|
|
Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (2) |
Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци Најнапред да го спомнеме францускиот барон Франсоа де Тот, кој работел во Цариград во 18 век (конкретно од 1768 до 1775 година) како главен изведувач на градбите на важни објекти каде имал ангажирано поголем број работници Македонци. Во своите “Спомени” тој запишал: „Прибрав и сместив покрај работните места 1500 Македонци...“ Во продолжение тој пишува дека Македонците биле неуморни во работата и дека затоа им дал слободен ден. Потоа тој пишува како некои од нив отишле во една кафеана и почнале да пеат песни за победите на Александар Македонски, па вели: „Дваесет и двајца Македонци, секој со пушка на рамо, дојдоа тука и собрани во една крчма пееа песна за победите на Александар“. Во продолжение читаме дека еден од Македонците излегол од кафеаната и налетал на група од деведесет турски морнари. Франсоа де Тот во продолжение пишува: „Еден од моите работници ги напушти своите другари и отиде да подиши воздух, се проближил до брегот каде ги видел новоистоварените вооружени до заби. Еден од нив горд на бројноста што неговата група му ја обезбедуваше, се приближил до Македонецот и му удрил шлаканица со сета сила. Овој без оружје, за да се одмазди за својата навреда и ненавикнат на турскиот јазик, му дал само знак на шампионот кој го нападнал за да го почека, бидејќи требало да се врати. Тој се вратил во крчмата, не им рекол ни збор на своите другари, си ја зел пушката без тие да го забележат и се вратил на брегот каде што Турците се` уште се наоѓале. Таму го препознал својот противник и покажувајќи му го својот образ му дал знак повторно да почне. Но, Турчинот кој веќе имал пиштол в раце, испукал од непосредна близина, меѓутоа не го погодил Македонецот, а овој за час му ја ставил цевката од пушката на стомакот и пукнал, но и самиот загинал од 80 куршуми што ги испукале другите Турци. Ова пукање го привлекло вниманието на останатите дваесет и еден Македонец. Виделе дека недостасува еден од нивните другари. Се вооружиле и се стрчале кон брегот. Пристигнувајќи таму, го виделе својот другар спружен крај еден Турчин и без распрашување ги нападнале непријателите, убиле деветмина на самото место, а другите ги потиснале кон морето со таква брзина што еден дел избегале со чамец, а друг пливајќи. Така, овие “храбри луѓе” дошле до бродот, го пресекле јажето и се спасиле, бегајќи во морската шир. Двајца Македонци беа пратени кај мене и ме известија за ова. Тргнав веднаш кај првиот министер, каде што се јавив како тужител за навредата нанесена на работниците на замоците“. Во продолжение читаме дека везирот се налутил и рекол дека загинале девет муслимани, а само еден неверник и дека тоа биле многу жртви. Франсоа де Тот сепак инсистирал да се обезбеди сигурноста на работниците, на што везирот смеејќи се, му рекол: „Добро. Со Вашите 1500 Македонци вие би ја освоиле земјата. Вашиот начин да се чувате зарем не вреди повеќе од оние кои јас би можел да ви ги пружам“? („Memories du baron de Tott sur lesTurcs et les Tartares“, Amsterdam, стр. 197-198, цит. според академик Александар Матковски “Македонија во делата на странските патеписци цит. дело). Гледаме дека во описот на овој настан Франсоа Де Тот своите работници секаде ги именува како Македонци. Фактот што тие пееле песни за победите на Александар Македонски е силна индиција за нивната етничка свест, а во прилог на ова оди и шеговитата забелешка на везирот според која Франсоа де Тот со своите Македонци сакал да го “освои светот” (што може да биле алудирање на античките Македонци од времето на Александар Македонски). Од самиот крај на 18 век постои уште еден патепис од непознат автор, посветен на Македонија, во кој исто така се потенцира врската помеѓу античките Македонци и Македонците од 18 век. Непознатиот патеписец ја констатирал очајната состојба во која се наоѓале тогашните Македонци која секако дека била резултат на предолгите вековни ропства. Во врска со ова непознатиот патеписец запишал: „Македонците во стари времиња биле многу проучени како научници, а исто така и по својата храброст. Сега пак тие се плашливци и незнајковци“. (Патепис од непознат автор од пред 1798 година, Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 год. цит. според Александар Матковски, цит. дело). Слично разочарување од состојбата во Македонија покажал и патеписецот Кузинери, кој во својот патепис од 1816 година запишал: „Македонија толку славна со спомените на Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот“. (Патописот на Кузинери од 1816 година. “Voyage dans la Macedoine I“, Paris, 1831, Esprit Marie Cousinery, стр. 11. Цит. според Александар Матковски, цит. дело). За чувањето на споменот за античка Македонија среде Македонците од самиот почеток на 19 век, сведочи и француски патеписец кој тогаш ја посетил Македонија. Откако пишува за некој споменик за кој народот му рекол дека е од времето на Александар Македонски, непознатиот Французин запишал: „Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија“. (Патопис од непознат автор од 1807 година. “Френски патеписи за Балканите 19 в.” составила и редактирала Бистра Цветкова, Софија.