Среда, 03 Декември 2014   
Идејата за Албанската православна црква нема никаква врска со верата

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Идејата за Албанската православна црква нема никаква врска со верата. Албанската пропаганда е силна и во игра се големи финансиски средства, но, без разлика на сите историски фалсификати, да се дозволи во XXI век Реканци да бидат асимилирани е нешто што не смее да се дозволи и не смее да се прости.

По одлуката на Македонската православна црква - Охридска арјиепископија да одобри во црковните храмови да се одржуваат богослужби на албански јазик, веднаш беше побарано и создавање Албанска православна црква. Идејата ја обзнани на Денот на албанското знаме проф. Бранислав Синадиновски, (самопрогласен идеолог и основач на ВМРО-ДПМНЕ, иако е член на од 1993 г.) кој себеси се смета за православен Албанец и советник на Али Ахмети. Според него, во Македонија живеат повеќе од 70 000 православни Албанци и со создавањето на новата црква ќе се исполнел аманетот на културниот деец Јосиф Багери.

Подготвеноста МПЦ – ОА на барање на граѓаните што се чуствуваат како православни Албанци да им дозволи во некоја од православните цркви да се одржи литургија на албански јазик, односно да се одржи панихида во спомен на Кристо Багери, син на Јосиф Багери, набрзо беше искористена да се промовира идејата за создавање Албанска православна црква во Македонија.

Оваа идеја доаѓа кратко време по колумната на Реисот Сулејман Реџепи во која тој излезе со тврдење дека Македонците муслимани се измислена нација од сатанската активност на ВМРО ДПМНЕ. Како што вели поглаварот на Исламската верска заедница: „ Структури на актуелната власт сега се во функција на создавање на заедница „македонски муслимани“ како составен дел на нацијата на „античките“! На крај, ќе проговори науката и несомнено дека овие „Антички Македонци“ ќе ги изнесе како племе на илирите, на албанските претходници. За жал, „Славомакедонците“ ќе останат национално малцинство“!

Бранислав Синадиновски, кој се смета за пријател и советник на Али Ахмети, познат е во македонската јавност со својата книга ’Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев‘, објавена во 2012 година, во која се обиде целосно да ја прекрои историјата на основањето на ВМРО ДПМНЕ, но и да се наметне како еден од идеолозите на партијата. Сега тој прокламира формирање на Албанска православна црква и вели дека нема потреба некој да се плаши од нејзино создавање, иако сето ова наликува на случајот со расколникот Вранишковски.

Изјавата на поглаварот на ИВЗ, како и најавата за создавање на Албанска православна црква, изненадуваат со својата националистичка конотација. Ако се има предвид дека не постојат аргументи за ваквото однесување, тогаш треба да видат кои се вистинските цели и планови.

Ако добро се разгледа барањето за формирањето на нова Албанска православна црква на територијата на Македонија, при веќе постоечка во Албанија, тоа и те како има политичка заднина. Всушност ваквото барање во православниот свет, значи непризнавање на постоечката црква и земјата, тенденција за целосна федерализација и нарушување на интегритет на земјата.

Оттука, изненадени по најавите за посебна албанска православна црква, во медиумите се огласи со остра реакција портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА Владиката Тимотеј, кој смета дека овој план е националистички и шофинистички и дека позади стои политика. Како што вели „Ова е вистинска политичка манипулација и нема никаква врска со верата.“, но таа нема да влијае да се повлече дозволата за одржување на богослужба на албански јазик.

Исто така, како што пренесува 24 вести, со остра реакција се јави и претседателката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, која вели дека „нема место во Македонија за болни шовинистички умови“.

Албанските историчари сметаат дека во Река има 70 000 православни Албанци. За нивната историја Синадиновски пишува книги и промовира албанска православна црква. Но, така не сметаат православните Реканци, познати уште како шкрети. Во земјата тие живеат во областа Горна Река (Мавровско или во општината Маврово – Ростуше). Како што е познато, шкрети е назив за Македонците кои ја зачувале православната вера но го примиле и албанскиот јазик за да се заштитат од албанските банди. Меѓутоа, не се памети некогаш таму да се држела служба на албански јазик, ниту пак да се користело албанско писмо. Секогаш службите и писмото биле на црковнославјански македонски јазик. Традицијата во овој крај е премногу силно изразена за да сега некој дозволи да ги асимилира. Големо прашање е дали и наследниците на К. Багери би се сложиле панахидата да биде извршена на албански јазик иако залогот е голем.

Според Синадиновски, Кристо Багери, православен Албанец, бил син на Јосиф Јован Багери, еден од најистакнатите албански културни дејци, кој загинал на 16 години (1906) како комита во близина на Битола. Меѓутоа, ако постои податок дека татко му Јосиф Јован Багери бил католички свештеник, чудно е како неговиот син останал православен Албанец. Очигледно е дека кога треба да се постигне целта за албанската кауза верата нема никаква улога.

Идејата за Албанската православна црква нема никаква врска со верата. Албанската пропаганда е силна и во игра се големи средства, но, без разлика на сите историски фалсификати, да се дозволи во XXI век Реканци да бидат асимилирани е нешто што не смее да се дозволи и не смее да се прости.

Шкретите како што е познато, е име за Македонците кои ја зачувале православната вера, но со присила од балистите во втората светска војна, морале да го зборуваат албанскиот јазик.

http://www.mn.mk/komentari/9616-Skretite-imaat-makedonski-koreni-i-ne-mozat-da-se-poistovetuvaat-so-Albancite

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.