Македонски легенди
Среда, 04 Мај 2011 04:07    PDF Печати Е-пошта
Сирма Војвода

pesniСирма Војвода (Крстева Стрезова) (с. Тресонче, Дебарско, 1776 - на пат од Прилеп за Варош, Прилепско, 1864) – биле една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Со својата ајдутска дружина дејствувала како заштитник на македонскиот народ од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. По стапувањето во брак со Велко Спиров од Крушево, бајрактар на четата, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година и со него живеела во Прилеп. Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, се сретнала со Димитар Миладинов. Во 1864 година била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2011 04:03    PDF Печати Е-пошта
Крсте Црвенковски

krste-crvenkovskiКрсте Трајков Црвенковски (Прилеп, 16. VII 1921 – Скопjе, 21. VII 2001) – македонски револуционерен деец, учесник и организатор на антифашистичката и национална борба на македонскиот народ, врвен македонски политичар и дисидент. Во комунистичкото движење се вклучил уште како гимназијалец, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 05:07    PDF Печати Е-пошта
Коста Шахов

kosta-shakovКоста Шахов (Охрид, 14.IV.1862 – Софија. 15.VIII. 1917) - бил македонски деец, револуционер, публицист,  прв претседател на Младата македонска книжевна дружина, еден од зачетниците на македонското новинарство.

Повеќе...
 
Среда, 13 Април 2011 04:37    PDF Печати Е-пошта
Максим Нинев

Maksim_NenovМаксим Нинев -Војводата (1870, Тресонче – 29/30.V.1903) - познат македонски деец, револуционер и зограф. Бил ученик на Дичо Зограф и работел како како живописец и калиграф. Учесник е во македонското револуционерно движење Член е на Македонската револуционерна организација и е назначен за нејзин војвода на чета.

Повеќе...
 
Среда, 06 Април 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Кљусев

nikola-klusev-200Никола КЉУСЕВ (Штип, 2. X 1927 Скопје, 17. I. 2008) – еминентен економист, универзитетски професор, научен истражувач, академик, општественик, државник и литерат. Бил учесник во НОБ во периодот од 1942 до 1945 година, а одлежал и на Голи Оток, за што бил исклучен две години од Универзитетот во Белград. Дипломирал на економскиот факултет во Белград.

Повеќе...
 
Среда, 30 Март 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Теодосиј Гологанов

teodosij-gologanov-240Митрополит Теодосиј Скопски (с. Трлис, Серско, 7. I 1846 – Софиjа, 1.II.1926) – бил духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и македонска национална држава. Теодосие Гологанов е еден од активните учесници во создавањето на самостојна македонска црква уште од 1874 година.

Повеќе...
 
Среда, 23 Март 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Сугарев

gjorgji-sugarevЃорѓи И. Сугарев, (Битола, 1879 - с. Паралово, Мариовско, 23. III. 1906) – бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола, а учителствувал во Кичевско и во Битолско. Учесник во македонското револуционерно движење.

Повеќе...
 
Среда, 16 Март 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Миле Попјорданов

mile-pop-jordanovМиле Ѓошев Попјорданов е роден 1879/80 година, во Велес. Тој бил најстариот син на трговецот Ѓоше и Султана Попјорданови, фамилија на познати македонски револуционери. Со своите дела и подвизи се истакнуваат и негови браќа, водачот на велешките гемиџии Јордан Поп Јорданов - Орцето и Петар Поп Јорданов.

Повеќе...
 
Среда, 09 Март 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Жан Митрев

d-r-MitrevЖан Митрев, Костадинов (Штип, 11. I. 1961 ) – е врвен македонски лекар специјалист по кардиохирургија, научен работник и академик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1985 година.  Како лекар по општа практика работел во Штип до 1988.

Повеќе...
 
Среда, 02 Март 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Зафир Хаџиманов

Zafir_Hadzimanov-240Зафир ХАЏИМАНОВ, (Кавадарци, 12.XII. 1943) – е македонски автор и интерпретатор на популарна музика, актер, писател и почесен амбасадор на македонската култура во Белград. Дипломирал во 1967 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. Уште како студент ја започнал својата естрадна кариера.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.