|
|
СИТЕ МАКЕДОНЦИ ЕДЕН ЗА ДРУГ, ЗА АМАНЕТОТ МАКЕДОНСКИ! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Македонците и Македонија се под страшна агресија по сите основи и од сите страни, надворешно од странски мешетари, внатрешно од домашни (нео)врховисти и колаборационисти. Нема алтернатива: Мораме да се обединиме, во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што во единството е силата, и затоа што само така можеме да опстоиме, свои на своето за навек да останеме... И како што Вилијам Гледстон (29 декември 1809 година - 19 мај 1898 година) четирикратниот британски премиер, во врска со македонското прашање, на 19 јануари 1897 година рекол: “Зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“ Така и денес, зошто да не сме - Сите Македонци еден за друг?! Зошто не и денес да не е: Македонија на Македонците?! Не, против другите, се разбира, во мир и љубов, во коегзистенција и толеранција со сите, едноставно затоа што: Без Македонците, Македонија нема да ја биде, пандорината кутија како во црна дупка на Балканот ќе ги проголта сите! Та, наместо спомен на загинатите и упокоените во сите војни во Македонија и за Македонија, во спомен на сите окупации врз Македонија, во спомен на сите геноциди врз Македонците, аманетот Македонски! … Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме! Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ Македонски! И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски - Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија! Не поткревајте го Армакедон! Македонија вечна! Амин! |