|
|
Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (5) |
Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци Конечно, во длабината на својата душа античко-македонската традиција (или свест?) ја носел и големиот македонски национален деец Димитрија Чуповски и не случајно на македонското знаме, што тој и неговите истомисленици го изработиле во Русија (1913 или 1914 година), било застапено сонцето и разлутениот коњ на Александар Македонски, по име Букефал. Исто така, неразделен предмет од кој Чуповски никогаш не се делел, била сребрената монета од времето на Александар Македонски, што Чуповски ја имал закачено на синџирчето од својот часовник. Освен тоа Чуповски бил и голем почитувач на делото на стариот војвода и македонски национален деец Ѓорѓија Пулевски, за кого рековме дека се сметал за директен потомок на античките Македонци. Братот на Димитрија Чуповски, Никола Д. Чупаров, непосредно пред својата смрт во 1924 година, пишувајќи за македонските племиња Мијаци и Брсјаци (Брзаци), запишал: “Според книгата на Ѓорѓи Пулевски (родум од Галичник) Мијаците биле гвардејците на Александар Македонски... Брзаците (Брсјаците, з. м.), пак, биле брзата армија на Александар Македонски...” (цит. според Бл. Ристовски). Во една стара албанско-латинска историја, која му била покажана на Македонецот Исаија Мажовски, за време на неговиот престој во Тирана (Албанија) и кој, она што таму го прочитал, го пренел во својата книга “Спомени” (Софија, 1922) исто така пишувало за античките Македонци како за директни крвни предци на денешните Македонци. Додека шехот читал од книгата, освен Мажовски, на читањето бил присутен и Гани-беј Топтани, кој подоцна го прашал шехот за времето од кога Македонците биле присутни на Балканот. Еве што, во врска со сето ова, запишал Мажовски: “Кога се појавил славниот македонословенски цар Александар, албанскиот крал Карел ги испратил своите два капетани за да го пресретнат. Тие му се претставиле на големиот словенски цар Александар со зборовите: 'Добро ни дојдовте, цару Александар!' Откако го прочита ова, Гани-беј го запраша шехот: 'Кој народ најпрво ги има населено обалите на Белото море: албанскиот или словено-македонскиот?' На ова прашање од бејот, шехот одговорил: 'Најпрво овде се населиле македонските словенски народи и од нивното доаѓање до денес имаат поминато цели 2600 години, а тоа е 200 години пред населувањето на албанскиот народ.'“ (цит. според Блаже Ристовски). Големиот македонски национален деец од крајот на 19 и почетокот на 20 век Крсте Петков Мисирков, непосредно пред својата смрт, пишувајќи за великаните што ги дала Македонија, за Александар Македонски запишал: “Александар Македонски ја разнесе славата на Македонија до средно-азиските реки Аму-Дарија, Сир-Дарија, како и до Индија и Индискиот Океан”. Како директен потомок на античките Македонци себеси се сметал и истакнатиот македонски национален деец д-р Трифун Греков. Во текот на годините 1922 и 1924 тој објавил неколку статии посветени на античките Македонци и посебно за Александар Македонски и тоа во в. “Македонија” во Софија и во в. “Македонско сознание” во Виена (цит. според Блаже Ристовски). Следниот цитат несомнено дека има посебна тежина. Се работи за документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етничките разлики помеѓу Македонците и Бугарите, туку и за денешните Македонци јасно се вели дека се директни потомци на славните антички Македонци! Еве што пишува во овој документ: “...Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светски владетели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зошто да не се случи истото и со Македонците?... Зашто ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после толку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење!... Бугарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е македонско. Зошто Бугарија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? Зарем Македонците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари - толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голема! ЕднитебиленаБалканскиотПолуостровуштеодпредХриста, адругитедошлево 7 век... Доста веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Време е да се викне: Македонија на Македонците. Ослободената бугарска Македонија да им се даде на слободните Македонци. Дајте и автономија на Македонија додека е време!” Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пишуван е во декември 1932 год. Ова значи дека и меѓу припадниците на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го прифаќале античко-македонското етничко потекло. Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Александар Велики” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен цар. На Собранието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претседател на оваа организација бил Никола Меланов од Костурско, а во раководството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинстото членови на оваа организација биле Македонци од преспанските села. За фактот дека античките Македонци биле посебен народ со своја култура и цивилизација, кои ја надминувале елинската, пишувале и Васил Ивановски - Бистришки (во 1934 година), како и Ангел Динев (во 1938 година). Меѓу двете светски војни во прилепската чаршија особено бил развиен култот за Александар Македонски. Во врска со ова македонскиот национален деец од тие времиња Димче Аџимитрески сведочи: “Ние имавме една стара книга за Александар Македонски. Така ние се воспитувавме. Го сметавме за наш крал и сонувавме за такво кралство што некогаш тој го создал”. (цит. според Блаже Ристовски). Во 1930-те години, од славата на Александар Македонски се восхитувале и членовите и раководството на тајната македонска организација, позната под името ММОР (модифициран збор од францускиот збор морт, што значи: смрт - според девизата: Смрт или слобода!) на која активистит бил и Димче Аџимитрески. Еве што запишал нејзиниот