Преземено од "Archives de l'armee de terre", со сигнатура МR 1618, 17. Цит. според Александар Матковски, цит. дело). Слично запишал и патеписецот Јохан Хајнрих Мајр, кој исто така во почетокот на 19 век ја посетил Македонија: „Подоцна поминавме во областа каде Александар Велики направил одмор. Од пред неколку илјади години овде се чува споменот на овој славен Македонец“. (Јохан Хајнрих Мајр патопис од 1814 година. Johann Heinrich Mayr's Reise nach Konstantinopel, Aegupten, Jerusalem und auf den Libanon, 1820. Конгресна библиотека Вашингтон, сигнатура ДС 48. М49. Цит. според Александар Матковски, цит. дело). Дека Македонците од 19 век се потомци на античките Македонци пишувал и францускиот патеписец Дидро. Тој исто така разочарано констатирал дека некогаш славната Македонија за време на турското владеење се нашла во целосна апатија. Тој запишал: „По долината на Македонија сe` е стушено и невесело, се` е жалосно. Турците од срцето на човекот го искорнале смеењето кое му припаѓа само нему, на човекот. Од нивните робови, од потомците на Ахил и Александар, тие направиле стада од животни“. („Le Mont Athos Exract from Annales archeologiques“, volumes 4, 5, 18 и 21. Национална библиотека Париз сигнатура 4о В, 1122/4,5,18,21, цит. според академик Александар Матковски „Македонија во делата на странските патеписци“, цит. дело). Непознат патеписец во 1841 година запишал дека во Катерини Македонците сe` уште ја користеле старата пелазгиска кола, каква што ја користеле нивните предци уште од древните времиња. Овде читаме: „Катерини... е мал град, опкружен со шума, сместен во тесна долина меѓу Олимп и морето... Сe уште е во употреба старата кола на Пелазгите влечена од волови“. („Handbook for travellers in the Jonian Island, Greece, Turkey, Asia Minor and Constantinopole“, Лондон, 1845, Конгресна библиотека Вашингтон, ДС 43. М 95 1845, цит. според Александар Матковски, цит. дело). Да се потсетиме дека Пелазгите биле стар народ, кој живеел на Балканот, а посебно во Македонија. Од страна на Грците тие биле сметани како “барбари” - луѓе кои не зборуваат грчки. Некои истражувачи дури сметаат и дека Словените се потомци на Пелазгите. Рускиот истакнат деец Виктор Григорович, во врска со импресиите од својата посета на Македонија во 1844 - 1845 година запишал: „Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот“. (цит. според Блаже Ристовски). Виктор Григорович запишал и една народна творба за Филип Втори. Да ја спомнеме и изјавата на еден, засега непознат, учител од Охрид кој дошол на местото на истераниот бугарски учител во Солун во 1845 година. Оваа изјава подоцна е пренесена и во тогашниот печат, без да се наведе идентитетот на учителот. Кога го прашале да се декларира што е по националност, нашиот охриѓанец дословно рекол: „Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин! Јас сум чист Македонец, какви што биле Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот“. (цит. според Блаже Ристовски). Ерејот Димитрија од Кривопаланечко во врска со своето етничко потекло, во далечната 1848 година, запишал: „Родум сум Македонец... Од Бога било пишано мојата татковина да страда од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното царство“. Англискиот патеписец Чарлс Томас Њутон ја посетил Македонија во 1853 година при што запишал дека народот таму се` уште ги чувал своите традиции и обичаи уште од времето на антиката. Тоа му го кажал епископот од Метилена, кој често патувал во Македонија. Во врска со ова Њутон запишал: „Љубезно бев примен од архиепископот од Метилена, кој ја правеше својата годишна обиколка за да ги собере даноците. Тој најчесто одел во Македонија и ми раскажуваше за некои интересни поединости за селаните кои таму живеат и кои задржале многу стари обичаи... Еден од нив е чинот на женидбата..., која потсетува на античките ритуали“. („Travels and discoveries in the Levant“ by Charles Thomas Newton,, Лондон, 1865, IandII, стр. 10. цит. според Александар Матовски, цит. дело). И патеписецот Јохан Хан во 1858 година запишал дека среде Македонците од 19 век се задржале обичаи уште од времето на антиката. Конкретно тој запишал дека Македонците од Вардар Ениџе се` уште го негувале панаѓурот наследен од античките Македонци. Тој пишува: „...Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму се живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за панаѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена...“ За самиот град Јохан Хан смета дека е наследник на стариот град Пела: „Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блискиот старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градската сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела“. („Reise vion Belgrad nach Salonik“, J.G.V. Hahn, Wien”, 1868, стр. 200, цит. според Александар Матковски, цит. дело). Продолжува
|