Среда, 29 Август 2012 10:21 |
|
|
|
|
Стојан Христов
|
Стојан Христов (15.VIII.1897 - 24.I.1996) е американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор на сојузната држава Вермонт од македонско потекло.
|
|
Георги Костадинов Динков – Динката (1838 –1876) е познат македонски културно-национален деец од XIX век. Тој бил учител, учебникар, поет, публицист, општественик, и како просветен деец тој е видна фигура на македонската преродба.
|
|
Среда, 15 Август 2012 03:01 |
|
|
|
|
Кирил Манчевски
|
Кирил Манчевски (8. XI 1936 - 8.VIII 1975) е македонски пејач, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна. Настапува како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од XX век, тој ги остварил антологиските изведби на познатите песни:
|
|
Среда, 08 Август 2012 03:38 |
|
|
|
|
Аргир Манасиев
|
Аргир Наков Манасиев (15. II. 1872 – 7. IX. 1932) – македонски револуционер, учител, гевгелиски околиски војвода и учесник во Илинденското востание. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, а од 1901 до 1905 година бил гевгелиски околиски војвода и учесник на Рилскиот конгрес.
|
|
Димитар Николов Благоев - Дедото (1856 –1924) – револуционер, учител, писател и публицист. Тој е основоположник и предводник на социјалдемократското и комунистичкото движење во Бугарија (1891–1923). Се чуствува Македонец и пројавува револуционерна активност во Mакедонското Oслободително Движење.
|
|
Среда, 25 Јули 2012 03:00 |
|
|
|
|
Михаило Митев Апостолски
|
Михаило Митев Апостолски (8. XI 1906 –7. VIII 1987) е првиот македонски генерал, командант на ГШ на НОВ и ПОМ, народен херој, политичар, воен теоретичар, историчар и академик. Апостолски бил член на претседателството на АВНОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, учествувал во неговото Прво заседание и бил избран во неговиот президиум. За време на НОБ под негова команда биле 33 македонски оперативни бригади, меѓу кои и бригади од Косово и јужна Србија. Седум години Апостолски беше на чело на МАНУ, а беше и член на Советот на федерацијата.
|
|
Среда, 18 Јули 2012 03:00 |
|
|
|
|
Радован Павловски
|
Радован Павловски (1937 - ) е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб (Хрватска), Белград (Србија) и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Од самиот почеток па се до денес, во творештво на Павловски, полно со метафори, преставена е македонската земја, народ, култура и историја.
|
|
Среда, 11 Јули 2012 03:00 |
|
|
|
|
Емануел Мане Чучков
|
Многу значајни личности од македонскта историја кои имале клучна улога во формирањето на современата македонска држава, кои активно учествувале во политичко-револуционерните процеси на македонскта и југословенската политичка сцена биле политички деградирани и осудени или намерно се оставени на маргините на македонската современа историја. Еден од нив е Емануел Мане Чучков, општествено-политички деец, револуцинер и универзитетски професор. Малку историчари и архивисти се уште зборуваат и пишуваат за ликот и делото на Мане Чучков.
|
|
Димитар Попгеоргиев - Беровски (1840 - 19. XII. 1907) е Mакедонски национален деец-револуционер, идеен творец, организатор и водач на две македонски востанија: Разловечкото и Кресненското.
|
|
Среда, 27 Јуни 2012 03:50 |
|
|
|
|
Кирил Македонски
|
Кирил Македонски (19. I. 1925 - 4. VI. 1984) е еден од позначајните македонски композитори од втората генерација. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). На подрачјето на оркестарската музика, значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии. Напоредно со компонирањето, Македонски се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери.
|
|
|
|