раководител Благоја Димитров од Скопје: “Основна задача беше да се зборува на македонски, да се купуваат книги. Се формираа ќелии од по тројца членови и секоја таква ќелија си имаше своја библиотека. Имавме и книги за Александар Македонски и сето тоа го сметавме како наше”. (цит. според Блаже Ристовски). Интересно е да се спомне дека во раководството на оваа тајна македонска организација (покрај Аџимитрески и Димитров), тогаш се наоѓал и поетот Венко Марковски, како и Стојан Јовановски, а близок до Организацијата бил и познатиот македонски поет Кочо Рацин. Оваа организација се залагала за обединета и независна Македонија, со признавање на националните права на Македонците, но во ноември 1934 година била пробиена, а некои од нејзините членови биле уапсени од големосрпската полиција. Во периодот меѓу двете светски војни и младината од Охрид била опфатена со култот за Александар Македонски. Поетот Гоце Митески од Охридско сведочел дека интелектуалната младина од регионот Дебарца за време на Втората светска војна била воодушевена од својот предок Александар Македонски. Во 1942 год. и самиот Митески напишал песна за Александар Македонски, во која направил фантастичен спој помеѓу него и Гоце Делчев. По Втората светска војна култот на Александар Македонски и славата на античка Македонија стануваат уште позасилени во редовите на илегалните анти-југословенски македонски организации во Македонија и во странство, како и меѓу пошироките слоеви на македонското иселеништво. Полека, но сигурно, врз основа на цврсти докази, овој процес конечно незапирливо напредува и помеѓу денешниве генерации Македонци. Вистината дека античките Македонци се античките предци на денешната македонска нација е прифатена и како официјален став на Македонската Православна Црква. Покрај Преамбулата на Уставот на МПЦ, како илустрација ќе ја спомнеме изјавата на митрополит на Полошко-кумановската епархија г-дин Кирил, дадена за в. “Нова Македонија” на 02.10.1999 год. Во врска со потеклото на македонската нација, митрополитот Кирил, изјавува: “Нашите македонски корени ги наоѓаме во најдревниот документ, родословната таблица од Десеттата глава на книгата Битие, каде од Бога, преку пророкот Мојсеј, Македонците сме вброени во редот на најдревните народи, а Македонија е овенчана со славата на најстарите држави”. И во светската јавност во последно време се забележуваат извесни артикулации во оваа насока. Така, на пример, на 10.08.2000 година во рамките на квалификациите за Купот на УЕФА се одигра меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу романскиот прволигаш “Универзитатеа” од Крајова и македонскиот ФК “Победа” од Прилеп. Познатиот романски спортски весник “Про-Спорт” на денот на одигрувањето на натпреварот (10.08.2000 година) објави напис, во кој напиша дека (цитат): “...Македонците од Победа од Прилеп се наследници на големиот водач на војската од антиката Александар Македонски. “ Дури и истакнати научни кругови во Европа во последно време сметаат дека денешните Македонци се потомци на древните. Пак ќе го спомнеме францускиот академик Жорж Сербело Саланјак, кој во 1992 година во Париз објави книга под наслов “Етничките потекла на Европјаните” (1992, Париз,). Во оваа книга францускиот академик тврди дека денешните Македонци се потомци на античките. Тој пишува дека и навистина во 6 век на Балканот се појавиле Словените, но дека тие, како заостанато племе, не можеле да станат доминантни жители на Македонија, поради што бргу се претопиле во античките Македонци, кои тогаш биле културен и цивилизиран народ. Пишувајќи за Словените тој вели: “...Не зависејќи од никаков авторитет, не формирајќи никојпат еден организиран народ и очигледно незајакнати од нови елементи, тие конечно се растопуваат во популацијата на староседелците... Словените кои ќе ги најдеме подоцна во Илирија апсолутно не произлегуваат од нив.” Откако дава објаснување кои биле древните Македонци, потенцирајќи дека тие не биле никакви Грци, овој истакнат француски академик пишува: “Македонците постојат и денес во Македонија, поделени на два дела. На југ грчката провинција Македонија, на север Република Македонија... И едните и другите имаат јасна свест за своето заедничко етничко потекло, и од Скопје и од Солун тие не се чувствуваат како странци.” (исто, стр. 96). * Секако постојат и други вакви пројави на прифаќање на етничкото античко-македонско потекло од страна на Македонците од 19 и 20 век и оваа појава допрва треба уште посериозно да се истражува. На крајот посебно треба да се потенцира констатацијата дека декларирањето на Македонците од 19 и 20 век како потомци на античките Македонци има неспоредливо поголема тежина од декларирањето на поедини етнички Македонци како: Грци, Срби или како Бугари. Ќе одговорам и зошто го тврдам ова. За да се декларираат Македонците од 19 и 20 век како: Грци, Бугари или како Срби најголема причина биле баснословните суми што Грција, Србија и Бугарија ги фрлале за своите пропаганди во Македонија. Но кој ги убедувал тогашните Македонци да се декларираат како потомци на античките Македонци? Се разбира, никој! И не само што никој отстрана не ги убедувал нашите предци да се декларираат како потомци на античките Македонци, туку странските пропаганди со сите сили се обидувале да го задушат ваквото декларирање, истовремено убедувајќи ги дека тие им припаѓаат на нивните нации. Притоа, многубројните историски докази за вековната национална посебност на Македонците биле криени од Македонците во егзархиските (бугарски), патријаршиските (грчки) или во српските цркви и училишта. Затоа ваквото декларирање, кое не само што не било поттикнувано, туку дури било и попречувано, има далеку поголема тежина од инаквото декларирање на Македонците од 18, 19 и 20 век. Ваквото декларирање не е настанато како резултат на ниту една странска пропаганда, туку истото Македонците го наследиле од своите предци и во тоа се состои неговата исконска сила. |