Македонски легенди
Среда, 07 Февруари 2018 04:19    PDF Печати Е-пошта
Иван Божинов

Ivan Bozhinov-180Иван Кузманов Божинов (1807–1927) е македонски деец, поет, писател, издавач и печатар кој живеел на преминот од XIX во XX век. Се занимавал со литература, пишувал на бугарски јазик и имал своја печатница во Софија. Тој е печатар и уредник на списанието „Лоза“ на чии страници се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење и кое ја вознемири бугарската јавност со јавни заложби за македонско национално сепарирање.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Митрополит Наум – втор македонски владика на МПЦ

mitropolit-naum-180Митрополит Наум (1906 – Штип, 27. XI 1977) e  втор владика Македонец, хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. По Ослободувањето активно е ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. Бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. На Црковно-народниот собор во Охрид (1958) бил избран за архијереј. По неговиот избор и хиротонија од тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент, бил архијереј на Злетовско– струмичката епархија.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јануари 2018 16:47    PDF Печати Е-пошта
Свети Климент - прв македонски митрополит преспанско-битолски

kliment-180Митрополит Климент (3 VIII 1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква (МПЦ) и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ - ОА). Никола Трајков е световното име на митрополитoт Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на MПЦ.

Повеќе...
 
Среда, 17 Јануари 2018 11:07    PDF Печати Е-пошта
Борис Спиров

boris-spirov-180Борис Спиров (22. IX 1897 -  19. X 1974) е македонски лекар и револуционер. Медицински факултет завршил во Лајпциг (Германија) во 1928 година. Поради својата револуционерна дејност бугарските власти го осудиле на смрт во 1943 година, но смртната казна му била заменета со доживотна робија. Бил член на АСНОМ во 1944 година, секретар на Претседателството на Президиумот на АСНОМ, Министер за социјални грижи, претседател на МЛД (1945-1948), а во 1946 г. бил избран за претседател на Уставотворното собрание на РМ.Под негово раководство на 31 декември 1946 година бил прогласен првиот устав на Народна Република Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 10 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓеорѓи Николов

Georgi Nikolov IMARO Ohrid-180Ѓеорѓи Николов (Охрид, 1868 - Цариград, 1. III 1938) е лекар и македонски револуционер. Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид и потоа во Скопје.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Ничота Стериев(ич)

nicota-180Никола Ничота Стериев(ич)  (29. I 1880 – 11. VI 1950) е македонски деец, член, сновач и активист на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург и Москва. Како „студент по природните науки“, тој е потписник на основачкиот акт на МНЛД во Санкт Петербург. Учествува на предавањата на Мисирков и во подготовката на Уставот на Другарството. Како медицинар учествува во Руско-јапонската војна (1905) и како лекар во Првата светска војна (1914 - 1918).

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Поп Антов

Hristo Popantov-180Христо Поп Антов  (16. V 1879 – 31. I 1964) е учител и македонски револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Во 1899 година завршил педагошко училиште во Скопје, а право во Швајцарија. Учителствувал во Кавадарци и бил раководител на ОК на МРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Во 1910 година работел како судија во Скадар, а потоа бил адвокат во Софија.

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Крсто Калабуров

krsto-kalaburov-180Крсто (Ставро) Наков Калабуров (15. X 1877 – 8. X 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Тој е еден од ретките македонски револуционери кои за својата покажана храброст во текот на оружените борби со турскиот аскер се здобил со „Свидетелство за храброст“.

Повеќе...
 
Среда, 13 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Киселинчев

Lazar Kiselinchev MOO-180Лазар Трпов Киселинчев (20. I 1874 – 18. XII 1946) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерната организација (МРО), a исто така бил и Масон. Се школувал во Атина, каде ги поставил темелите на Македонскиот комитет. Во пред илинденскиот период воспоставил канали и илегално увезувал оружје од Грција и Албанија во Македонија. Од МРО добил посебно признание за покажана храброст во борбите за време на Илинденското востание 1903 година. Познат бил  под прекарите Аврам Киселец, Атински, а Албанците го нарекуваа Скендер Бег.

Повеќе...
 
Среда, 06 Декември 2017 04:58    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Киселинов

gjorgji-kiselinov-180Ѓорѓи Јакимов Киселинов (3/16. V 1888 – Скопје, 29. IX 1961) е македонски филолог, фолклорист, граматичар, лексикограф, дијалектолог, етнограф, преведувач и публицист. Непосредно по Ослободувањето подготвува за печат “Кратка македонска граматика“ (25. Х 1944) и учествува на Првата конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.