Среда, 02 Март 2011 04:00 |
|
|
|
|
Зафир Хаџиманов
|
Зафир ХАЏИМАНОВ, (Кавадарци, 12.XII. 1943) – е македонски автор и интерпретатор на популарна музика, актер, писател и почесен амбасадор на македонската култура во Белград. Дипломирал во 1967 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. Уште како студент ја започнал својата естрадна кариера.
|
|
Среда, 23 Февруари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Симон Трпчевски
|
Симон Трпчевски (Скопје, 18.IX.1979) – е македонски пијанист и универзитетски професор, еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција.
|
|
Среда, 16 Февруари 2011 04:26 |
|
|
|
|
Борис Трајанов
|
Борис Гогов Трајанов, (Љубљана, Словенија, 4.XI.1959) – е оперски певец, познат македонски светски баритон. Пеење учел со татко му Гога Трајанов, со Бисерка Цвеиќ во Белград и со Пиер Миранда Фераро во Милано. Дипломирал соло пеење на ФМУ во Скопје, а магистрирал во класата на Бисерака Цвеиќ на Музичката академија во Белград.
|
|
Среда, 09 Февруари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Петар Манџуков
|
Петар Георгиев Манџуков (с. Мирковци, Скопско, 27/13. VII. 1878 – ?/ 1. I.1966) – е македонски револуционер - анархист, активен учесник во македонското револуционерно движење во илинденскиот период. Бил активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева, а повремено и придружник на Гоце Делчев. Автор е на мемоарската книга „Предвесници на бурата“, во која со префинет и истанчен вкус раскажува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Пишувал на бугарски и македонски јазик.
|
|
Среда, 02 Февруари 2011 04:31 |
|
|
|
|
Васил Главинов
|
Васил Главинов (Велес, 1869 – Софија, 24.I.1929) – е основоположник на социјалдемократското движење во Македонија. Бил член на Бугарското работничко друштво „Братство“, а во 1893 година ја формирал самостојната Македонска социјалдемократска група со задача да ја шири социјалистичката идеологија меѓу мекедонските печалбари и во Македонија. Бугарските социјалсти не го подржуваат и го прогласуваат за сепаратист во моментите кога се обидел Групата да прерасне во Македонска партија.
|
|
Среда, 26 Јануари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Дичо Зограф
|
Димитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зограф ( 1819, Тресонче, Дебарско – 1872/73) – се вбројува меѓу најначајните мајстори на Мијачката школа и еден од најпознатите македонски зографи во 19 век. Во својот живот работејќи за потребите на правоверните цркви на просторите на Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција, создава импресивен опус кој содржи повеќе од над 2000 дела кои пленат со својот изглед и ни го откриваат чудесниот духовен свет на овој мајстор на иконописот.
|
|
Среда, 19 Јануари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Стефан Јакимов Дедов
|
Стефан Јакимов Дедов (Охрид, 28.X 1869 – Софиjа, 19. IX 1914) е еден од првите македонски публицисти, организатор на македонски клуб со читалиште во Белград. Тој е основач, сопственик и редактор на весникот „Балкански гласник“ со македонски содржини, кој го издава во Белград во 1902 година. Дедов прв јавно го прокламира македонскиот литературен јазик со фонетски правопис, а по забраната на весникот и македонскиот клуб, заедно со Дијамандија Трпков Мишајков, со препорака на рускиот амбасадор, заминуваат во Санкт Петерсбург и стануваат членови-основачи на Македонско научно литературно другарство МНЛД (28.X.1902). Дедов е потписник на Меморандумот до Рускатта влада и до Советот на СПбБО во СПб од 12 XI.1902 година, што преставува прва комплетна македонска националноослободителна програма.
|
|
Среда, 12 Јануари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Илија Васков
|
Илија Ганчов Васков, (Велес, 31. XII. 1934) - е специјалист по максилофацијална хирургија, редовен професор на Стоматолошкиот факултет и академик. Во 1959 година завршил Стоматолошки факултет во Белград, а Медицински факултет во Скопје, во 1968 година. специјализирал во Скопје, Љубљана, Берлин и Цирих. Правото да предава како професор го стекнува во 1972 година, а докторирал во 1981 во Скопје. Бил директор на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет и на Клиниката за максилофацијална хирургија. Од 1976 до 1979 година е член на работоводниот орган на УЦМН, а од 1976 до 1985 е нејзин директор. Васков едуцирал голем број на студенти по стоматологија и медицина, како и лекари специјалисти. Учествувал во повеќе научно истражувачки проекти, а неговиот стручно-научен дијапазон ги опфаќа сите делови на максилофасцијалната хирургија, од трауматологија до онкологија. Публикувал 120 трудови и учебници. За редовен член на МАНУ беше избран на 10.V.2000 година.
|
|
Среда, 05 Јануари 2011 04:00 |
|
|
|
|
Рајко (Ксенофон) Жинзифов
|
Рајко (Ксенофон) Жинзифов (Велес, 15.II.1839 – Москва 15.II.1877) – е македонски преродбеник, публицист, писател и поет. преведувач и собирач на народно творештво. Тој е сестран деец од кругот на учениците на Миладинов.
|
|
Среда, 29 Декември 2010 04:00 |
|
|
|
|
Добри Даскалов
|
Добри Даскалов е македонски војвода од илинденскиот период, еден од водечките револуционери и предводници на македонскиот народ од Тиквешкиот крај во борбата за ослободување од долговековното турско ропство. Роден е во Кавадарци, на 13 ноември 1822 година, во свештеничко протестантско семејство, од татко Захарија и мајка Марија.
|
|
|
|