Среда, 19 Април 2017 01:38 |
|
|
|
|
Сребрен Поппетров
|
Сребрен Поппетров (18. X 1869 – 17. XI 1950) е македонски револуционер припадник на Македонската револуционерна организација, учител и училишен инспектор. Завршил гимназија во Солун и славјанска филологија на Софискиот универзитет. Во Првата светска војна бил окружен управник во Битола и Куманово, а по војната во Петрич. Во 1922 година од ВМРО и Македонскиот национален комитет бил пратен во САД и Канада, каде што организирал иселенички друштва и учествувал во формирањето на МПО. Бил пратеник во бугарското Народно собрание, а потоа главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија.
|
|
Среда, 12 Април 2017 03:00 |
|
|
|
|
Васил Дијамандиев
|
Васил Дијамандиев (30. I 1839 - 1. V 1912) е револуционер, учител, општественик и политички деец. Тој е ден од водачите на Кресненското востание, а во времето на Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до светските фактори за решавање на македонското прашање. Во Русе ја основал Македонската лига (1880), го раководел Македонското благотворно друштво (1882–1884), бил активен во Друштвото “Македонски глас“ (1885–1886), во ВМОК (1885) и во Тајниот македонски комитет (1886), испраќајќи вооружени чети во Македонија.
|
|
Среда, 05 Април 2017 03:46 |
|
|
|
|
Тане Стојчев
|
Тане Стојчев (1874 - 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Леринско. Познат уште како Тане Горничевски, Тане Џолев и Тане Грозни, за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот револуционерен реон. Народот ќе го опее во песната „Огин пламен во балкано Сетински“.
|
|
Среда, 29 Март 2017 04:12 |
|
|
|
|
Илија Дигалов
|
Илија Дигалов (1890 – 26. XI 1922) е македонски револуционер, костурски и преспански војвода, деец на Македонското револуционерно движење. Познат како Ило Дигала, тој уште како млад станува кирир на Македонската револуционерна организација. Учествува во Балканските и Првата светска војна, а по неа со другарите воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој еден од светлите фигури на Македонското револуционерно движење кој дејствува по I светска војна во Западниот дел на Македонија.
|
|
Среда, 22 Март 2017 04:00 |
|
|
|
|
Коле Симитчиев
|
Коле Симитчиев (15. V 1918 – 10.IV 2003) е македонски револуционер, борец на НОВ, СНОФ и НОФ, славист, фолклорист и проф на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Учествува во НОБ во Македонија, потоа во Егејскиот дел на Македонија и Граѓанската војна во Грција, од каде преку Албанија бил префрлен во Полска. Автор или коавтор е на 14 учебници на македонски јазик за децата бегалци во Полска, СССР, ЧССР, Романија и Унгарија.
|
|
Среда, 15 Март 2017 04:45 |
|
|
|
|
Крсто Љондев
|
Крсто Љондев (? - 1927) е македонски револуционер и лерински војвода, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и е близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев е обвинет дека гo организира убиството на србоманския новинар на „Јужна Србија“ Спас Хаџи Поповиќ во Битола.
|
|
Среда, 08 Март 2017 04:45 |
|
|
|
|
Пандо Кљашев
|
Пандо Кљашов (с. Смрдеш, Костурско, 29. IX 1882 – с. Дреновени, Костурско, 1. VIII 1907) е македонски учител, револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Бил член на Битолскиот окружен комитет (1906). Ги користел псевдонимите Аристотел и П. Корсикански и оставил спомени за својата револуционерна дејност.
|
|
Среда, 01 Март 2017 04:00 |
|
|
|
|
Петар Самарџиев
|
Петар Самарджиев (1877 – 21.VI 1906 ) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил член на тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански. Во 1901 година се борел во четата на М. Попето и на Христо Чернопеев . Во 1903 година станал околиски војвода. Учествувал во Илинденското востание, а во 1904 година учествувал на Прилепскиот конгрес на МРО. Загинал кај преслапот меѓу селата Клисура и Дрен, Тиквешко.
|
|
Среда, 22 Февруари 2017 04:00 |
|
|
|
|
Коста Георгиев - Кукето
|
Коста Георгиев Куков (? - 1896), познат како Кукс, Кукото, Куко или Куку војвода, е македонски ајдутин и револуционер, војвода од Македонското (Кресненско) востание. При нападот на Кресна, второто одделение на македонските востаници било под команда на Коста Кукото. По формирањето на Штабот на Македонското востание тој бил втор војвода. По востанието Кукето бил страв и трепет за грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско.
|
|
Среда, 15 Февруари 2017 06:59 |
|
|
|
|
Ѓурчин Наумов – Пљакот
|
Ѓурчин Наумов - Пљакот (1851 – 25. X 1904) е македонски револуционер, член и крушевско-кичевски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четите на војводите Ј. Пиперката (1899), М. Ацев (1900), Н. Русински (1901) и В. Марков (1902). По Ракитничката провала (1902) бил избран за крушевски војвода. Во Илинденското востание предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци. Водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале. По Востанието води борба со српските чети во околијата. Опеан е во народните песни.
|
|
|
|