Среда, 06 Октомври 2010 04:00 |
|
|
|
|
Григор Ставрев Прличев
|
ГРИГОР СТАВРЕВ ПРЛИЧЕВ, (Охрид, 18. I 1830 - Охрид, 6. II 1893) - наjголемото име на македонската литература во XIX век. Григор Прличев е несомнено најголемиот поетски талент помеѓу македонските книжевници од овој период. Истовремено тој е типичен пример на македонските интелектуалци од XIX век, кај кого дојдоа до израз главните политички и културни струења и заблуди, настанати врз основа на општествено-економските прилики во Македонија.
|
|
ПРОЕСКИ, Тодор - Тоше (Прилеп, 25. I 1981 – Нова Градишка, Хрватска, 16. X 2007) – вокален интерпретатор, Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ, една од најголемите ѕвезди на македонската и балканската музичка сцена. Музичката кариера Тоше ја започнува со настапот на Макфест `97, кога најави дека на македонската сцена се појавил вокал со извонреден потенцијал. Песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“(1998), му го отворија патот до ѕвездите.
|
|
Неизмерно е значењето и улогата на браќата Димитрија и Константин Миладинови во просветно-културната и националната преродба на македонскиот народ. Во изградбата на македонската културна историја браќата Миладиновци, како учители, собирачи на македонските умотворби, поети, публицисти преставуваат централни личности на македонската преродба.
|
|
ЈАНКОВ, Леонид (с. Мачуково, Гевгелиско 10.III.1878 г. – Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.) – македонски револуционер, еден од плејадата македонски борци кој пожртвувано го посвети и даде својот живот за македонското национално ослободително дело. Учествувал во многу борби против Турците, во кои покажал беспримерна храброст, физичка сила и голема стрелачка вештина.
|
|
Четврток, 09 Септември 2010 04:00 |
|
|
|
|
Јордан Хаџиконстантинов – Џинот
|
ЈОРДАН ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ (Велес, ок. 1820/21 – Велес, 29. VIII 1882) – бил просветен, книжевен и културнонационален деец, зачетник на македонското просветителство, кој активно се борел за просветно издигање на македонскиот народ. Околу четири децении Јордан Хаџи Константинов - Џинот неуморно работел на воведувањето просвета на народен јазик по разните школи во Македонија (Велес, Скопје, Прилеп и др.).
|
|
Среда, 01 Септември 2010 04:00 |
|
|
|
|
Мирка Гинова
|
ГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егеjскиот дел на Македониjа, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. VII 1946) – деец и борец за демократија и слобода. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. Како борец на македонското национално ослободително движење, таа стана симбол за храброста на македонската жена. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Илегално дејствувала по воденските и мегленските села, а во 1943 г. се вклучила во редовите на НОБ. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе - Вардар и стрелана. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Народот за неа испеал повеќе песни, а во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име.
|
|
Среда, 25 Август 2010 04:00 |
|
|
|
|
Даме Груев
|
Дамјан Јованов Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер и национален деец. Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата македонска револуционерна организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.
|
|
Среда, 11 Август 2010 04:00 |
|
|
|
|
Никола Карев
|
Никола Јанакиев Карев (Крушево,1877 – с. Рајчани, 1905) – претседател на Крушевската Република, бил учител, социјалист и национален деец, ревулуционер и војвода. Завршува четврти клас во Битолската гимназија. На 16 години заминува на печалба во Бугарија. Како столарски работник работи во работилницата на Васил Главинов од кого ги прифаќа социјалистичките идеи. Заедно со Васил Главинов, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Во родниот град се враќа во 1899 година и заедно со Веле Марков ја формираат социјалистичка група во Крушево. Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција (1901).
|
|
Среда, 04 Август 2010 04:00 |
|
|
|
|
Питу Гули
|
Роден е во 1868 година во Крушево,во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред.
Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.
|
|
Среда, 28 Јули 2010 04:05 |
|
|
|
|
Стале Попов
|
(25 мај 1902 - 10 март 1965) Стале Попов е македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.
|
|
|
|