Македонски легенди
Среда, 16 Јануари 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Пере Тошев

pere-tosev-240Пере Тошев - Лефтер (1865 – 4 мај 1912)  е македонски револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание. Тој е член и раководител на Македонската Револуционерната Организација, еден од најблиските соработници на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, а подоцна близок на Народната Федеративна Партија.

Повеќе...
 
Среда, 09 Јануари 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар (Алексо) Мартулков

alekso-martulkov-240Александар (Алексо) Мартулков (псевд. Бизмарк) (Велес, 23. X. 1878 – Софија, 1965) е македонски револуционер и публицист. Како член на Македонската социјалистичка група, а подоцна и на ВМРО (Об.) тој се залагала за ослободување на Македонија. Алексо бил член  на Президиумот на АСНОМ и во Собранието на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 02 Јануари 2013 17:52    PDF Печати Е-пошта
Ѕоле Стојчев Ѓеорѓиев

Dzolegergev240Ѕоле Стојчев Ѓеорѓиев (Ѕоле војвода; Атеш-паша) 1867 - 31. XII. 1909 е македонски национален деец, член и легендарен лерински војвода на Македонското Револуционерно Движење. Учествува во Илинденското востание 1903, а потоа ги поддржува санданистите и Народната Федеративна Партија. Во времето на Хуриетот, Ѕоле Стојчев соработувал со младотурците и во 1908 година свечено влегол со својата чета во Битола. Се залага за конституциониот режим, преку кој гледа можност за сочување на територијалниот интегритет на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 26 Декември 2012 04:35    PDF Печати Е-пошта
Никола Мартиноски

nikola-martinoskiНикола Мартиноски (18. VIII. 1903 - 7. II. 1973) е македонски сликар, педагог, еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство. Има огромна заслуга за вклучувањето на македонската ликовна уметност во модернистичките текови.

Повеќе...
 
Среда, 19 Декември 2012 04:01    PDF Печати Е-пошта
Тале Огненовски

tale-ognenovski-240Тале Огненовски (27. IV. 1922 – 19. VI. 2012) е македонски кларинетист еден од најзначајните фолк музичари. Спаѓа во редот на најголемите инструменталисти и композитори во светската музика.

Повеќе...
 
Среда, 12 Декември 2012 04:04    PDF Печати Е-пошта
Кирил Пенушлиски

kiril-penusliski-240Кирил Илиев Пенушлиски (15. XI. 1912 – 23. V. 2004) е основоположник на македонската фолклористика и е најзначајното име на науката за фоклор во Македонија. Во текот на пет децениската неуморна истражувачка работа, тој објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Тој ги дефинира спецификите на македонското народно творештво, различно од фолкорот на соседните народи и создава силно оружје за одбрана на македонската самобитност.

Повеќе...
 
Среда, 05 Декември 2012 04:08    PDF Печати Е-пошта
Димитар Каранфилович

vmokДимитар (Димче) Петрушев Каранфилович (1839 – 26. XII. 1906) е македонски револуционер, член на Врховниот македонско-одрински комитет и масон.

Повеќе...
 
Среда, 28 Ноември 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Славејко Арсов

Slaveiko_Arsov-240Славејко Арсов (17. VIII. 1878 – 9. VII. 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Од 1896 година е член на ТМОРО, дејствувал во четата на војводата Марко Лерински, а во 1902 година станал војвода на чета во Битолско-Преспанскиот реон. Арсов бил делегат на Смилевскиот конгрес, а како ресенски војвода учествува во Илинденското востание. Во битката со Османлиите близу селото Гуганци, Кратовско, бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на Османлиите се самоубил.

Повеќе...
 
Среда, 21 Ноември 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Антон Драндар

Anton_Drandar-240Антон Георгиев (Хаџигеоргиев) Драндар, (псевдоним А. Брутус), (1837 - 25. III. 1925) e македонски национален деец, правник, трговец, новинар и публицист. Објавил повеќе публицистички трудови, меѓу кои и книгите „Положбата на христијаните во Македонија“ (1867), „Турската администрација во Македонија“ (1868) и друго. Брошурата „По повод едно движење во Македонија“ објавена во Брисел, во 1900 година, под псевдонимот А. Брутус, е посебно значајна за македонскиот народ.

Повеќе...
 
Среда, 14 Ноември 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Атанас Близнаков

atanas-bliznakov-240Атанас Близнаков (15. XII. 1901 – 10. VII. 1998) – македонски национален деец, иселеник и повратник од САД, основач на Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1920 година емигрирал во САД. Работел во Гери (Индијана) и бил активен член на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Еден е од основачите на друштвата „Александар Македонски“ и „Лазар Поптрајков“ и главен иницијатор за изградба на првата македонска православна црква во Гери. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1977 година заедно со сопругата ја основале Фондацијата „Атанас Близнаков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за стипендирање на талентирани студенти.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.