Македонски легенди
Среда, 21 Септември 2011 03:00    PDF Печати Е-пошта
Петре Пирузе Мајски

petre-piruzeПетре Пирузе Мајски (Oхрид, 5. V. 1907 – Oхрид, 12. I. 1980) – макeдoнски рeвoлуциoнeрeн дeeц, aктивист нa сtудeнтското движeњe и Македонскиот народен покрет (МАНАПО), oргaнизaтoр, бoрeц и комaндaнт вo НOБ. Работел како адвoкатски припрaвник вo Oхрид и бил члeн и прв сeкрeтaр нa KП вo грaдoт во 1941 година.

Повеќе...
 
Среда, 14 Септември 2011 02:49    PDF Печати Е-пошта
Антон Попов

anton-popovАнтон Попов (с. Игуменец, Петричко, Пиринска Македонија, 23. VII 1915 - Софија, 20. X 1942) – македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Завршил гимназиско образование во Неврокоп во 1933 година и неколку години учителствувал во родниот крај. Во 1936 година се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија. Основоположник и член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење.

Повеќе...
 
Среда, 07 Септември 2011 09:09    PDF Печати Е-пошта
Јоаким Крчовски

Joakim_Karchovski_-_Some_edifyingly_advices-240Јоаким Крчовски (с. Осломеј.  Кичевско, околу 1750 - 1820) – е првиот автор на новата македонска книжевност. Јоаким Крчовски живее и работи на преминот од XVIII во XIX век. Откако изучил школа во Цариград, учителствувал долго време во Кратово. Од 1787 година бил назначен за свештеник, а околу 1807 година по смртта на жената, станал монах.

Повеќе...
 
Среда, 31 Август 2011 03:13    PDF Печати Е-пошта
Никола Киров Мајски

nikola-kirov-majskiНикола Киров Трајков - Мајски (Крушево, 28. VI 1880 – Софија, 2. VIII 1962) – македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација, национален и просветен деец, историограф, општественик и книжевник. Учесник е во Илинденското востание и ја создава „Прокламацијата до турскиот народ во Крушевската околија“, позната како „Крушевскиот манифест“.

Повеќе...
 
Среда, 24 Август 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Андреја Чипов

Andreja-capovАндреј Чипов е роден во 1904 година во леринското село Пателе (денес Агиос Пантелејмонас), во Егејска Македонија. Чипов го минува детството во родното место, сместено на западниот брег на Островско Езеро, на само 6 км од Суровичево и 39 км југоисточно од Лерин. Уште како мал слуша за Македонската револуционерна организација и за учеството во Илинденското востание на селската чета предводена од Атанас Шишков. Воспитан во духот на револуционерна борба тој како и сите жители на Пателе тежнее за слободна и независна Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 17 Август 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар III Македонски

aleksandar-makedonskiАлександар III Македонски (Велики)

(Пела, 21 VII 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 11 VI 323 пр.н.е.) – е македонски цар од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем, кој владеел од 336 до 323 пр.н.е. Александар бил воспитуван и образован во духот на македонската аристократска традиција, во малото место Миеза, блиску до Бероја.

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2011 05:25    PDF Печати Е-пошта
Филип II Македонски

phillip-macedonФилип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј.

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2011 04:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Поп Трајков

Lazo_papatraijkov-240Лазар Поп Трајков (с. Д’мбени, Костурско, 10. VI 1877  – с. Трново, Костурско, 11/12. X 1903) – македонски револуционер, костурски воjвода и поет. Завршил гимназија во Солун во 1898 година. Се вклучува во македонското револуционерно движење и бил назначен за војвода на ТМОРО. Ги организирал првите револуционерни комитети во Костурско, а во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Во борба со османлиската војска во Мариовско бил тешко ранет, а предавникот Коте Христов од Рула за 50 турски лири, добиени од грчкиот костурски владика Германос Каравангелис, му ја пресекол главата. Автор е на поемата „Локвата и Вињари.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јули 2011 04:55    PDF Печати Е-пошта
Војвода Смиле Војданов

Smile_VoydanovСмиле Војданов (с. Лактиње, Охридско, , 1. II 1872 – Понтијак, САД, 4. III 1958.) – македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација, долгогодишен деец во македонското национално движење меѓу македонската емиграција во САД. Во 1897 активно се вклучува во МРО и како реонски војвода во охридска Дебарца води повеќе битки со турските војски.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јули 2011 04:04    PDF Печати Е-пошта
Захарија Василева Шумљанска

ZaharijaЗахарија Василева Шумљанска големиот добротвор и хуманист заборавена од македонската јавност.

Многу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.