Среда, 14 Јануари 2015   
Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во текот на развитокот на македонската револуционерна борба се појавиле голем број на внатрешни делби, политички идеологии кои секоја на свој начин посакувала да се реши македонското прашање без разлика дали тоа соодвестувало или не соодвестувало со реалната состојба и политички прилики во тој момент од историјата.

Во 1893 година во Солун на 23 октомври долгогодишната желба за слобода на македонскиот народ резултира со формирање на Македонската Револуционерна Организација, која во своите програмски цели си задала за задача Македонија да стане автономна со своја власт и институции и како таква да егзистира на Балканот без никаква подршка или протекторат на било која од соседните земји.

Откако ќе заживее Организацијата и ќе почне да ја развива револуционерната дејност меѓу македонскиот народ најпрво како што вели Гоце Делчев “Прво секој човек да го ослободиме од помислата дека е роб ” агитирале меѓу народот за жал без сеуште организирани воени единици и воопшто со слаба организациона мрежа. Во овој период во Софија во 1895 година се формира Македонскиот комитет на чело со Трајко Китанчев по потекло ресенчанец. Начелно овој комитет треба да се бори за Македонија, за нејзината слобода но за жал подоцна и на изненадување на нејзиниот преседател таа ќе се претвори во орудие на бугарскиот двор и ќе ја спроведува пробугарската претензионистичка политика во Македонија. Оваа организација за разлика од МРО била легална и делумно финансирана најпрво од бројната македонска емиграција во Бугарија аподоцна нејзин најголем финансиер ќе биде бугарската влада и бугарскиот двор.

Македонскиот комитет ќе ја прескокне теориската агитација и ќе спроведува таканаречена вооружена агитација и прв резултат на тоа е Мелничкото востание од есента 1895 во кое Борис Сарафоф победонсно ќе влезе во Мелник,ќе дигне голема фама дека ете кончно започна ослободувањето и ќе замине од градот, при приот налет на османлиските војски и ова востание нема да предизвика ништо друго освен голем терор врз македонското население и разнебитување на неговата организирана борба. Наскоро по ова востание ќе почине и преседателот на Македонскиот Комитет,Трајко Китанчев од срцев удар иако бил на доста млада возраст а во некои извори, се вели дека неговата смрт уследила по инфомацијата за катастрофата на Мелничкото востание и како последица на фактот што сфатил дека организацијата на која што и го посветил животот станала орудие на бугарската влада.

По овој момент настапува првиот расцеп во македонското револуционерно движење односно првата поделба на Централисти и Врховисти земајќи ги имињата првите од Централниот Комитет на ТМРО а вторите според новото име на Македонскиот Комитет, Врховен Македонски Комитет (преименуван е во 1896 година).

Врховниот Македонски Комитет како што и самото име кажува сакал да се постави на чело на цело македонско револуционерно движење,додека ТМРО се трудела да остане што е можно посамостојна и понезависна од политиките на соседните држави за разлика од ВМК која пак целосно се ставила во сенката на бугарската влада и бугарскиот двор .

Врховистите сметале дека дека автономијата на Македонија е само една преодна етапа и подоцна во подцнежниот развиток ,во првата прилика кога опшествените и политичките услови ќе дозволат Македонија треба да се обедини со Бугарија. Видни преставници на врховистичкото крило се : Борис Сарафов, Иван Гарванов,Дончо Златков,Христо Матов и др. За врховистите и нивното политичко решение за македонското прашање Јане Сандански ќе каже:”Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте.

Сепак и покрај жестоките борби и дискусии кои што ги воделе со ТМРО, Врховниот Комитет продолжил да се меша и понатаму во македонското движење вртејќи ја насоката на движењето кон Бугарија. Во овој контекст тие токму и пред  Илинденското востание ќе ги предизвикаат двете воени провокации Горноџумајското и Тушимското востание кои ниту за цел имале да придонесат кон ослободувањето на Македонија, ниту пак им било важно дали и колку населението е спремно за таков чин.Едноставно преку ноќ носеле решенија и истите ги спроведувале не сметајќи на подоцнежните далекусежни последици.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.