|
|
ВМРО ДПМНЕ како единствен бастион и чувар на македонското име, јазик и култура |
По неодамнешното распуштање на парламентот и предвремените парламентарни избори закажани за 25 јануари, Грција се наоѓа пред нови искушенија. Левицата според анкетите е фаворит за победа, а водачот на СИРИЗА Алексис Ципрас најави дека сака да ја прекине политиката на штедење наметната од кредиторите, што предизвика тревога во ЕУ. Очите на Брисел се вперени во Атина и веќе се калкулираат последиците доколку по изборите опозицискиот водач А. Ципрас ја превземе владата и престане со отплата долговите. Најголемите земји доверители сметаат дека неизбежно ќе дојде до излегување на Грција од еврозоната, но некои се на мислење дека Грција треба да се исфрли од Еврозоната, но не и од ЕУ, поради лажирање на статистиката и измамите со кои дојде до еврото. Без разлика кој и да дојде на власт, поради неевропското однесување на јужниот сосед му престојат политички турболенции, што преставува плодна почва за подгревање на национализмот, но и за пресметки меѓу истокот и западот. Во такви услови, кога препораките веќе пристигаат и не се почитуваат, кога часовникот и за нив се врти наназад, за да се постигнат одредени цели, но и да се сврти вниманието на народот, грчката политика во преден план неизбежно ќе го заостри односот кон македонското прашање, проследено со уцени и закани. Повторно Македонецот ќе треба да ги апсорбира ударите кој ќе ја потресуваат Грција. Дека нешто веќе се случува во тој правец покажува синхронизираната кампања во грчките медиуми против проектот Скопје 2014, која сесрдно е поддржана од дел од македонската опозиција и соросовите експозитури во земјава. Отворената борба против се што е со предзнак македонско, против Македонизмот, добива на интензитет и всушност е насочена кон ВМРО ДПМНЕ како единствен бастион и чувар на македонското име, јазик и култура. Грција и нејзините македонски опозициски колаборационисти, како во времето на нацизмот, трошат огромни средства за спроведување на синхронизирана кампања во која се изнесуваат навреди и критики за проектот Скопје 2014 и сите оние кои го подржуваат. Уличниот речник кој притоа го користи македонската опозиција и соросоидите ни најмалку не прилега на интелектуалци, како што сакаат да се престават во јавноста. Напротив користењето на уличниот речник, како на пример зборовите прости, сељаци и стока за сопствениот народ, само укажува дека овие т.н. прогресивни сили немаат аргументи со кои можат не само да го оспорат проектот 2014, туку не можат да го срушат ниту името, јазикот и идентитетот. Македонската опозиција не може никако да сфати дека не се господари на Македонија и дека не може да тргуваат со името, знамето, идентитетот и македонската територија. Исто така опозиција не може да сфати дека се само имструмент на грчката политика, која нема да ги донесе повторно на власт, зошто таа не одлучува, туку македонскиот народ. А тој добро знае кој е, што е и што сака. Никој не може и не смее да го потценува сопствениот народ. Иако не се во Европската унија, Македонците се вистински Европејци, зошто уште од времето на Македонската империја, Римското царство, Византија, Отоманската империја, Југославија, тие живееле со векови и докажале дека знаат да живеат во заедница со другите народи, едни покрај други. Тие многу одамна знаат што е „ЕУ“, што е соживот, знаат да ги почитуваат луѓето без разлика на нациналната, верската или половата припадност. И покрај вековниот заеднички соживот, тие не заборавиле дека се Македонци, не ја заборавиле својата традиција, култура, идентитет, чиј дух денес се отсликува на Скопје 2014. Меѓутоа, она што Македонецот го заборавил тоа е национализмот, кој во денешно време во блага форма и те како е потребен, ако сака македонскиот народ да не исчезне од историската сцена. Отука македонскиот народ дури треба да му се заблагодари на однесувањето на Грција. Поранешниот европратеник Дорис Пак која на времето се занимаваше околу евроинтеграциите на Македонија и воопшто на Балканот во тој контекст во дадено интервју вели: „Грчкиот национализам кој ја прави блокадата го разгорува и македонскиот национализам. И ова доаѓа од една земја која е членка на Европската унија, членка на НАТО, од што таа земја стравува? Од ништо. Од една мала земја која се вика Македонија? Господи, ако речеме Македонија или Северна Македонија, на крајот не можеме да негираме дека луѓето кои живеат таму се Македонци, зборуваат Македонски јазик, имаат македонско вино, македонско грозје или македонско сирење, сето тоа негирање оди само во полза на национализмите“. Оттука таа смета дека за недозволувањето на Македонија да ги започне преговирите, ЕУ прави грешка. Како што вели Пак „Грција е таа која се уште блокира... Не би зборувала за Грција, туку за грчките политичари кои не гледаат што се случува од другата страна и не се согласуваат да земјата се развива кон Европската Унија.“ Сепак, решавањето само на финансиските проблеми со кои денес с соочува Грција, нема да помогнат во консолидацијата на земјата, без решавањето на македонското прашање. А Грција е земја која отсекогаш ја лажела, ја менувала не само статистиката туку и историјата, и ја уценувала меѓународната заедница кога е во прашање Македонија, без разлика на цената која ја плаќала. Така да, се додека ЕУ и НАТО не преземат сериозни мерки кон Грција, наместо економски да напредува, таа ќе стагнира и ќе преставува извор на нестабилност во регионот. |