Иселеници и Регион
Вторник, 02 Април 2013 11:55   
Mакедонскиот јазик да стане официјален во Грција

nova_zoraВо сите образовни институции (основни училишта и гимназии) во општината Мелити (Овчарани) да се учи на македонски јазик.

Повеќе...
 
Сабота, 30 Март 2013 17:54   
Булќиза им одговори на Македонците од Голо Брдо на нивното барање за изучување на македонскиот јазик

MOST-2Канцеларијата за образование во Булќиза им одговори на Македонците од Голо Брдо на нивното барање за изучување на македонскиот јазик

Повеќе...
 
Среда, 27 Март 2013 03:32   
Македонци во австралискиот Парламент

australian-parliament

Денес во светот  има околу 190 милиони имигранти кои заминуваат во поразвиените земји за подобри можности за вработување, економска и социјална сигурност.

Во 2005 година бројот на имигранти во Австралија рапидно се зголеми од 30 000 на 123.424 за во 2006 да достигне бројка од 144.000 Познато е и тоа дека голем број Македонци живеат и работаат надвор од својата татковина.  Некои заминале  како деца бегалци од родните огништа во Беломорска Македонија а многумина како печалбари од економски причини. Без разлика од кои причини ги напуштиле родните огништа, иселениците трагаат по нов идентитет , се учат на нови култури, законски норми, јазик и се што доаѓа како последица на прилагодувањето. Поминуваат низ фаза на “културен шок“  за после тоа да сфатат дека сето тоа е нормално и мора да се издржи. Новодојдените се познати како луѓе со силна работна етика, со богато културно наследство кое им помага да постанат клучен фактор во градењето на мултиетнички соживот и интегрирање во општеството.

Тоа се Македонците во Австралија кои со работната етика и активност, многу допринесуваат за развојот на економијата не само во Австралија туку и во Македонија. Освен активности во Македонската заедница тие се повеќе се вклучуваат и во политичкиот живот на Австралија. Таков еден пример е и Џим Биволтсис во Западна Австралија. Член на Либералната партија повеќе од 30 години, директор на Ngarluma и Yindjibarndi Фондацијата, долги години претседател и на осигурителната асоцијација во Западна Австралија, оженет со три деца и горд на своето македонско потекло.

Во изборната трка за пратеник неговите главни цели биле да се подобрат здравствените услуги во заедницата како и подобра сообраќајна мрежа во регионот. Иако не успеа да добие пратеничко место во Парламентот, сепак докажа дека има интерес,храброст  да се кандидира за пратеник и јаки организациони способности да води силна кампања.

И нешто за родното место на Џим. Тој е роден во село Полипотамо (Нерет), Северна Грција. Дошол во Австралија како мало дете со неговите родители Ристо и Фанија и бил прв од фамилијата кој се образовал на универзитет. Дипломира уметност на  Универзитет во Западна Австралија и долги години работи со видни финансиски институции во Австралија.

Отвора и свој бизнис (OceanWest) за финансиско работење, планирање и услуги.

Тој  добро зборува македонски јазик, и никогаш не ги заборавил своите корени. Така во неговите рани 50 години, за првпат се враќа во своето родно место и купува куќа каде сега е редовен посетител и стекнува многу пријатели. Џим како личност е умерен, конзервативен и на контраверзното прашање за односите меѓу грчката и македонската заедница  вели дека треба да се најде умерено решение со многу меѓусебно разбирање и градење на пријателски односи. Исто така размислува повторно  да се кандидира за пратеник во австралискиот Парламент а дотогаш сака да види позитивна комуникација и  дружење меѓу двете заедници.

Џим е уште еден од многуте примери како луѓето од македонско потекло живеат и творат во Австралија а сепак ги задржуваат своите македонски корени.

Податоците за Џим Биволтсис се преведени од прилогот на Виктор Бивел, “ Community Leader Stands for Parliament“ (извор: www.pollitecon.com)

Преведе: Гордана Димовска
 
Петок, 22 Март 2013 10:25   
ВКУСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СТОКХОЛМ

stokholm_2Во присуство на градоначалникот на Стокхолм, претставникот на Европската Комисија, дипломатскиот кор, пратеници од Шведскиот Парламент, бројни шведски бизнисмени и новинари од специјализирани списанија за храна и вино, во шведската престолнина беа промовирани и дегустирани македонските производи од овошје и зеленчук и македонското вино. На  приемот “Taste of Macedonia”, чиј домаќин беше амбасадорот Кире Илиоски, македонските производители членки на МАП и винарската визба Бовин успеаа да го доловат вкусот на македонската храна и вино пред присутните во познатиот хотел Хелстен во Стокхолм.

