михајлов претходно ја претворил во држава во држава. Српскиот новинар Коста Крајшумовиќ кој го посетува Пирин, во својата статија за  легендарната планина говори за нејзините природни убавини, за чудните легенди, како и за населението од овој крај. Иако авторот го пишува текстот во рамките на српската пропаганда, начинот на кој тој го прави е мошне интересен, па текстот го пренесуваме во целост.

По посетата на Пирин, тој од Неврокоп кон крајот на август ќе напише:

„Осветлен од сонцето, по убав и топол ден, влегуваме во легендарниот и преубав Пирин, тој огромен планински масив, кој се дига високо во небото, меѓу реките Струма и Места и јужно допира дури до грчката граница.

Огромното небо ги надкрилува шумовитите гребени и ретките селски куќи, раштркани и изгубени во оваа дивина.

На широкото возвишение се наоѓа големо планинско езеро Папаз Ѓол (Попово езеро), опкружено со други езерца, кои се преливаат на сонцето и низ бучните и бистри водопади се влеваат едно во друго. Велат дека такви мали езера има дваесет и пет на број, ладни, зелени и заспани. Под нив, шумат и се пробиваат меѓу камењата и грмушките, сребрени реки кои се губат во внатрепноста на земјата, за да повторно, кој знае каде, да се појават на светлоста на денот, низ некоја пештера. Тоа се таинствените и студени понорници на Пирин.

Стеновита и непристапна Пирин Планина со своите провалии и карпи, била во текот на вековите, за време на ропството, најдобро засолниште на ајдуците, бунтовниците и револуционерите. Сите оние кои се бореле против Турците, сите оние кои не можеа да трпат да останат и понатаму угнетени, наоѓаа во оваа непристапна област, сигурно засолниште за одмор и нови подготовки. И токму затоа што знаела во своите темни шуми да ги сочува бројните борци, Пирин Планина  е опеана во безброј народни песни...

...Со својата убавина таа натерала многу народни пеачи да создадат чудни легенди за змејови и вили, за нејзините чудотворни езера и џиновски шуми. Една од најубавите легенди, за кое знае и најмалото дете од овој крај, е за невидливите цркви. 

Легендата говори како некогаш на подножјето на Пирин некаков правоверен благородник изградил безброј цркви. Од сите краеви на светот се населиле во овие храмови калуѓери. Од утро до мрак низ провалиите одекнуваа црковните ѕвона. Меѓутоа, тие среќни времиња не траеа долго. Турците се` повеќе навлегуваа во овие краеви и калуѓерите се уплашија за своите храмови. Му се молеле топло на Бога некако да ги спаси и да ги сочува белите манастирски ѕидини и манастирските ѕвона кои висеа на витките камбанарии. 

И велат Бог ги ислушал нивните молитви. Овие цркви наеднаш станаа невидливи.

Светот и денес верува дека црквите расеани по Пирин се уште постојат и дека камбаните во мирните и тивки ноќи, ѕвонат и одекнуваат надалеку. Многумина раскажуваат дека го слушнале дури звукот на овие камбани, па дури и молитвите на тие невидливи цркви на Пирин Планина. Всушност, не е таа единствена легенда за овие чудни врвови. Ги има многу, чудни и фантастични. 

Овој оддалечен крај, за последните триесет и неколку години, откако постои ВМРО, играл важна улога. Оваа тајна организација ковала заговори  по непроодните падини и по мрачните пештери на оваа планина. Пирин бил сведок на многу крвави пресметки, а неговите провалии, по пет до шест стотини метри длабоки, проголтале, сигурно, многу животи.

Осамените селски куќарки, вовлечени во долината, скриени во шумата, служеле како најдобри затвори за киднапираните и осудените, или како засолниште за членовите на Организацијата. Во тие бедни куќарки, изградени од кал и дрво, до неодамна држени се тајни конференции на луѓето кои господереа со целиот овој крај.

По карпите на оваа романтична планина не живее пријатен свет. Селаните се занимаваат со сточарство или се вработени во разни, повеќето примитивни рудници, зошто Пирин е полн со железо, сребро, манган и други подземни богатства. Во последно време, сите овие луѓе, плашејќи се за своите животи, морале да јатакуваат.

Сите се ќутливи и неповерливи. Не се впуштаат во разговори, бидејќи имаа стекнато горко искуство дека е подобро да се молчи отколку да се зборува. И затоа, дури и кога зборуваат, тие не зборуваат многу за својот живот, за себе, туку за неважни теми, за вилите на Пирин Планина, за змејовите и боговите. Но за себе, ни збор.

Меѓутоа, нам на новинарите би ни било подобро да слушнеме некој збор за нивниот вистински живот“.

(„Легендарната Пирин Планина“, Политика, Белград, 3.09.1934). – ќе напише авторот Крајшумовиќ за белградскиот весник.

Авторот на текстот во својата суптилна пропаганда против македонското дело, не само што ни ги открива убавините на Пирин и потврдува за недовербата на Македонците кон сите странци, туку ни ја открива и прекрасната легенда за невидливите цркви, легенда која е заборавена на нашите простори. Оваа легенда за камбаните кои бијат во мирните и тивки ноќи, како и молитвите на тие невидливи цркви на Пирин Планина, само потсетува дека Бог е со нив, дека ќе дојде време кога црквите повтоено ќе станат видливи, а Пиринци свои на своето.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.