Македонски легенди
Среда, 16 Октомври 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Ана Малешевска

anaАна Малешевска

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Методиј Алексиев

metodijМетодиј Алексиев

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Петров Крајничанец

Ivan KraynichanetsИван Петров Крајничанец

Иван Петров Крајничанец (1869 – X 1945) е македонски преродбеник, еден од првите фармацевти во Македонија. Дипломирал на Фармаколошкиот факултет во Лозана во 1897 година. По покана од Бакалскиот еснаф во Солун отворил аптека “Зора“, која била сврталиште на Македонците. Со оглед дека постојано бил под контрола на турските власти, кои често го затворале, тој ја затворил аптеката и отворил нова аптека “Зора“ во Прилеп  во 1906 година, која успешно работела до неговата смрт

Иван Петров Крајничанец е роден во 1869 година во велшкиот село Крајници. Околу 1876 година почнал да учи во егзархиското училиште во родното село на неговата мајка, Војница. Потоа учел во велешкото училиште „Св. Свети Кирил и Методиј “.

Во 1882 година Крајничанец продолжил да учи во Солунската машка гимназија, која ја завршил во 1889 година. Под влијание на неговите учители во гимназијата, Васил Канчов, кој го замолил да собере материјал за Јордан Хаџикостантинов и Димитар Матов, Крајничанец започнал да собира фолклорни материјали од Велес и Велешко и да ги објавува во весниците. Во 1895 година тој објавил „Свадбени обичаи и песни од Велешко“.

Од 1891/1892 година Иван Петров Крајничанец предавал неколку предмети во училиштето во Велес. Во 1894/1895 година станал постар учител во училиштето „Св. Свети Кирил и Методиј“. Но, на почетокот на следната учебна година, тој бил сменет од постар учител и по конфликтот со егзархиската митрополија и владиката  Авксентиј Велешки, тој си заминал.

Крајничанец заминал за Швајцарија, каде се запишал на Факултетот за фармација на Универзитетот во Лозана. Дипломирал во есента 1897 година и потоа полагал испит за признание на дипломата на Медицинскиот универзитет во Цариград.

На барање на Бакалскиот еснаф во Солун, фармацевтот Крајничанец отворил аптека во Солун во април 1898 година. Аптеката “Зора“ станала сврталиште на Македонците што ги иритирало Грците и тие почнало да прават разни интриги пред властите за да ја затворат. Поради тоа аптеката беше подложена претреси и честопати беше затворена, а Крајничанец периодично беше апсен под обвинување дека ги снабдувал со лекови ранетите четници на Македонската револуционерна организација. Крајничанец се зближува со дејците на Македонската револуционерна организација и ги исполнувал задачите на Организацијата. По Солунските атентатите во пролетта 1903 година, Крајничанец успеал да го избегне масакрот, но заедно со многу други Македонци бил уапсени,  а аптеката била затворена.

Во градот се отвориле и други аптеки, што во комбинација со постојаното грчко клеветење, претреси и апсења од страна на турските власти, го принудија Крајничанец да ја затвори аптеката и својот бизнис подоцна да го пренесе во Прилеп.


Имено, во 1903 година тој се оженил со Ефросима Вандева од Прилеп и во 1906 година, по совет на неговиот свекор и неговата сопруга, а на повик на лекарот, д-р Трпко Филипов,  Крајничанец го пренел бизнисот во Прилеп, каде што ја отворил аптеката „Зора“, која успешно работела до неговата смрт.

Во 1942 година, за време на бугарската окупација на Македонија, Крајничанец ги објавил своите мемоари во Скопје.

Иван Петров Крајничанец умира во октомври 1945 година во Прилеп.

 
Среда, 25 Септември 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Борис Стојчев

stojcevБорис Стојчев

Повеќе...
 
Среда, 18 Септември 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Михајлов - зограф

isusДимитар Михајлов - зограф

Повеќе...
 
Среда, 11 Септември 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Ацев

114Димитар Ацев

Повеќе...
 
Среда, 04 Септември 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Антевски – Дрен

Antevski dren

Васил Антевски – Дрен

Повеќе...
 
Среда, 28 Август 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Царевна Миладинова

91Царевна Миладинова

Повеќе...
 
Среда, 21 Август 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Рајна Алексова

RajnaРајна Алексова

Рајна Алексова (25. XII 1882 – 23. II 1959) е македонски фармацевт. Дипломирала на 17. VII 1906 година на Фармацевскиот факултет во Лозана, Швајцарија. Таа е прва жена фармацевт во Македонија и на Балканот. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „Широк сокак“ во Битола се до пензионирањето во 1944 година.

Рајна Алексова е родена на 25 декември 1882 година (15 јануари 1883 г.),  во Битола. По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа со својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и воедно ја имал првата апотека во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет во Лозана. Четири години потоа, дипломирала на 17 јули 1906 година, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.

Таа со гордост се преставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 година од швајцарските универзитетски власти на француски јазик стои запишано дека Рајна Алексова по националност е Македонка. (Тоа може да се види од копијата на дипломата која е верна на оргиналот со датум од 01.11.2018 гидина, а која ја имаат добиено наследниците по нивно барање, додека оргиналната диплома се наоѓа во Софискиот музеј во Бугарија.)

Веднаш по дипломирањето Рајна Алексова сакала да отвори сопствена апотека. Меѓутоа, таа се судрила со тогашните турски закони кои не дозволувале жените да обавуваат апотекарска професија. Сепак, Рајна не се откажувала. Таа пратила писмо до Цариград и барала, „за добро на народот во Битола“, да ѝ се овозможи да отвори сопствена аптека.

