|
|
Посебноста на Македонската Фаланга |
Идејата или творецот на Македонската фаланга, Македонскио крал Филип II му се родила додека како млад бил заточеник во Теба, тогаш за прв пат ја воочил формациската поставеност на грчката фаланга која се состоела од 8 збиени редови, нејзините орудија, и нејзините тактики, кои натака ги применил во создавањето на Македонската фаланга. Благодарение на тоа негово заточеништво тој се стекнал со воено и дипломатско искуство кое му го пренел тебанскиот крал Епамонид, кое понатаму и те како ќе му користи во неговите воени походи, но пред се` Дипломатски потфати. Македонската фаланга се состоела од 16 густо збиени редови, (уште една разлика во однос на грчката фаланга), имала долги копја Сариси чија должина била од 3 до 7 метра кои се состоеле од два дела кои преку механички дел се спојувале во едно копје, и морало таквото копје поради тежината да се држи со двете раце. Острицата му била кратка, железна и во облик на лист. Копјето имало и бронзен Чевел за да може да се забие во земја доколку на Фалангата наиде Јуриш. Приказ на Македонската фаланга во формациска поставеност за напад
Илустрација 1 Пешадијата била вооружена и со краток меч, кој ретко кога се употребувал во битката, бидејќи Сарисата била и офанзивно и дефанзивно оружје на Пешадијата. А и ретко кој би се осудил да оди право во зид од Копја, каде ако непријателската Пешадија ги пробила првите неколку копја ја чекала изненадување од нови 4 копја. Но, меѓу главните разлики на грчката со Македонската фаланга е и шлемот. Македонскиот шлем имал форма на клун. Илустрација 2 Додека гркиот шлем бил потежок со поголема заштита на главата малтене скоро целиот затворен како средновековен шлем. Илустрација 3 Причината е јасна, Грчката фаланга била од 8 густо збиени редови, помала во однос на македонската од Вооружување располагала со кратки копја, долги штитови и кратки мечеви, претежно нивната фаланга била за блиска борба, од тука е и големата комплексност на грчкиот шлем. Но во судирот со македонската фаланга во битката кај Кајронеа во 338 година, пред нашата ера, целосно се покажала нејзината неспособност да го заштити Хеленскиот суверенитет, посебно нејзината “Света Тебанска чета“ паднала пред налетот на младиот Александар кој бил единствениот кој ја поразил оваа “Света Чета“ (света се нарекува бидеќи до тогаш никој не ја имал победено во битка, сите луѓе се бореле до последен со невидена храброст). Сепак добрата тактичка поставеност на Македонската фаланга, (што во оваа битка но и во подоцнежните битки на Александар ќе се покаже како смртоносна за непријателската војска) доблестите но и маните на македонската фаланга биле така што, еднаш ако била правилно поставена за напад била несопирлива машина, без можности во текот на битката да ја променува својата поставеност. Во последните мигови на Македонското кралство таа нејзина доблест ќе биде и мана, посебно во битката против римска легија, која во тој период била и те како обучена со поинакво формациско оружје кое се состоело во долг меч гладиус, (со две оштрици) кратко копје и голем штит, се бореле на поголемо растојание за разлика од фалангата и била претежно за блиска борба, со тоа што во тек на битка лесно можеле да се разместуваат према проценките на офицерите или Генералите на армијата, што се покажало како голема предност токму во битката со дотогаш непобедливата Фаланга. Сепак во класичниот антички период Македонската Фаланга била застрашувачка воена формација пред која потклекнале многу народи и нации како на пример Персијанците со нивните “Бесмртници“. (така ги сметале бидејќи сите биле во една униформа и секој кој ќе загинел на военото поле друг го заменувал така да бројката секогаш им била 10 000 пешадинци). Брзите и мобилни коњаници на племињата од кафказот, (кои му задавале и те какви проблеми на Александар со нивните брзи герилски маневри) па нескротливите племиња на Авганистан (каде како орудие Александар ја применува вешто и диплматијата преку бракот со една од помоќните племина од тој регион) се` до Далечната Индија која се сметала за крај на тогашниот свет. И средбата за Фалангата со борбените слонови во една од најкрвавите битки на реката Хидаспес. За Александар не би останало ништо не освоиво, да не го спречела неговата војска во неговите натамошни походи према исток, со сигурност ќе го обединел целиот свет во едно кралство, каде сите нации и народ ќе бидат со полни права и слободи. |