Иселеници и Регион
Среда, 08 Мај 2013 03:16   
Кон јавниот повик до дијаспората од Агенцијата за иселеништво

janko-tomov-240Пишува: Јанко ТОМОВ

Целта на мојот коментар е побрзо и поправилно испраќање предлози до Агенцијата за иселеништво на Република Македонија од страна на сите постојни македонски организирани субјекти во дијаспората, како и Македонци кои индивидуално допринеле и допринесуваат за афирмација на Република Македонија, а која Агенција во соработка со пратениците од дијаспората (Австралија, Европа и Америка) во Собранието на Република Македонија  во рамките на проектот “МАКЕДОНИЈА ВИ БЛАДОДАРИ”, истите ќе ги проследат до Комисијата за одликување на претседателот Ѓорге Иванов.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 02:22   
ЧЕТВРТИ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГОРА ФЕСТ 2013“

Gora

МАКЕДОНСКА ГОРАНСКА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО

7 мај 2013 година, Драгаш, Косово - Во организација на Македонската Горанска заедница на Косово, а во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија и Горанското друштво, на 11 мај (сабота) 2013 година со почеток во 13.00 часот, во с. Брод, Косово, ќе се одржи Четвртиот ревијален Македонски фолклорен фестивал „ГОРА ФЕСТ 2013“.

Повеќе...
 
Петок, 03 Мај 2013 23:05   
Македонците во дијаспората за поддршка на културните здруженија во Грција

imagesПретставници на македонската дијаспора во Канада, на состаноците одржани во Торонто, договорија поддршка за зачувување на македонскиот јазик во Грција, преку помош на локалните медиуми, културни здруженија и печатење книги. Програмите се координирани од Евгенија Нацилиду, претставник на Обединетата македонска дијаспора за регионот на северна Грција.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 03:02   
Нова драмска престава од Австралиско-македонскиот театар

borenje-so-mecka-240Повод на разговорот е најновата драмска продукција на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Поведовме разговор со Душан за неговото најново дело.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 03:02   
Фолклорните активности во дијаспората-фактор за интернационална дружба и почитување

janko-tomov-240Бидејќи името Македонија е поширок поим, со оглед на тоа дека постои суверена држава Република Македонија, Пиринска Македонија, под окупација на Република Бугарија и Егејска Македонија, под окупација на Република Грција, во кои живеат и староседелци Македонци, денес асимилирани или полуасимилирани, без право да ги користат јавно своите национални, културни обележја со кои се разликуваат од окупаторите, а исто така, во мали нијански во своите македонски песни и ора.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 03:01   
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија: Јавен повик

agencija-za-iselenistvoСе повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Повеќе...
 
Среда, 24 Април 2013 03:01   
Делегација на Македонска алијанса на средба со министрите за образование и внатрешни работи на Република Албанија

makedonska-alijansa-240Во Тирана на 22 април 2013 година, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Едмонд Темелко, подпреседателите Бесник Хасани и Таќо Гроздани и генералниот секретар Васил Стерјовски остварија средби со министрите за внатрешни работи и образование на Р.Албанија.

Повеќе...
 
Среда, 24 Април 2013 03:00   
Закана до Македонците во Мала Преспа дека повторно ќе ги вратат албанските имиња

spahiu-240Крешник Спахиу, претседателот на националистичката партија Алеанца на Црвено Црните во Албанија, од Поградец на 21 април 2013 година упати закана до Македонците во Мала Преспа дека штом дојдат на власт повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.

“Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топонимии. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и ова ние ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој, не правејќи ниту политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, на место на албанизирањето се случува спротивното за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат од Лиќенас (Пустец) и другите села. Ние доаѓаме со ветување дека не ги сакаме нивните гласови, но албанските имиња ќе ги вратиме во Лиќенас (Пустец) и сите други села затоа што се етнички албански територии. За овие причини овој прословенски и прогрчки клан ние треба да го остраниме за да му донесиме на Албанците еден цел Црвено-црн парламент”- изјави Крешник Спахиу.

(Македониум)

 
Среда, 24 Април 2013 03:00   
Аленца на Црвено-црни јавно да се извини за инцидентите во Општина Пустец

 

aleancaКомисионерот за Заштита од Дискриминација разгледувајќи ја жалбата на општина Пустец за инцидентите што Аленаца на Црвено-Црни ги предизвикаа во Општина Пустец на 16 ноември 2012 година, донесе одлука со која се бара од Алеанца на Црвено-црни јавно да се извини за овој чин. Доколку не го сторат тоа во рок од 30 дена следува парична казана –стои во одлуката до која дојде весник Македониум.

Повеќе...
 
Понеделник, 22 Април 2013 09:07   
Хашкиот трибунал повторно да ги отвори четирите предмети од Македонија

omd_2Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испрати писмо до Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хашки трибунал) во кое се бара одобвинителот повторно да ги разгледа четирите предмети (Мавровски работници, Непроштено, Водство на ОНА и Липковска брана) кои во 2008 година беа вратени на македонските судови.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.