Среда, 14 Јануари 2015   
Вратено ѕвоното од саат кулата во Неготино

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Би било коректно кога српските медиуми, како што пишуваат за ѕвоното на Караѓорѓе, од Неготино-Вардар- Македонија, да презентираат податоци на јавноста и за артефакти кои се наоѓаат во Србија, а се дел од македонското културно наследство.

Неодамна на порталот на србски РТС (09.12.2015) беше објавена сторија за судбината на ѕвоното кое за време на Првото србско востание Караѓорѓе му го поклонил на црквата Лазарица во Крушевац. Иако ѕвоното било украдено за време на ропството под Турците, тоа било вратено 115 години подоцна, така да и ден денес во Крушевац повикува на служба. Сторијата за ова ѕвоно е поврзана со саат кулата во Неготино-Вардар, Македонија.

По ослободувањето на Крушевац од Турците во 1833 година, во црквата Лазарица во Крушевац почнале богослужби без ѕвоното кое го однеле Турците. Тогаш се изгубил трагот на Караѓорѓевото ѕвоно излиено во 1812 година во Белград. По три години црквата добила три нови ѕвона, а потрагата по Караѓорѓевото била прекината и тоа било заборавено. Новите ѕвона се користеле до Првата светска војна кога биле однесени од Австро-унгарците. Четири години потоа црквата Лазарица добила нови ѕвона.

Меѓутоа, неколку години потоа, кога Вардарскиот дел на Македонија е под србска окупација, Црковната управа добива писмо од жандарскиот наредник Никола Враниќ со опис на ѕвоно на кое пишувало дека Караѓорѓе го поклонил на црквата Лазарица пред 115 години. Утврдено било дека ова ѕвоно долго ја красела саат кулата во Неготино на Вардар, од каде било извадено.   

Како што пренесува порталот, според библиотекарката и летописецот на црквата Лазарица, Љубица Петковиќ, откривањето на ова ѕвоно станало случајно. За овој настан таа вели: „По сведочењето на еден Крушевљанин, србскиот полицаец (жандар) Радослав Митровиќ, бркајќи некои крадци од Кавадарци, стигнал во Неготино и во една визба ги фатил во моментот кога се спремале да го претопат ѕзвоното на Караѓорѓе“.

Инаку ѕвоното од Неготинската кула која е изградена во 1821 година, конечно било вратено во Крушевац на Богојавление 1928 година, а наместено е на Свети Јован. И ден денес тоа се огласува од кулата на ѕвоникот на Лазарица, со уште две ѕвона од 1921 година.  

Во 1928 година Србите си го вратија своето ѕвоно од 1812 година, кое е дел од српското културно наследство, но, истовремено од територијата на Македонија се изнесуваат предмети со непроценлива вредност кои иако се дел од македонското културно наследство до ден денес се чуваат во Народниот музеј во Белград. Непроценливите артефакти од некрополата во близината на Охридското село Требениште, како бронзен кратер, двете златни маски, златни сандали, пехари, ѓердани и др., како и други предмети најдени на локалитетите во Македонија, дури биле преставувани на светската јавност како артефакти без точно потекло и ден денес се наоѓаат во Народниот музеј во Белград.

Вредни предмети од македонската историја се изнесувале во Србија уште во  XIX век,

сепак, најмногу тоа е направено по Балканските војни.

Во периодот меѓу двете светски војни на територијата на Македонија се вршат систематски ископувања и во Србија се однесени бројни вредни артефакти. Само од локалитетот Требениште кој се истражува во 1932 година, во Србија се наоѓаат над двеста и педесет предмети.  Во Белград се наоѓаат и исклучително вредни предмети кои потекнуваат од Стоби, Хераклеа, како и други локалитети во Македонија.

Што се е изнесено од Македонија во Србија никој точно не знае, ниту пак некој ги открива овие податоци. Тие преставуваат тајна за јавноста.

Србија успеала да го врати ѕвоното на Караѓорѓе, но, во Македонија не вратила ништо од она што го ископала, освен музејска копија од златната маска од Требеништа чиј оригинал се чува во Народниот музеј во Белград. Во 2012 година таа беше врачена за Новиот археолошки музеј на Македонија.

Би било коректно кога србските медиуми, како што пишуваат за ѕвоното на Караѓорѓе, од Неготино-Вардар- Македонија, да презентираат податоци на јавноста и за артефакти кои се наоѓаат во Србија, а се дел од македонското културно наследство.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.