- Не случајно го избравме хотелот Хелстен за презентирање на ,,Вкусот на Македонија;,Станува збор за препознатлив хотел чиј ентериер е уникатен и претставува комбинација на модерното и традиционалното. Токму таква е и македонската храна и вино, уникатни производи, произведени на современ начин со модерна технологија, но истовремено производи со долгогодишна традиција и препознатливост-истакна во своето обраќање амбасадорот Кире Илиоски и ги покани присутните да го почувствуваат вкусот на Македонија преку македонската традиционална храна и вино.

 
Среда, 20 Март 2013 04:04   
СМК се приклучува на повикот на Светскиот Еврејски Конгрес за забрана на нео-фашистичката Златна Зора во Грција!

smkСветскиот Македонски Конгрес (СМК) се приклучува кон повикот на претседателот на Светскиот Еврејски Конгрес Роналд Лаудер, грчкиот Парламент да ги забрани активностите на нео-фашистичката партија Златна Зора и ја прогласи за незаконска.

Повеќе...
 
Среда, 20 Март 2013 04:03   
ОМД ја поздравува одлуката на албанскиот парламент да се врати македонскиот топоним Пустец

pustecОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува едногласната одлука на Албанскиот парламент да се врати името на селото Пустец кое претходно беше именувано како Лиќенас, во Мала Преспа (Албанија).  ОМД му честита на македонското малцинство во Албанија за ова одлука, и се надева дека албанските власти ќе го следат примерот на Пустец и ќе ги вратат топонимите на другите осум села во Мала Преспа, како и во регионите на Гора и Голо Брдо каде што Македонците се мнозинство.

Повеќе...
 
Среда, 20 Март 2013 04:02   
Анализа на систематската злоупотреба на правото на верска слобода во Грција

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) го објави издавањето на својот нов извештај со наслов: Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција - со акцент на случајот на македонската православна црква.  Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

Повеќе...
 
Среда, 20 Март 2013 04:01   
Mакедонско друштво „Илинден“ - Тирана

ilinden-tiranaМакедонското друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво "Илинден" огранок Голо Брдо го поздравуваат донесувањето на Законот за враќање на Mакедонското етничко име на општина Пустец – Мала Преспа, од страна на Парламентот на Република Албанија. Со тоа неправдата е исправена. Задоволството е дотолку поголемо што за овој историски Закон гласаа сите 120 пратеници.

Повеќе...
 
Понеделник, 18 Март 2013 22:05   
СОБРАНИЕТО НА АЛБАНИЈА ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО ПУСТЕЦ
pustecСобранието на Република Албанија со 120 гласа “за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец.
Повеќе...
 
Среда, 13 Март 2013 04:22   
Мумба парада во Мелбурн

mumba-parada-240Настапот на Македонците на Мумба парадата е иницијатива на Гордана Димовска во соработка со КУД Александар Македонски.

Стотина илјади посетители го проследија настапот на 35 етнички групи и над 1400 учесници на  Мумба парадата во Мелбурн. Ниту пеколните жештини не ги спречија учесниците и посетителите да докажат по којзнае кој пат дека знаат да го промовираат својот град, и да ја покажат својата креативност.  Под мотото Мелбурн е креативен, организаторите имаа за цел да го истакнат најдоброто од областа на уметноста, филмот, музиката, театарот, културата, архитектурата и образованието.

mumba-parada-1

Исто така на овој настан се поздравуваат делата на најзаслужните мелбурнчани и појава на популарни лица од спортот и телевизијата.Кралската круна овојпат ја заслужија единиците на противпожарните екипи, амбуланта и викториската полиција кои беа поздравени со бурни аплаузи и извици од публиката со “Благодариме, благодариме“.

Во креативноста не изостана ни претставникот на Македонската заедница КУД Александар III Македонски и членови на македонската играорна група Весели Македонки. Публиката се интересираше за традиционалната музика и преубавите носии на играорците.

Честитки за учесниците и организаторите на овој настан. Мумба парадата е последниот чин од четиридневниот Мумба фестивал кој опфаќа голем број активности, музички настани во самиот град. Уште една прилика да се покаже убавината на Мелбурн и мултиетничкиот соживот.  За наредната година заинтересираните треба да поднесат апликации во септември за да си обезбедат учество на најекстравагантната парада во светот.

mumba-parada-2

mumba-parada-3

mumba-parada-4

Македонска нација

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.