Среда, 03 Декември 2014   
Скотите и другите европјани биле македонци

Risto Ivanov
Ристо Ивановски

Роберт Гревс, во својата „Грчка митологија“, пишува дека во Европа сета митолошка оставштина била поврзана со онаа тн.грчка, значи Олимписка- македонска. Исто така, тој вели и: „Древната ирска азбука, како и азбуката која ја употребувале Друидите во Галија, за која пишува Цезар, секако одма не биле пишани азбуки и сите слова се именувани према дрвото. Таа ирска азбука се викала Beth-luis-nion (‘бреза, оскоруша, јасен’) по првите согласници на азбуката, а нејзиниот редослед секако бил фригијско [ф=б] потекло, и се сложувал со редоследот на пелашката и латинската азбука, то ест имала тринаесет согласници и пет самогласници...“.

Х.Џ.Велс, во „Историја светот“, на стр.153, вели: „Усмената книжевност на оние келтски народи ...Таин, ирска Илијада, го опишува говедарскиот живот во кој се употребуваат уште војни двоколки, како и војни пци, додека главите на побиените се однесуваат обесени околу коњските вратови. Таин раскажува за еден грабнувач на добиток. И овде, исто така, се појавува оној ист општествен поредок каков што ни го прикажува Илијада. Поглавиците седат и се гостат по големите дворани, себи си ги градат тие дворани, и тука им пејат барди и им раскажуваат приказни; таму пијат и се опијануваат. Свештениците не се запазуваат така многу, или постои некој вид чаробници кои прорекуваат и гатаат“.

Балканскиот Полуостров до 1808 година се викал Македонски Полуостров, чие име било променето со од германскиот географ Цојне (1808) во Балкански Полуостров, како што било Апенински и Пиринејски Полуостров, иако планината Балкан не се протега на целиот полуостров.

Еве доказ за Шкотите, кои биле Македонци. Па тие врската ја имале со Александар Македонски. За споменикот на Александар Македонски во Единбург (=един бург: един=един; бург=бург= булг=вулг=волг= Volk= фолк= полк. Во прилог се наведува и она- за колонизирањето на Македонците за време на Римската Империја од 2 век п.н.е. до со 6 век н.е.: во 2 век п.н.е. од Епир биле колонизирани 150.000 војници со свои членови на семејства; 1 век н.е. околу 150.000 коњаници и пешадијци од Тракија во Русија кај Дњепар и 80.000 готски војници воделе колонисти од Далмација (на еден војник по 5- 10 робови)...последен бил Јустинијан I кој со својот војсководец колонизирал Македонци.

Следи да се трага врската на Баските со Македонците: За Олга Луковиќ- Пјановиќ, „можат да бидат најмалку 30 до 40% заедничко лексичко благо во баскискиот и српскиот јазик“. Илија Чашуле наведува: „Воопшто не се работи за еден поширок проблем. Формулација како ‘д-р Олга Луковиќ- Пјановиќ... напиша дека Баскијците говорат српски’, ‘д-р Славеска утврди многу повеќе сличности...

Според етимолошката анализа’, ‘Македонската наука досега... не се занимавала со истражувањето пред 6 век од нашата ера ’ “. Херман Бергер во 1935 година наведува дека јазикот на народот на Хунза бил бурушански јазик. Според мелодичноста тој наликува на баскискиот, кој пак имал акцент на третиот слог од десно на лево, исто како македонскиот јазик. О.Луковиќ- Пјановиќ вели дека Баските зборувале како Велешаните, вклопувајќи го тој термин во Цвииќевата теза од 1937 година дека најархаични зборови имало во околината на Велес (Р.Македонија).

На Македонците во Пакистан симбол им бил бригискиот симбол богот Арес= јарес= јарец. Низ Европа симболи се јарецот и македонскиот лав. Дури на лаѓата на Викинзите на врвот е тело од бригијска змија со глава на македонски лав.

Следат Скотите- според скот=скот како скотој колонизирани- да се споредат со селаните од Кукуречани Битола со фустанчиња (во Пелагонија се носеа фустани=пустани=пуштани) со пупки, со македонската гајда чија овчка кожа била од македонска овца, со македонски ритам 7/8, наредени како ред на фаланга итн.

Меровингите претходниците на Франките биле Балканци, а Франките биле Македонци (Фредегар 7 век). Следат Богомилите со својот Бодин итн.

Ваквите преселби продолжиле и потоа со крстоносните војни...па од исламот се бегало. Преселбите траат се до денес, никогаш обратно- тн.словенски преселби се само лага. Токму за нив нема ниеде материјален доказ/наод, а секој оној кој пронајде да ја добие Нобеловата награда и било која друга.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.