Иселеници и Регион
Среда, 30 Јануари 2013 04:01   
Германист, славист, лобист...

natasa-stojkovska-240Наташа Стојковска, славист, германист и предавач на Универзитетот Хумболт во Берлин, работи и на меѓу културната комуникација меѓу Македонија и Германија и е своевиден хоби-лобист за својата татковина.

Повеќе...
 
Среда, 23 Јануари 2013 04:02   
Реакции за изложбата за Александар Македонски во Сиднеј

pisma-od-makedonija-240Повеќето интересни реакции за веста во електронскиот весник  „Македонска нација“ од 9 јануари 2013 во врска со “Руската изложба за Александар во Сиднеј”(1 дел), која се одржува од 24 ноември 2012 до 28 април 2013 година, во познатиот музеј на Нов Јужен Велс, Австралија, со почит се насочени кон ангажираноста на  авторот, а од страна на автори на слични македонски дела или интелектуалци со високо разбирање на македонската историја.

Повеќе...
 
Среда, 23 Јануари 2013 04:01   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ - активности во Европа и Австралија (18)

janko-tomov-240Негативни реакции од поедини основачи на поранешни политички македонски организации и бивши лидери кон ВМРО-ДПМНЕ, пред, за време и по неговото основање.

Повеќе...
 
Среда, 16 Јануари 2013 04:02   
Празнични видувања во Сиднеј

sidnej240За време на Божиќните празници чувствителен е пулсот во Македонските заедници насекаде во светот. За Бадник, ден пред Божиќ, во Сиднеј допатуваа Јанко Томов, член на ДООМ и дописник во веб порталот „Македонска нација“ и неговата сопруга Маргарет Томов, директорка на основно училиште во Бризбан.

Повеќе...
 
Среда, 16 Јануари 2013 04:01   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (17)

osnovaci-240На 19 Август 1990 година во населбата Туарт Хил (Tuart Hill) во Перт, во просториите на Гренвил Хол (Grenville Hall), се одржа Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ за Перт и Западна Австралија. Најхрабрите Македонци кои ги имаше преку 60-тина, сложно и со голем успех, наспроти лукавноста на поединци про-социјалисти го одржаа Основачкото Собрание.

Повеќе...
 
Четврток, 10 Јануари 2013 13:10   
ПРАЗНИЧНИ ВИДУВАЊА Во СИДНЕЈ

_1-001За време на Божиќните празници осетлив е пулсот во Македонските заедници насекаде во светот. За Бадник, ден пред Божик, во Сиднеј допатуваа Јанко Томов, член на ДООМ и дописник во веб страницата „Македонска нација“ и неговата сопруга Маргарет Томов, директорка на основно училиште во Бризбан.

Повеќе...
 
Среда, 09 Јануари 2013 04:00   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (16)

osnovacko-sobranie-1990-240Во 1989 година, списанието „Глас на Македонците“ од Сиднеј, престана да се печати. Една од причините  беше појава на нови весници, како „Австралиски Македонски Неделник“ (АМН) и „Тудеј“ (Денес), двата од Мелбурн. Тоа истовремено влијаеше и на  популарноста  и на зголемениот тираж на  весникот „Македонија“ од Мелбурн. Двата нови весници, едниот со повеќе про-комунистички, односно социјалистички содржини и информации за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а другиот слично, но малку поблиску до демократијата, за македонската емиграција од СР Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 02 Јануари 2013 17:15   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (15)
grb_vmro-dpmne_90Користење на претходните Статути на ОМК и ДООМ, кои послужија за изготвување на  ДПМНЕ и на ВМРО-ДПМНЕ

Пишува: Јанко ТОМОВ

По Втората Светска Војна, како прв Статут на македонското иселеништво во 1967 година, кој е евидентиран, односно напишан од Ослободителниот Македонски Комитет (ОМК), при што подоцна е модифициран за ДООМ се` до Статутот на ДПМНЕ, односно на ВМРО-ДПМНЕ во 1989-90 година. Да ја  погледнеме содржината на еден од првите Статути донесен на Уставотворниот Конгрес на ОКМ: Материјали и документи од 1967 година, Минхен, Германија:

Глава Прва: име, цел и карактер (членови 1 – 2);

Глава Втора: Членство (чл. 3 -  9);

Глава Трета: Устројство на ОКМ (чл. 10 – 14);

Глава Четврта: Највисоки органи на ОКМ: А. Конгрес (чл. 15 – 17), Б.Национален Совет (чл. 18 – 22);

Глава Петта: Братски судови (чл. 23);

Глава Шеста: Публикации на ОКМ (чл. 24);

Глава Седма: Финансирање на ОКМ;

Глава Осма: Сојузи и спогодби со други македонски и немакедонски организации и политички фактори (чл. 26);

Глава Деветта: Знаме, Грб и Печати (чл. 27 – 29);

Глава Десетта: Посебни правилници (чл. 30). Овој материјал е печатен на 46 страници.

