Среда, 17 Август 2022 02:00 |
|
|
|
|
Димитар Арнаудов
|
Димитар Арнаудов (1874 - 1938) е македонски револуционер и политичар, член на Македонската револуционерна организација и ВМРО (обединета), познат под псевдоним Отело. За време на Илинденското востание учествувал во саботажи во Серскиот револуционерен округ. По Младотурската револуција во 1908 г., тој е меѓу основачите на Народната федерална партија. Учествувал на Конститутивната конференција на ВМРО (обединета) во Виена. Бил избран за член на ЦК како претставник на Серската група, Живеел и работел во Берлин и Париз, а од 1930 до 1934 г. во Турција, каде што одржувал канал за префрлање на комунистите во СССР. Во 1937/38 г. бил уапсен и убиен од советските власти.
|
|
Среда, 10 Август 2022 02:00 |
|
|
|
|
Димитар Поп Ефтимов
|
Димитар Поп Ефтимов (20.10.1890 –25.11.1961) е општественик, учител и новинар, деец на левицата на македонското ослободително движење, член на БКП и КПЈ. Eмигрирал во Бугарија. Работел како учител во Варна и бил претседател на македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. По ослободувањето на Македонија, Поп Ефтимов бил еден од четворицата автори на првиот буквар на македонски литературен јазикг издаден во Скопје во 1945 година. Тој бил еден од основачите на Зрдужението на македонските новинари во февруари 1946 година. Но, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија.
|
|
Димитар Мирчев (23. X 1865 – 13. VI 1938) е македонски деец и револуционер, член на ЦК на ТМОРО. Познат е под псевдонимите Димко, Страшимир, Циан или Цијан. Завршил славјанска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Солун, Битола, Трново, Одрин и на др. места. Во 1901 година станал член на ЦК на ТМОРО и во 1903 година бил секретар на Солунскиот конгрес. Бил уапсен и осуден на 101 година и спроведен на заточение на о. Митилена. Амнестиран е во 1904 година. Животот го завршил во Бугарија.
|
|
Среда, 20 Јули 2022 02:00 |
|
|
|
|
Христо Калајџиев
|
Христо Калајџиев (28. Ⅷ 1886 – 26. Ⅳ 1964) е македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење и на Бугарската комунистичка партија (БКП). Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, но по Резолуцијата на ИБ во 1948 година се солидаризирал со големодржавната политика на БКП.
|
|
Среда, 13 Јули 2022 02:00 |
|
|
|
|
Дине Кљусов
|
Дине Кљусев (? – 28. XI 1902) е македонски револуционер, лерински војвода на Македонската револуцинерна организација (МРО). Учествувал во организирани канали за пренос на оружје и по нивното разбивање преминал во илегала. Од 1902 година бил четник и подвојвода во четата на Марко Лерински. По целодневна битка, Кљусов и тројца негови бунтовници, Ване Попов од Неокази, Красто Торбанов од Сетина и Наидо од Добровени, извршиле самоубиство за да избегнат фаќање. Неговата смрт е опишана во драмата на Христо Настев „Како умира македонскиот четник“, претставена на 18. II. 1939 година во Македонскиот дом во Варна.
|
|
Среда, 06 Јули 2022 02:00 |
|
|
|
|
Даскал Камче
|
Даскал Камче (1790 - 1848), е македонски преродбеник, учител и печатар. Тој со помош на ваташкиот трговец Јовко Марков, ја создал една од првите печатници во Македонија. Според непотврдени известувања, во неа биле напечатени книшки со изреки, меѓу кои и првото книжевно дело од неговиот пријател Јордан Хаџи Константинов-Џинот „Таблица перваја“, Камче често одел на Св. Гора и водел групи од разни македонски краишта, кои оделе да се поклонат и да се восхитуваат на многубројните манастири на Атос, што е прв познат пример на црковен туризам во Македонија.
|
|
Среда, 29 Јуни 2022 02:18 |
|
|
|
|
Деспот Баџовиќ
|
Деспот Баџовиќ (1850 – 30. XI 1932) бил македонски оптественик, книжевник и револуционер кој работел во последната четвртина од 19 век. Во 1874 година напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Заедно со Тодор Станковиќ од Ниш и Коста Шуменковиќ од Охрид, протестирале пред Константинополската конференција поради вклучување на речиси цела Стара Србија и Македонија во Сан Стефанска Бугарија.
|
|
Среда, 22 Јуни 2022 02:00 |
|
|
|
|
Симеон Кавракиров
|
Симеон Кавракиров (16. XI 1889 – 14. VI 1934) е македонски револуционер, раководител на ВМРО(Об) и член на БКП (т.с.). Поради својата активност бил прогонуван и затворан од властите. Во ВМРО(Об) бил секретар на Обласниот комитет за Бугарија од 1928 г. и раководител на III револуционерна област – Пиринскиот дел на Македонија од 1929 г. Во јуни 1932 г. бил киднапиран од политичките противници и, по долго измачување, бил убиен.
|
|
Среда, 15 Јуни 2022 02:00 |
|
|
|
|
Алекса Демниевски – Бауман
|
Алекса Демниевски – Бауман
|
|
Среда, 08 Јуни 2022 02:00 |
|
|
|
|
Наум Евро
|
Наум Евро (почетокот на XIX - крајот на XIX век) е македонист, учител, културно-национален деец, а подоцна и српски пропагандист. Бил против дејноста на новоосноватата Бугарска егзархија во Македонија и бил за обнова на Охридската архиепископија. Учествувал во формиралњето на Тајниот македонски комитет во Софија во 1885 г., кој бугарските власти го оквалификувале како „македонски сепаратизам“, Во 1887 г., заедно со Коста Групчев поднеле Меморандум до Канцеларијата на великиот везир со барање за издавање весник во Цариград „на чисто македонски дијалект“ под името „Македонски лист“. Во 1888 г. подготвил буквар на македонски јазик за училиштата во Македонија, кој останал во ракопис.
|
|
|
|