|
|
Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (1) |
Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци Сведоци сме дека во последно време во Р. Македонија се води невидена срамна кампања против оправданите тенденции на владата за покажувањето респект кон античко-македонската историја. Поединци или помали групи, инсталирани во некои медиуми, јавно ја промовираат големогрчката антимакедонска пропаганда, според која, денешните Македонци не смеат да имаат никаква врска со античките Македонци. Така овие грчки платеници и предавници јавно се спротивставуваат на именувањето на аеродромот „Александар Велики“ и се закануваат дека кога ќе дојдат на власт, ќе го сменат ова име; јавно го напаѓаат поставувањето споменик на најголемиот македонски цар во Скопје, бладаат низ медиумите дека денешните Македонци „немале врска со античките Македонци“ и слични други небулози. Истите тие го измислија и терминот „антиквизација“. Меѓутоа, денес речиси не постои земја во светот која не се грижи и не го негува своето античко наследство, кое зазема соодветно место во современиот живот на таа земја. Ќе наведеме само неколку примери од нашето најблиско соседство. Во Србија вториот по големина аеродром во државата (лоциран на околу 4 километри од Ниш) го носи името на славниот антички цар роден во околината на Ниш - Константин Велики. Претходно овој аеродром се викаше „Аеродром Ниш“, а во октомври 2003 година (по обемната реконструкција) владата го преименува во „Константин Велики Ниш“. Но, тоа не е се`. Античкиот цар Константин и неговата сопруга царица Елена официјално се прогласени за патрони на градот Ниш и тоа токму од страна на локалната самоуправа на овој, четврт по големина, град во Србија. И покрај сето ова никој во Србија денес не упатува идиотски обвинувања за „антиквизација на Србија“ како што е тоа случајот во Македонија. Во Бугарија една од најславните личности од антиката кои се родиле на тлото на нашата соседна земја е водачот на робовладетелското востание во Рим – Спартак. Тој бил Тракиец. Во Бугарија официјалните власти уште одамна со гордост го величаат неговото име. Така на пример, еден од најпознатите фудбалски клубови во Бугарија го носи името „Спартак“. Овој клуб е од Варна, а името Спартак го има добиено уште во 1945 година, т.е. во времето кога клубот бил во државна сопственост. Денес има и други субјекти ширум Бугарија кои го носат името Спартак. И не само тоа. Тракијците (како народ кој живеел во антиката на територијата на Бугарија) денес се признати како делумни етнички предци на денешната бугарска нација (што официјално е внесено во нивните учебници по историја). Денес во Бугарија владата со голем респект се однесува кон експонирањето на тракиското етно-културно наследство во денешната бугарска нација. Нормално, дека ниту во Бугарија денес нема идиотски обвинувања за „антиквизација на Бугарија“ од страна на фрустрирани поединци или странски платеници. Во Албанија состојбата е уште подалеку. Добро е познато дека, според денешната албанска историографија, Илирите (древен народ кој во антиката живеел на тлото на Албанија) се слават како етнички предци на денешните Албанци. Денес во Албанија бројни институции го носат името Илирија или Теута (како што се викала најпознатата илирска кралица). За Грција нема потреба да пишуваме затоа што исто така е добро познато во колкава мера античкото наследство се форсира од страна на грчките власти, иако и денешните Грци (како и сите народи на светот) претставуваат етничка мешавина од разни народи кои низ историјата престојувале на оваа територија. Истa е состојбата и со други европски и воневропски држави. Што се однесува до Македонија, владата на Никола Груевски за прв пат смело го призна она што со векови било криено од страна на денешните Македонци, а тоа е фактот дека античките Македонци (како староседелци на Македонија) се составен дел од денешната македонска нација (исто како што античките народи и во други земји не испарувале во воздух, туку ги внесувале својата крв и култура во новите етникуми што таму се појавувале). Со ваквиот потег оваа влада ќе остане со светли букви запишана за идните генерации. За жал, ваквиот позитивен тренд наиде на остри спротивставувања од страна на поединци и групи, кои во последно време плукаат против античко-македонската историја, па дури и против самите антички Македонци, иако тие биле еден од најславните народи во историјата на човештвото. Заради фактот што нема никаква разумна логика некој толку остро и жестоко да се спротивставува против јавното искажување почит кон античките жители на сопствената земја, не останува друго објаснување освен дека овие поединци и групи се обична банда грчки платеници! Нема потреба да објаснуваме зошто Грција се плаши од обелоденувањето на етно-културните врски помеѓу денешните и античките Македонци, па во склад со тоа е и отпорот на