Среда, 29 Ноември 2017 04:00 |
|
|
|
|
Христо Руков
|
Христо Руков (30. XI 1887 – 28. II 1970) е македонски револуционер и фотограф, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов - Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско. Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.
|
|
Среда, 15 Ноември 2017 08:17 |
|
|
|
|
Ристоман Попчевски
|
Ристоман Василев Попчевски (1870 – 25. VII 1904) е македонски революционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се оддликувал со голема храброст и лојалност кон ослободителното дело, а саможртвата ја сметал за света должност на секој револуционер. Во 1904 година, по добиената задача од Организацијата подметнал темпирана пеколна машина во возот на линија Скопје – Солун, која експлодирала на станицата Гевгелија. Меѓу уапсените бил и Попчевски кој потоа бил обесен во Гевгелија.
|
|
Среда, 08 Ноември 2017 04:23 |
|
|
|
|
Крсто Стојчев
|
Крсто Стојчев (Разлог, 10. IX 1910 – Софија, 19. VI 1975) е учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). По Резолуцијата на Инфорбирото бил отстранет од политичката функција, поради соработка со КП на Југославија.
|
|
Среда, 01 Ноември 2017 03:00 |
|
|
|
|
Христо Батанџиев
|
Христо Иванов Батанџиев (1865 – 18. VI 1913) е македонски револуционер, еден од основопложниците на Македонската револуционерна организација (23. X / 4. XI 1893), Тој бил член на Централниот комитет и учесник на Солунскиот конгрес во 1896 година. Во Втората балканска војна грчките војски го уапсиле во Солун и при интернирањето кон островот Трикери бил мачен и бил фрлен во Егејското море.
|
|
Среда, 25 Октомври 2017 03:00 |
|
|
|
|
Леонидас Вулгарис
|
Леонидас Вулгарис (1833 – ?) е македонски и грчки револуционер. Се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Со Константин Буфски го организирал одржувањето на Собранието на Грамос Теке и формирањето на Привремената влада на Македонија (1880), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи. Се застапувал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација (1888).
|
|
Среда, 18 Октомври 2017 03:19 |
|
|
|
|
Славко Димевски
|
Славко Кирилов Димевски (Куманово, 31. V 1920 - Скопје, 24. IV 1994) е македонски црковен деец, историчар и писател. Во 1943 година бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија.Учесник е во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Во 1956 дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (26. IX 1956) и продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје. Наредната година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје. Неговата Историја на Македонската православна црква е вистински светилник за Македонија и на сите Македонци насекаде во светот.
|
|
Среда, 11 Октомври 2017 03:00 |
|
|
|
|
Георги Димитров
|
Георги Михајлов Димитров (18. VI 1882 – 2. VII 1949) e истакнат бугарски и меѓународен комунистички деец и државник, по потекло од Македонија. Бил раководител на БКП и претседател на Коминтерната од 1935 до 1943 година, а од 1946 до 1949 година бил претседател на Бугарската влада. Ја осудувал завојувачката политиката на бугарските влади спрема Македонија, како и поделбата на Македонија. Го поздравил создавањето на ДФМ/НРМ во составот на ФНРЈ и ја прогласил за пиемонт за обединувањето со другите македонски делови. Бил иницијатор за Културната автономија во Пиринскиот крај.
|
|
Среда, 04 Октомври 2017 03:00 |
|
|
|
|
Тодор Станков
|
Тодор Станков (28. I 1875 – 22. IX 1938) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учителствува во повеќе македонски градови, каде работи на ширење на мрежата на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание и Балканските војни. Тој е еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.
|
|
Среда, 27 Септември 2017 03:00 |
|
|
|
|
Ѓурчин Кокалески
|
Ѓурчин Кокалески (1775 –1863) е еден од првите македонски преродбеници, истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и автор на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со славјанско писмо под наслов „Наказание“. Бил заштитник на христијаните и борец против грчката културна доминација. Успева од султанот да добие дозвола за градење црква и џамија, за постојано носење оружје и ферман со кој ќе се регулираат давачките во неговиот крај. Во родниот крај финансирал изградба, зографисување и снабдување со црковнословенски книги на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Лазарополе, во која било основано и првото основно училиште.
|
|
Среда, 20 Септември 2017 03:00 |
|
|
|
|
Борка Велески
|
Борка Велески - Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.
|
|
|
|