|
|
Хуманитарен караван на УМС во Западна Македонија |
Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ја продолжи хуманитарната акција во Западна Македонија. Карванот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, предводен од генералниот секретар Бојан Стојаноски, организациониот секретар Дарко Костовски и членовите на Извршниот комитет, Камелија Спасова и Александар Карапетров, реализираа неколку посети на различни локации во Западна Македонија. Претставниците на УМС, како дел од акцијата „Се грижиме“, со која се опфатени голем број на различни категории на лица на кои им е потребна поддршка и помош, во пресрет на Стара нова година, го посетија пензионерскиот дом во Тетово. Покажувањето грижа и разбирање за потребите на постарите лица од страна на младите од владеачката партија, кај пензионерите предизвика пријатни чуства и измами среќна насмевка на нивните лица. По изменетите честитки, младите на УМС се приклучија на празничниот ручек, поминувајќи пријатни моменти во неколку часовното дружење. По посетата на пензионерскиот дом, карванот ја продолжи својата мисија во село Стенче-Општина Брвеница. Тука преставниците на УМС посетија социјално загрозено семејство на кое донираа храна. Воочувајќи ги тешките услови во кои живее семејството, младите сили на владеачката партија договорија голема хуманитарна акција со која би се обезбедило мебел за нивниот дом. Од Брвеница, караванот продолжи за селото Сиричино, Општина Јегуновце. Во рамки на акцијата ,,Биди и ти нечиј Дедо Мраз'', младите поделија пакетчиња на многудетно семејство, на кои само пред еден месец куќата им настрада во пожар. Искрената насмевка на дечињата од оваа семејство, беше најголемата награда за претставниците од УМС. Меѓутоа, карванот на преставниците на УМС, не заврши овде. Тие заминаа во село Јегуновце, каде се сретнаа со тамошните пензионери на меѓугенерациско дружење, средба помеѓу искуството и енергијата. Денешниот караван заврши во село Лешок, Општина Теарце, каде претставниците на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и младите на УМС од Теарце, заедно го посетија Лешочкиот манастир. Од ово место, симбол на македонскиот непокор, младите порачаа: „тоа што за повеќето претставува малку, за некои луѓе е премногу“. Младите на УМС на ВМРО ДПМНЕ од секогаш биле и ја негувале хуманоста, од секогаш знаеле да се грижат и да ја подадат раката на тие на кои помошта им била и им е најпотребна. А да се биде хуман, значи да има се повеќе насмеани лица. |