Среда, 31 Декември 2014   
Спорот со Српската Православна Црква вистина или политика

vasko-gicevski-2
Васко Гичевски

Васко Гичевски

Кога на Балканот ќе се спомене историјата, и тоа кој што правел во изминатите векови неминовно е вклучувањето на политиката и поврзувањето на историјата во контекст на современите политички правирања на Балканот.

Еден таков проблем кој длабоко ја разбранува и македонската и српската јавност е спорот помеѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква. Имено втората тврди дека Македонија треба да биде под канонско единство со мајката црква Српската Православна Црква, дека македонската црква е расколничка некаконски отцепена под присила на Јосип Броз Тито кој тогаш според нивното тврдење ја искористил настанатата ситуација и им дал одделна црква на македонскиот народ за уште повеќе тој да контролира а воедно и кај македонското население да разбуди пројугословенски чувства и поголемо почитување на неговиот култ на личност во Македонија.

Сепак за тоа колку и дали воопшто СПЦ има право на црковна јурисдикција во Македонија ќе покаже историјата која пак е последен судија на сите и на се.

Имено христијанството во Македонија се прошироло уште во првите дни на христијанство откако на сон на Св. Павле му се јавил еден човек и му ги кажал зборовите “Дојди Павле во Македонија и спаси не’. Од Македонија била и првата покрстена жена во Европа Лидија

 Следствено со ова првата црква на Балканот е изградена во Македонија во домот на Лидија во Филипи 51 или 52 година по Христа.

Првото големо црквно организирање на македонскиот народ во една единствена национална црква се случува во времето на Византија односно кога на престолот бил византискиот император од македонско потекло Јустинијан I. Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепископија според која Архиепископијата е исто што и некогашната Архиепископијата на Јустинијана Прима па затоа и привилегиите издадени од цар Јустинијан во 11 и 131 новела на Архиепископијата на Јустинијана Прима важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела.

Во 9 век, делови на Македонија потпаѓаат под бугарска власт. Тогаш, за да ја признае бугарската црква, римскиот папа му наредил во 886 на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат архиепископ на Бугарија. Целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc.”.

Бидејќи северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ од македонско потекло. Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските склавинии кои биле под Византија, како на пример Драговитија, си ги задржале своите епископи. Како последица на тоа, Бугарија ја спровела наредбата. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи кои не биле бугарски ни цариградски и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент.

Подоцна за време на Самоиловото царство таа ќе се издигне на ранг на Патријаршија и нејзината јурисдикција ќе биде скоро на цел Балкан и сите кралеви на соседните држави требало да бидат крунисани од охридскиот архиепископ. Во 1185 година од неа ќе се оддели Трновската епархија а во 1218 и Рашката епархија и ќе се формира како Српска Православна Црква која била во раскол и неправилно,неканонски и истата била анатемисана од тогашниот охридски ахриепископ Димитриј Хоматијан.

По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1761 година Македонија ќе остане без своја црква и тогаш на сцена стапуваат соседните држави и нивната црковна пропаганда. Соодветно место нашла и српската црква која пак својот подем го доживеала по завршетокот на Првата Светска Војна  кога македонските територии ќе подпаднат  под власта на кралството СХС и воедно со тоа без никакво народно одобрение,без историска или било каква основа македонските црковни територии беа приклучени кон Српската Патријаршија. Подоцна со конечното формирање на македонска држава во Втората Светска Војна се јавило прашањето за афтокефална македонска црква која ќе извршува богослужби на македонски а не како дотогаш на српски јазик. Конечно во 1967 македонскиот народ добил своја афтокефална црква која тогаш не наишла не некои посебни проблеми кај српските великодостојници.

Проблемот настанува по осамостујувањето на Македонија кога се повампирија големотериторијалните  интереси на соседните држави па и на Србија.Тие почнаа со тврдења дека МПЦ е неканоски формирана,нехристијански и дека одстапува од христијанските учења. Според историските факти кои ги презентирав погоре јасно се гледа дека токму СПЦ во своите зачетоци е расколничка црква и анатемисана од страна на охридскиот ахиепископ Димитрија Хоматијан а македонската црква прва црква на Балканот а можеме да кажеме и една од првите христијански земји во Европа.

Од тука се гледа дека целиот овој спор е резултат на гнасна политика,политика на освојување,политика на денационализација на македонскиот народ. Дотолку повеќе е јасно дека се е на политичка основа, и ослободувањето на кукавичкото јајце на СПЦ во Македонија Јован Вранишковски и веднаш Руската православна Црква излезе со став дека на МПЦ треба да му се даде признавање и повисок статус,одеднаш СПЦ го смени одност и почна да ни се обраќа со република Македонија итн. Одтука е јасно како бел ден дека позади овој спор нема некаква скриена вистина,некаква правда туку гнасна политика.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.