Среда, 03 Декември 2014   
Дни на искушение

vasko-gicevski-2
Васко Гичевски

Во последниве неколку денови, нашироко се расправа за создавање на албанска православна црква во Македонија, за одржување на литургии на албански и ете сега наводно произлегоа таканаречените жртви на системот Бранислав Синадиновски ”основачот на ВМРО - ДПМНЕ” кои упорно бараат „остварување на националните права“. Во барањата на Иницијативниот одбор стои дека тие се албанци но со православна вероисповест и доследно на тоа сакаат и литургии, а некои одат и подалеку од ова па сакаат и албанска национална црква во Македонија.

Од друга страна пак го имаме гласот на народот, гласот на народот од реканскиот крај кои дословно се против идејата на Иницијативниот одбор за литургии и црква на албански јазик.

Така, во контекст на гореспомнатото го пренесуваме во целост Барањето за демант упатено до нас од страна на здружението „Мавровско-горнорекански регион“ во кое тие јасно и гласно, цврсто и недвосмислено кажуваат и укажуваат дека во споменатиов случај САС на МПЦ е погрешно информиран, дека нема Албанци меѓу Горнореканците, односно и да ги има, тие се само неколку поединци на број, па според тоа не би требало да се дозволи панихида за Кристо Багери на албански јазик. Во врска со ова, во медиумите веќе е објавена вест со изјава на потомците од семејството Багери дека ни тие самите не би сакале панихидата за нивниот покоен предок да биде отслужена на албански јазик, туку напротив, и дека таквото барање доаѓа од надворешни елементи, а не од локалното население. Поради тоа, како заклучок, Здружението го изнесуваат своето барање одлуката на САС на МПЦ да биде поништена!

Почитувани!

По повод донесувањето на контраверзната и штетна одлука на синодот на МПЦ-ОА ние членовите и симпатизерите на здружението „Мавровско-горнорекански регион“, Ве замолуваме и воедно бараме од Вас да биде објавен овој наш демант за кој писмено Ве известуваме и Ве информираме дека на територијата на Општина Маврово и Ростуша не постојат Албански Православни населени места, освен неколку издвоени случаеви на поединци за кои според нашите сознанија и видувања се прикажуваат таканаречени „Православни албанци“ иако ние како здружение ја знаеме причината за нивното изјаснување но ги почитуваме нивните чувства.

Здружението со целосна морална обврска и аргументирано ги набројува само неколку причини од многу кои ги има на оваа територија дека одлуката на Синодот на МПЦ дека треба да биде повлечена или прогласена за ништовна.

Како аргументи ги наведуваме:

- Пописите кои се периодично евидентирани во Заводот за Статистика заклучно од 1945 година па се до денес, населението од Маврово и Горна река од православна вероисповест се изјаснуваат како Македонци со мајчин јазик Македонски.

- Фреските и иконите како и записите кои се врежани во иконостасите на манастирите и црквите во овој регион, се на старословенски и македонски јазик, но не и на албански јазик.

- Меѓусебната Кореспонденција во населените места и црковните служители на оваа територија во минатото била исклучиво на старословенски јазик, има примероци на руски јазик, мал дел и на грчки јазик, во поновите светилишта на Македонски јазик, но никаде и никогаш на албански јазик.

- Напоменуваме и не криеме дека постарите генерации на македонците од овој регион, под жесток притисок и терор го имаат користено албанскиот јазик како средство за опстанок и спас од пљачкање и убивање од страна на качачките банди.

- Исто така сакаме да напоменеме дека и првиот поглавар на МПЦ Г.Г Доситеј а кој е со потекло од овој регион како и многу други познати и истакнати личности, од овој регион никогаш и никаде не се изјасниле како албанци православни.

- Ние од Здружението никогаш нема да дозволиме да манастирот свети Јован Крстител-Бигорски да биде прогласен за седиште на албанското православие.

Здружението апелира до сите невладини организации и здруженија на албанците во западна Македонија, и на дел од актуелните политичари кои ја шират големо-албанската теза и пропаганда, да размислат дека не треба во 21 век да се прави обид за асимилирање на чистото македонско православно население кое долги години има соживот и хармонија со соседското албанско и македонско муслиманско население во нашата заедничка Река.