нивните платеници овде, кои со своето срамно дејствување (од кое најверојатно ќе се срамуваат и нивните идни поколенија) доведоа до апсурдот Македонија денес да е единствената земја во светот во која организирано се плука против ликот и делото на најпознатиот македонски цар Александар Трети Велики Македонски. Практично овие субјекти не само што се спротивставуваат на оправданите тенденции на владата, туку тие се спротивставуваат и на МПЦ (во чија Преамбула на новиот устав сосема јасно античките Македонци се определени како предци на денешните Македонци). Овие субјекти опонираат и на македонската дијаспора, чии најзначајни организирани субјекти и дејци исто така покажуваат почит кон нашето славно античко минато. Фактот дека античките Македонци ја внеле својата крв и култура среде денешните Македонци е посочен и во некои наши учебници по историја, па грчките платеници практично се спротивставуваат и на нашата официјална историографија. Но, тоа не е се`. Грчките платеници во Р. Македонија (некои од нив под изговор дека се „борци за човекови права“ иако е нејасно за чии човекови права тие се борат? Можеби за „човекови права“ на грчките шовинисти“?) ги обвинуваат сите Македонци кои се гордеат со античко-македонската историја за наводен „национализам“ (!?). Според нивната искривена логика секој што ќе го истакне ликот на Александар Велики Македонски е „националист“ (!?). Меѓутоа, историските факти и здравата логика го зборуваат токму спротивното. Александар, иако горд Македонец, воедно бил и голем космополит. Тој длабоко ги почитувал сите народи и религиозни определби во својата империја и затоа од многу од нив бил почитуван, па дури и прогласуван за „бог“. И не случајно за него постојат народни легенди и преданија на над 80 јазици... Наспроти тоа, сите оние групи и поединци кои јавно изјавуваат дека ние „немаме никаква врска со античките Македонци“ и упорно повторуваат дека сме „чисти Словени“ всушност пропагираат расизам! Преку тврдењето дека ние сме народ со „чисто словенско потекло“, тие практично форсираат словенски расизам! Лично слушав на ТВ една будала кој јавно ги повика МАНУ да донеле „забрана“ на истражувањата на нашите врски со античките Македонци, затоа што ние сме биле „чисти Словени“. Ваквите расистичко-фашистички артикулации (за „чисто словенско потекло“ на денешните Македонци и повици за административна забрана на сите обиди за поинакво толкување – исто како што било во нацистичка Германија) не смеат да се дозволат во една современа и демократска држава како што е нашата. Агресивното форсирање на вистината дека античките Македонци имале значаен етно-културен удел во денешната македонска нација е само еден од облиците на борба против реакционерниот словенски расизам што го форсираат грчките платеници и по некој друг субјект во Република Македонија. Во својата подмолност, грчките платеници отидоа толку далеку што самите себе си се прогласија за „проевропски сили“, додека владата наводно била „анти-европски“ определена. Но, тоа е далеку од вистината. Предводник на сите вистински проевропски и прозападни сили во Р. Македонија е токму владата на Никола Груевски заедно со коалициските партнери. Токму во нивно време Р. Македонија достигна најблиски односи со моќните западни земји, како резултат на кои, се укинати визите за патување на македонските граѓани и добиени се низа други привилегии. Она што, меѓутоа, го бараат грчките платеници (опасно блиски до опозицијата) е промена на македонскиот идентитет и влегување во евро-атланските интерграции според грчки терк. Е, тоа никогаш нема да биде. Ако треба Македонија ќе влезе во ЕУ и во НАТО на „мала врата“ (преку разни отстапки што постепено ќе и` се нудат и сл.), но она што ни го оставиле предците никогаш нема да го смениме! А сега конечно да се префрлиме на главната тема, а тоа е декларирањето на Македонците од 18, 19 и првата половина на 20 век како потомци на античките Македонци. Наспроти сите антимакедонски пропаганди, античко-македонското етничко потекло масовно било прифаќано од страна на Македонците во 18, 19 и 20 век. Оваа тема делумно ја има обработено академик Блаже Ристовски (во своите дела: “Портрети и процеси I”, Скопје, 1989 год. и “Македонија и македонската нација”, Скопје, 1995 год.), па во продолжение ќе се послужиме со цитати од неговите истражувања во врска со ваквите пројави, надополнети со моите дополнителни истражувања во оваа насока. Притоа, податоците преземени од книгите на академик Ристовски ќе ги означиме посебно од останатите, со напомена дека оригиналните извори за нив можат да се сретнат во овие книги. Посебно е важен фактот дека за чувството за античко-македонското етничко потекло на Македонците од 18, 19 и 20 век, сведочеле и еминентни странски дејци, кои во тоа време престојувале во Македонија. Во следните броеви ќе наведеме извесен број примери во врска со ова. Продолжува |