| Среда, 21 Ноември 2012 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Антон Драндар
|
| Антон Георгиев (Хаџигеоргиев) Драндар, (псевдоним А. Брутус), (1837 - 25. III. 1925) e македонски национален деец, правник, трговец, новинар и публицист. Објавил повеќе публицистички трудови, меѓу кои и книгите „Положбата на христијаните во Македонија“ (1867), „Турската администрација во Македонија“ (1868) и друго. Брошурата „По повод едно движење во Македонија“ објавена во Брисел, во 1900 година, под псевдонимот А. Брутус, е посебно значајна за македонскиот народ.
|
|
| Среда, 14 Ноември 2012 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Атанас Близнаков
|
| Атанас Близнаков (15. XII. 1901 – 10. VII. 1998) – македонски национален деец, иселеник и повратник од САД, основач на Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1920 година емигрирал во САД. Работел во Гери (Индијана) и бил активен член на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Еден е од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поптрајков“ и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во Гери. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1977 година заедно со сопругата ја основале Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за стипендирање на талентирани студенти.
|
|
| Среда, 07 Ноември 2012 04:00 |
 |
 |
 |
|
| Ристо Крле
|
| Ристо Крле (3. IX. 1900 - Скопје, 29. X. 1975) е македонски драмски автор, еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Тој бил богато надарен раскажувач, романсиер, врвен класик на македонската драма. Ристо бил еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
|
|
| Димитар Димов Праматарски, познат како Димитар Македонски или Паша (1839 – 21. IV 1912) е македонски просветен деец и револуционер, учесник во национално-ослободителното движење пред и по Македонското востание во 1878 година. Во 1902 година остро се спротивстаствува на бугарскиот кнез Фердинанд кој со својата политиката не постигнуваат ништо друго туку влошување на положбата на населението во Македонија.
|
|
| Среда, 17 Октомври 2012 03:49 |
 |
 |
 |
|
| Васил Иљоски
|
| Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик.
|
|
| Среда, 10 Октомври 2012 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Војдан Чернодрински
|
| (с.Селци, Дебарско, 2 октомври 1875 – Софија, 8 јануари 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист.
|
|
| Среда, 03 Октомври 2012 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Рафаел Моше Камхи
|
| Рафаел Моше Камхи (Битола, 15 декември 1870 година - Тел Авив, 1970 година) е македонски револуционер од еврејско потекло.
|
|
| Среда, 26 Септември 2012 03:48 |
 |
 |
 |
|
| Аргир Манасиев
|
| Аргир Наков Манасиев (15. II. 1872 – 7. IX. 1932) – македонски револуционер, учител, гевгелиски околиски војвода и учесник во Илинденското востание. Во 1894 година станал член на Македонската Револуционерна Организација, а од 1901 до 1905 година бил гевгелиски околиски војвода и учесник на Рилскиот конгрес.
|
|
| Среда, 19 Септември 2012 03:22 |
 |
 |
 |
|
| Аџи папа Теодосиј Синаитски
|
| Аџи папа Теодосиј Синаитски е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски.
|
|
| Среда, 12 Септември 2012 03:33 |
 |
 |
 |
|
| Димитар Влахов
|
| Димитар Влахов (8. XI. 1878 – 7. VI. 1953) е македонски револуционер, општествено-политички деец, државник, професор и публицист. Тој бил активист на Бугарската Работничка Социјалдемократска Партија (БРСДП), ТМОРО, Народната Федеративна Партија (НФП), ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската Комунистичка Партија, Коминтерната и Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).
|
|
|
|