Здружението Мавровско-Горнорекански регион, го повикува надлежниот Владика од тетовско-гостиварската епархија Г.Јосиф, да ги повика потомците на Јосиф Багери, и во нивна консултација нека одржи панихида на јазикот што тие сами ќе одлучат.
На крајот апелираме до сите надлежни институции да ни дадат поддршка и разбирање за нашето барање до Синодот на МПЦ-ОА.
Со почит
Здружение „Мавровско-рекански регион“


Тргнувајќи од историските факти конкретно од фактот дека прeседателот на Иницијативниот одбор Бранислав Синадиновски (член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година) се самопрогласи за идеолог и основач на ВМРО ДПМНЕ а општопознат факт е дека идеолог на партијата е Драган Богдановски кој и својот живот го посвети на истата а додека Синадиновски беше секретар на Љупчо Георгиевски кој пак беше еден од основачите (ако се земе во обзир дека не само Драган Богдановски туку и бројни македонци дадоа допринос во фомирањето на партијата меѓу кои и Мане и Гојко Јаковлевски, Борис Змејковски, Стево Доневски-мајка, Владо и Дијана Транталовски, итн.)
Втор историски непобивен факт е дека на просторите на Македонија никогаш немало богослужба на албански јазик и македонците од овој крај кои го зборувале албанскиот јазик, кои како дел од македонскиот народ биле опслужувани со црковнословенски и македонски јазик во црквите за што имаме и сведочења од самите нив.


Никогаш во црквите на подрачјата населени со Македонци кои го зборувале албанскиот јазик, не била документирана употреба на албански јазик ниту во литургиите, ниту на иконописите ниту пак постојат богослужбени книги напишани на албански јазик. Тие секогаш си биле дел од македонскиот народ кој низ вековите бил мачен и прекрстувам многупати, во зависнот од тоа кој во тој момент ја газел Македонија и какви цркви градел.
Имено шкретите се во суштина македонци кои во напливите на исламизираните албанци кои им биле продолжена рака на османлиите и правеле врз населението големи зулуми и де факто преку насилство ги присилувале на исламизација, дел од нив го прифатиле исламот а дел само албанскиот јазик а си ја сочувале верата.

Во суштина зад идеата за формирање на таканаречена Албанска православна црква во Македонија стојат главно политичките фактори а додека истата ја нема подршката од оние за кои „се прави“ оваа црква. Со самата појава на некои здруженија од типот на здружението за ликот и делото на Јосиф Багери кое се појави во предходниве неколку дена и рече дека и самата фамилија т.е. потомците на Багери сакаат панихида за него на албански јазик а кога истата фамилија се произнесе во медиумите дека не им паднала на ум таква идеја и дека не се информирани за постоење на такво здружение стана јасно дека сето ова е еден тројански коњ кој еве по втор пат ни го поставуваат.

Дојдовме до дните на искушение во кои само една погрешна одлука може да не донесе во пропаст и да предизвика уште една поделба внатре во Македонија која пак ќе придизвика нови страдања и остварувања на некои политички желби и мислења кои одредени политичари ги промовираа изминативе години. Фактот што ова идеа најголема подршка доби и од Љубчо Георгиевски кој го повика Синадиновски да седне на преседателската функција на партијата ВМРО – ДПМНЕ и да ги спроведе интересите на „православните албанци во Македонија“, а да се потсетиме само дека токму Георгиевски беше еден од иницијаторите на идејата дека западна Македонија треба да им се отстапи на албанците а остатокот од Македонија и македонското население треба да се “присети на своите корени и да престане да верува на комунистичката историја дека има македонци како посебен народ”.

Наше е оваа срамна политика да ја спречиме да изврши врз македонскиот народ, да спречиме нов удар по македонската државност и сувереност, да спречиме нова пределба на македонците и нови тензии од кои ништо дуго не произлегува освен реки крв кои некои личности заради вакви или такви интереси сакаат да течат.

Никогаш во овие и идните дни на искушение не смееме да дозволиме да станеме марионети на туѓите политики, тоа барем можеме и треба да го научиме од досегашната македонска историја, да не даде Бог грешките да си ги повторуваме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.