Додека чекала дозвола од турските власти да почне да работи како апотекарка, Рајна почнала да работи како милосрдна сестра во Ќустендил. Во јуни 1907 година таа била испратена во бугарската болница „Евлоги Георгиев“ во Цариград. Рајна по извесно време ја напуштила болницата и од февруари 1908 година работела како учителка по хемија во женската гимназија во Едрене.

Со промените по Младотурската револуција, Рајна Алексова добила дозвола да работи како аптекарка. Хилми-паша успеал да издејствува – сите родени во Македонија што работеле во Бугарија и кои не биле компромитирани да добијат дозвола за работа. Така, Рајна како прва жена на Балканот ќе добие специјална дозвола да работи како аптекарка.

Во 1909 година, таа веќе работи во апотеката кај својот брат трговецот Ристо Алексов.

Балканските војни и Првата светска војна оставиле вистински хаос во Битола кој се наоѓал на линија на Македонскиот фронт.

По Првата светска војна, во 1919 год. била испратена комисија од тогашното Министерство за народно здравје на Кралството на СХС за да ги провери условите за работа во сите аптеки. Најпрво ја посетила аптеката на Рајна Алексова, која била најпопуларна во градот. И покрај тоа што најдобро работела во Битола, аптеката на Македонката Рајна Алексова била парично казнета со 30 динари. Во извештајот што го напишала комисијата сепак стоело дека немало услови за работа: аптеката не одговарала на прописите од санитетскиот закон, одаите биле недоволни, а бил затекнат и нејзиниот брат Ристо како издава рецепти, кој бил трговец и не бил квалификуван за аптекар.

Комисијата побарала Рајна да ја достави својата оригинална диплома за завршен факултет, која, пак, бугарскиот окупатор при повлекувањето од Битола ја однел со другата архива во Бугарија. Рајна добила дупликат диплома од факултетот во Лозана, која била судски заверена како верна на оригиналот, на 14.12.1919 година. И, така, аптеката ја продолжила својата работа. Подоцна Алексова ја откупила аптеката од својот брат и во неа работела се до своето пензионирање во 1944 година.

Аптеката била национализирана и станала државна аптека.

Рајна Алексова водела работни аптекарски дневници. Нејзините дневници со рецепти се од француско потекло, уредно заверени на првата страница и пишувани на француски јазик. Денес тие се чуваат во Историскиот архив во Битола, како „Фонд на аптеката на Рајна Алексова“.

Инаку, во нејзината аптека ординирале и препишувале лекови познатите лекари Александар Дума, Илија Аждари и Анастас Христиди.

Рајна Алексова починала од насилна смрт на 23 февруари 1959 година во Битола.

Луѓето што кај неа живееле како потстанари, ја задушиле и со себе однеле пари и сѐ што било вредно во нејзината голема семејна куќа.

(извори: МЕ, Скопје 2009; „Битолчанката Рајна Алексова прва аптекарка на Балканот“, Н. Македонија, 01.12.2018)

Rajna Aleksova

 
Среда, 14 Август 2019 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Белев

maxresdefaultГеорги Белев

Георги Белев (14 IV 1868 - 1945) е македонски револуционер, просветен деец и директор на Солунската гимназија. Во 1912 - 1913 година бил последен директор на егзархоската гимназија во Солун пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Во нив Белев истакнува дека „Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Иванов Белев е роден на 14 април 1868 година0 во Охрид. Според други извори тој е роден во 1875 година. Во 1889 година завршил четврта година на Солунската егзархиска гимназија, а во 1893 година математика на Софиското вишо училиште.

По завршувањето на образованието учителствувал во Државната машка гимназија „Кнез Борис“ во Русе и во Габровската гимназија „Васил Априлов

Георги Белев е член Младата македонска книжевна дружина, во која учествуваат голем број македонски просветители и обштественици од Македонија. Тие се познати уште како "лозарите". Меѓу нив се Евтим Спространов, Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Даме Груев, Гоце Делчев, Лука Џеров, Иван Хаџи Николов и Христо Матов, Војдан Чернодрински и др.

На IX Конгресот на Врховниот комитет станал нејзин член, а во 1901 - 1902 година бил касиер на крило на Стојан Михајловски и генерал Иван Цончев. За време на Илинденското востание тој бил секретар во четата на ВМОК на Јордан Стојанов во Серско.

По Илинденското востание, цончевистите се обиделе да ја искористат кризата која настанала во македонското националноослободително движење. Како и во минатото, врховистите се обиделе да ја потчинат Внатрешната организација преку преговори и предлози. Георги Белев учествува во мисијата спроведена во април 1904 година во Македонија, кога дошил во Солун, за да се водат преговори со Внатрешната организација. Според Белев требало да се постигне договор за кординација на активностите меѓу двете организации.  Но во тоа време ЦК бил распуштен и тој водел разговори со Солунскиот окружен комитет.

Од 1905 до 1911 година Белев бил директор на Трговската гомназија во Бургас, а од 1912 - 1913 година бил последен директор на Солунската егзархиска гимназија пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. По војните, тој беше шеф на одделот во Дирекцијата за државен долг на Бугарија.

Во 1928 година, Георги Белев бил во раководство на Охридското македонско братство.


Георги Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Како директен учесник во настаните за време на Илинденското востание Белев сведочидекаво периодот спроти востанието, додека македонските и одринските комитети прибирале финансии за востанието, бугарската влада ги опструирала преку конфискување на имот на македонските друштва во Бугарија, на разни документи, вредни предмети, апсење на Македонците и сл.

Исто такаБелев во нив ќе истакне дека„Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Белев починал во 1945 година во Софија.

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.