Павле Раковски (1913 – 1990) деец на македонското национално движење и еден од клучните личности на македонското ослободително движење во Егејска Македонија. Во периодот на Втората светска војна, бил учесник во антифашистичкиот отпор и составил азбука од 24 букви во духот на македонскиот јазик и македонската јазична традиција. Во 1944 година, во знак на протест ги напуштил редовите на ЕЛАС и со Воденскиот македонски баталјон преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Од 1946 до 1949 година учествува во Граѓанската војна во Грција. Бил член на раководството на НОФ, одговорен за Агитпроп. По завршувањето на Граѓанската војна во Грција, обвинет од КПГ како „титоист“, бил испратен во сибирските логори. По нормализирањето на односите меѓу СССР и Југославија во 1960 година, Раковски се враќа во Скопје, каде како изразит македонист бил изолиран се до крајот на својот живот.
|
|
Среда, 01 Февруари 2012 03:41 |
|
|
|
|
Гаврил Радомир
|
Гаврил Радомир (1014 – 1015) - македонски цар, првороден син на Самоил и Агата. Совладетел и наследник на Самоил. Се истакнува во војната со Византија и му бил десна рака на Самоил. Учествувал во сите поважни битки против Византијците: во битката кај Ихтиман (Трајановата порта - 986), битката кај Сперхеј (996) и Беласичката битка (1014). На двапати го спасил Самоил, извлекувајќи го од бојното поле, по загубените битки кај Сперхеј и кај Беласица. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. На престолот се искачил во 1014 година, по смрта на Самоил. Во 1015 година бил убиен во лов.
|
|
Среда, 25 Јануари 2012 02:59 |
|
|
|
|
Атанас Бадев
|
Атанас Бадев (1860 – 1908) е македонски композитор и музички педагог, автор на дела од православната музика, детски песни и аранжмани за народни песни.
|
|
Среда, 18 Јануари 2012 04:22 |
|
|
|
|
Никола Малешевски
|
Никола Спасов Малешевски (Берово, 1852 - Дупница, Бугарија, 1935) - деец на македонското револуционерно ослободително движење. Учествувал во Разловечкото (1876) и во Кресненското востание (1878-1879), а потоа емигрирал во Бугарија. Во 1895 година се вклучил во ТМОРО и бил долгогодишен пунктов началник во Дупница, денешен Станке Димитров. Помагал при префрлањето на вооружените чети од Бугарија во Македонија и прифаќањето на бегалците по избувнувањето на Виничката афера во 1897 година. Основал неколку комитети во Дупница, а тесно соработувал со Гоце Делчев и Ѓорче Патров.
|
|
Среда, 11 Јануари 2012 04:00 |
|
|
|
|
Никола Јонков Вапцаров
|
Никола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. VII 1942) – е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок.
|
|
Среда, 04 Јануари 2012 04:00 |
|
|
|
|
Никодим Царкњас
|
Уште како дете, неговите родители го воспитуваат да биде добар христијанин и свесен Македонец. Никодим Царкњас - Духовен воин кој се бори да го зачува јазикот на својот род
|
|
Среда, 28 Декември 2011 04:00 |
|
|
|
|
Димитар Илиевски – Мурато
|
Димитар Илиевски – Мурато (21 IX 1953 – 10. V 1989) – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“ од 1968 година и еден од најголемите македонски алпинисти. Ги освоил сите важни врвови во Југославија, Грција, Бугарија, како и врвовите на Алпите (Мон Блан, Матехорн и Монте Роса).
|
|
Павлос (Павле) Филипов Воскопулос (грч. Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος), (Лeрин / Florina, Eгejскиот дел на Maкeдoниja, Р. Грција 25. XI 1964) – е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по вокација.
|
|
Среда, 14 Декември 2011 04:02 |
|
|
|
|
Гоце Арнаудов
|
Гоце Арнаудов (Струмица, 19. VIII 1954 – Струмица, 6. XII 2011) – е македонски интерпретатор на народна и популарна музика. Со музика се занимава уште од раното детство. На почетокот на естрадната кариера настапува во групата на неговиот татко, а како завршен средношколец оформува сопствена група со која се претставува пред Македонската публика.
|
|
Среда, 07 Декември 2011 04:00 |
|
|
|
|
Милтон Манаки
|
Манаки Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 - Битола, 5. III 1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со постариот брат Јанаки, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“.
|
|
|
|