|
|
Василичарски традиционален дух во Зубовце |
Василица во гостиварското село Зубовце се слави со децении наназад, од 1990 година наваму повеќе, во едноумието се славеше меѓутоа тие што беа во тогашната комунистичка партија не ги отвораа вратите за василичарите, денес тоа веке не е пример, денес сите ги отвораат широко вратите. Празничен Василичарски амбиент, Василичари од рано наутро, уште пред зорите, така осамнува во гостиварско Зубовце. Раздвижено и весело. Селото се буди со песна, со чукање на врата, со честитки и желби за добра среќа, здравје и бериќетна година. Сите прославуваат, и тоа трае со традиција, се предава од прадедо на внук. Василичарите секоја година почнуваат со посета на домовите и шетање по селото на 13 после полноќ, спрема 14. Јануари, и тоа се до раните утрински часови наредниот ден. Утрото прво одат поголемите дечињата во групи од куќа на куќа, пеат василичарски песни и се дарувани од домаќините со колбаси, јајца, пари, грав и кој што се спремил со дарови, но вообичаено даровите се храна и пари. Утрото за најмалите дечиња кои со своите родители или со баба и дедо одат кај соседите и блиски пријатели, во чест на Василичарската традиција, повеќе служи најмалите да се навикнат на оваа традиција. И годинешниот јануари за ова потшарпланинско село ќе биде голем и убав ден. Мини - маскенбалот, песните и дружењето ќе ги развеселат зубовчани и гостите кои се очекуваат да дојдат. Во Зубовце секоја година откога ќе заврши адетот со василичарите се вари вкусно зубовско гравче со сланина и се канат зубовчани на празничната трпеза. Веселбата тука не завршува, се слави и наредните неколку дена се додека Василичарите имаат од храната која ја собрале. Македонска нација |