Во врска со национално-политичките статии и написи на организациите на македонското движење на почетокот се запазени следните статии, прочитани од Уставотворниот Конгрес на ОКМ, со следните реферати и говори:

Сандо Христов: „Јакне и крепне македонската национална борба” (поднаслови: Политика без успеси не е политика; ОКМ во емиграцијата го постави македонското прашање на реална основа и нашата организација прерасна во вистинско национално револуционерно движење);

Миле Илиевски: „Да бидеме будни и постојано на штрек” (поднаслови: Без материјални жртви не можеме да водиме никаква борба; Борбата треба да ја пренесеме внатре во Македонија);

Мирче Богоевски (говор): „Македонци, гнасете се од новите врховисти” ;

Тодор Лепазов (говор): „Нашата организација е демократска” (поднаслови: Да бидеме борбена елита; Нашата пропаганда треба да има подлога само од вистина);

Ѓорѓи Трифунов (говор): „Ќе работиме само за една вистинска конфедерација”;

Драган Богдановски (говор): „Македонија земја на несреќи” (поднаслов: Драги браќа). Рефератите и говорите се печатени во весникот „Македонија”.

При самото ослободување од затворот во Идризово, Скопско, Драган Богдановски ги прибира своите ракописи од затворот, што скришум успеал со врски да ги даде на свои познаници и пријатели. Делови од тие пишувани документи, стигнуваа и до нас во Австралија. Така Драган, при повторното емигрирање во Шведска и Германија во пролетта 1989 година, веќе интензивно работи на Статутот и Политичката програма на ДПМНЕ.

На крајот на 1989 година, Богдановски го објавува Манифестот до македонскиот народ: „Демократска Партија за Македонско Национално Единство - М а н и ф е с т до македонскиот народ” - Македонски народе!

Понатаму, Драган пишува: „Ти не си сам македонски народе! Со тебе е Демократската Партија за Македонско Национално Единство, произлезена од Македонското Револуционерно Движење, кое во себе го носи бесмртниот дедовски илинденски идеал”.

dragan-bogdanovski-manifest

При формирањето на Координативниот Совет на ДПМНЕ за дијаспората, во кој Драган Богдановски го поставил Панко Стамкоски за потпретседател за Австралија и Јонче Трајчевски за член, обајцата од Мелбурн, а исто така и Јанко Томов за член од Перт, Западна Австралија.

Михаил Шариновски - Солунски и Крсто Шкодров не го прифаќаат предлогот на Драган, да бидат дел од членството, а го препорачуваат Јанко Томов за раководител на ДПМНЕ за Западна Австралија и член на Координативниот Совет за Австралија. Михаил Шариновски – Солунски, се чувствува навреден од Драган, затоа што Драган не го поставил за потпретседател, бидејќи бил долгогодишен претседател на ДООМ и уредник на „Македонска нација”, од времето на затварањето на Драган во 1977 година до формирањето на НОФМ (види во книгата: “Поткрепа од убавиот Перт” од Јанко Томов, 2000 година, Бризбен, Австралија).

Во едно писмо на Јанко Томов до Драган Богдановски од 20 мај 1990 година, се спомнуваат неколку поглавја на пообемниот материјал: „Замислата и концептот за функционирањето на ДПМНЕ во дијаспората”. Во тој материјал, Томов му предлага на Богдановски, ограноците на ДПМНЕ во дијаспората да бидат со свои раководства како членки на Политички Комитет на ДПМНЕ во склоп на Координативните Комитети по континентите:

1. Политички Комитет на ДПМНЕ од Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија. Тие Политички Комитети да бидат под водство на:

2.  Австралиски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

3. Политички Комитет на ДПМНЕ за Шведска, Австрија, Германија, Белгија, Холандија и Франција под водство на:

4.  Европски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

5. Политички Комитет на ДПМНЕ за Егејскиот дел на Македонија, Пиринскиот дел на Македонија и македонскиот дел во Албанија, под водство на:

6.  Македонски Координативен Комитет на ДПМНЕ.

Сите спомнати Координативни Комитети по континентите да бидат во контакт и соработка со:

7.  Обединет Македонски Комитет на ДПМНЕ.

П р о д о л ж у в а
 
Среда, 02 Јануари 2013 17:08   
Оваа празнична сезона, Македонците од дијаспората им помогнаа на сирачињата

DSCF0218Во петокот на 21 декември 2012 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Обединетите Македонци-Американци од Детроит (ОМАД), Ајвар ДОО, како и организацијата “Пенс фор кидс интернешнл” (ПФКИ) ја доставија многу-потребната помош на сиропиталиштето "11 Октомври" во Скопје, во вид на дваесет и пет нови кревети и училишен прибор за сите сирачиња во домот.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:05   
Македонски проект во Националниот музеј на Австралија

Aleksandar_RazmoskiДека дигиталната уметност предизвикува голем интерес меѓу младите во Австралија потврдуваат информациите добиени од Австралискиот национален Музеј во Канбера. Доволно мотивирани и спремни за предизвик, истражуваат во сферата на рударската индустрија. Еден од нив е и 20 годишниот Александар Размовски. Тој е од македонско потекло и  вели дека е прв Македонец запишан на Australian National University, во Камбера. Ова му е веќе втора година како студира Диплома на дигитална уметност на Австралискиот национален Универзитет во Канбера. Негова цел е да создаде високо квалитетен визуелен материјал, кој би можел креативно да се изрази преку анимација, звук и визуелни ефекти.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.