|
|
Големата Руска енциклопедија за посебноста на македонскиот јазик |
„Без оглед на значителната дијалектна разнообразност, македонските говори претставуваат единство и забележливо се разликуваат од народните говори на Тракија, Родопите, Мизија и на Стара Планина.“ – пишува во одредницата за македонскиот јазик во Големата Руска енциклопедија од 1938 година ( Большая Советская Энциклопедия.). Швајцарскиот правник и криминолог Рудолф Рајс, кој како експерт за меѓународно воено право, а подоцна и како доброволец во српската војска учествувал во Првата светска војна на Солунскиот фронт, има можност да се запознае со македонскиот народ за кого потоа ќе изјави: „Факт е дека македонскиот не се зборува ни во Софија ни во Белград. Тоа е посебен славјански јазик како што е тоа, кај нас во Швајцарија, романшкиот, што се зборува во Гризо, покрај италијанскиот. Според мене Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец“. Францускиот новинар, публицист и општественик кој за време на Првата светска војна исто така има можност да се запознае со македонскиот народ додека се наоѓал на Солунскиот фронт. Како редактор на весникот „Монд“, тој меѓудругото ќе напише „Македонците кои имаат свој автентичен посебен јазик и своја непобитна етничка оргиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци“. Во 1938 година полскиот славист Мјечеслав Малецки ќе забележи „ ...На прашањето дали се македонските говори српски или бугарски, би одговорил дека не се ни исклучиво српски ни бугарски, ами повеќето од нив претставуваат индивидуален дијалектен тип (којшто може да се нарече и македонски јазик), поврзан со силни јазли на сродство со двата спомнати јазици. Македонскиот е премин меѓу српскиот и бугарскиот, и неговото приклучување само кон еден од тие јазици е од лингвистичка гледна точка неосновано.“ Во овој период, слични ставови по однос на македонскиот народ и неговиот јазик споделуваат многумина интелктуалци во Европа кои со симпатии гледаат кон македонскиот народ. Во меѓувреме, како резултат на тоа, коминтерната ја признава посебноста на македонскиот народ во 1934 година, а четири години потоа, во Големата Руска енциклопедија (1938) авторот на одредницата за македонскиот јазик ќе напише: „... Без оглед на значителната дијалектна разнообразност, македонските говори претставуваат единство и забележливо се разликуваат од народните говори на Тракија, Родопите, Мизија и на Стара Планина. Од општомакедонските јазични особености ќе ги одбележиме: 1) промената на „силниот" ъво о, на „силниот" ь во е (сон, ден); таа црта е одразена уште во спомениците на старословенскиот јазик; 2) промената на ѫ во ъсо понатамошна промена во а или о (дъб, доб, даб); 3) промената на ѣ во сите говори на Македонија во е (место, лето); 4) загубата на падежните наставки и аналитичкото искажување на падежните односи; 5) развивањето на постпозитивната членска форма во имињата и во заменките; 6) различните типови на фиксиран акцент (пет типа); 7) наставката на првото лице еднина во глаголите од сите основи - ам; 8) генерализирањето на самогласката (замената на ѣ) за основите на имперфектот; 9) предавањето на идното време со помошта на частицата ќе и формата на сегашното време; 10) наставката на партиципот на минатото време за сите родови во множината -ле. Сета Македонија во дијалектен однос се дели на 2 групи: областа кон з[апад] од р. Вардар и ј[уго]и[сточните] реони на Македонија. Во втората група влегуваат и говорите на Костур. Западната група ја карактеризираат следниве дијалектни особености: 1) членските форми со тројно образување – от (маш.), та (жен.), то (средни род); ов, ва, во, он, на, но; 2) наставката за трето лице еднина на сегашното време -т; 3) акцентирањето на третиот слог од крајот; 4) фразеолошкиот карактер на акцентот. Западномакедонските говори се делат на неколку дијалектни групи: дебарска, охридска, централна, тиквешко-мариовска, велешко-скопска, горнополошка и долнополошка. За ј[уго]и[сточна] Македонија се карактеристични: заменките он, она, оно, они, предлогот сос и др. Тешките историски услови во кои се наоѓале Македонците имаат оставено свој печат врз нивната култура. По Првата империјалистичка војна (1914-18) голем дел од Македонија беше присоединет кон Југославија. Националниот гнет на владејачката српска буржоазија е извонредно тежок. Српската лингвистичка наука во лицето на Белиќ го одрекува секое право на национално самоопределување на македонските Славјани, тврдејќи дека македонските Славјани божем се Срби. Од друга страна, бугарската лингвистичка наука, којашто им служи на идеите на бугарскиот империјализам, не им го признава на Македонците правото на самостоен национален развиток. Јужна Македонија и припаѓа на Грција, каде што исто така е силен националниот гнет.“ (Большая Советская Энциклопедия. Том 37. Москва 1938, стр. 743 - 744.) Сите овие примери само говорат за посебноста на македонскиот народ и неговиот јазик. (извор: Докумети за борбата на македонскиот народ за самостојност и за нацинална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 79 - 80) |