Македонски легенди
Среда, 05 Јули 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Атанас Спасов – Таската Серски

Yane Sandanski i Taskata Serski-180Атанас Спасов (1876 - 7 VII 1923) познат како Таската Серски е војвода наМакедонската револуционерна организација. Учествувал во битката во село Баница кога загинал Гоце Делчев (4. V 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода (1904). По Младотурската револуција станал член на Народната федеративна партија (1908-1910). Се залагал за автономија и целовитост на Македонија. Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот (9. III 1919). Убиен е за време хируршка операција.

Повеќе...
 
Среда, 28 Јуни 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Константина Бојаџиева - Русинска

Ohrid Ilinden Uprising Flag-180Константина Евтимова Бојаџиева - Русинска (1880 - 1932) е македонска учителка и деец на Македонско револуционерна организација. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично"  чие мото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права". Со друштвото раководи до крајот на 1903 година и активно учествува во подготовките за Илинденското востание. Со членовите на друштвото го изработуваат познатото охридско востаничко знаме на Македонската револуционерна организација.

Повеќе...
 
Среда, 21 Јуни 2017 03:39    PDF Печати Е-пошта
Крум Монев

KrumMonev-180Крум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија. Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец - фанатичен до болест“

Повеќе...
 
Среда, 14 Јуни 2017 08:18    PDF Печати Е-пошта
Анешти Узунов

anesti-uzunov-180Анешти  Узунов (7. II 1914 – 10. V 1943) е македонски револуционер, учесник во движењето на отпорот за време на Втората светска војна и организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Како млад се вклучил во ВМРО(Об) и на судскиот процес во 1936 година, кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. По излегувањето од затвор во 1938 год. ја продолжил својата револуционерна работа. Бил секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941). Загинал во вооружен судир со бугарската полиција.

Повеќе...
 
Среда, 07 Јуни 2017 14:02    PDF Печати Е-пошта
Димитар Узунов

dimitar-uzunov-180Димитар Христов Узунов (1842 – 9. X 1887) е македонски преродбеник од задоцнетата преродба во Македонија. Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски "Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта", и пишува во весниците "Македонија", "Право" и "Прогрес". Во 1868 година заедно со Гругор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура, а по нивното враќање во Охрид доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.

Повеќе...
 
Среда, 31 Мај 2017 03:35    PDF Печати Е-пошта
Андон Попштерев

Andon Popshterev IMRO Dambeni-180Андон Попштерев (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1898 година влегува во Македонската револуционерна организација и учествува во повеќе борби против турската војска. Во 1903 учествува во Илинденското востание, а потоа води борба и со четите на грчката вооружена пропаганда. По за почнување на Првата балканска војна се враќа од САД и учествува во Балканските и Првата светска војна, а потоа во Леринско каде се судира и со грчката војска. Загинува во меѓусебните пресметки на македонските организации во 1932 година.  

Повеќе...
 
Среда, 24 Мај 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Милан Генов

Milan Genov so soprugata-180Милан Генов (2. III 1877 – 15. II 1928) е македонски фармацевт и деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал фармација на Медицинскиот факултет во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт. Во серијата убиства на интелектуалци е убиен во својата аптека од месните српски власти.

Повеќе...
 
Среда, 17 Мај 2017 12:53    PDF Печати Е-пошта
Јанаки Стрезов

Yanaki Strezov from Ohrid-180Јанаки или Јаким Георгиев Стрезов (1818 – 23. IX 1903)е македонски просветен деец, деец на преродбата во Македонија. Во средината на XIX век активно се вклучува во борбата против патријаршиските (грчки) – црковни и училишни институции и воспоставување на првите македонски црковно-оросветни општини. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик.

Повеќе...
 
Среда, 03 Мај 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Јосифовски - Свештарот

Josif Josifovski-180Јосиф Јосифовски - Свештарот (2. VIII 1915 – 7. IX 1943) е македонски комунистички деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни.

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Костадин Мазнејков

Kosta Mazneykov-180Костадин Мазнејков (1882 – 11. V 1903) е учител, македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и радовишки војвода.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.