Тома Вишанов Хаџиикономов (Банско, 1759 - ок. 1815) е македонски иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена. Познат како Молера (според герм. Малер - живописец), бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, Довленско, Разлошко и Ќустендил. Го негувал реализмот во сликањето и особено бил успешен во ктиторските портрети. Во своите икони внесува експресивност, движење и светлина, како и неочекувани композитни решенија. Тој бил учител на повеќе млади иконописци и зографи, како и повеќе наследници од неговиот род.
|
|
Среда, 27 Април 2016 03:00 |
|
|
|
|
Димитар Мирасчиев
|
Димитар Мирасчиев (10. VIII 1876 –28. X 1933) е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на весникот “Конституционна зарја“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 година се повлекол од политичкиот живот.
|
|
Среда, 20 Април 2016 01:45 |
|
|
|
|
Христо Смирненски
|
Христо Димитров Измирлиев (29. IX 1898 - 18. VI 1923) е македонски и бугарски поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, новинар. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат Тома Измирлиев. Познат под псевдоминот Христо Смирненскиво своите творечки и општествени ангажирања живо се допирал и до Македонија. Раководел со познатиот „Македонски круг“ во Софија. Неговата поезија се одликува со високи естетски вредности и ги воспева социјалните и херојските настани на своето време. Таа била повик за сенародната борба за неопходна промена во светот, за исполнување на копнежот на бедните и поробените.
|
|
Среда, 13 Април 2016 03:00 |
|
|
|
|
Алберт Сониксен
|
Алберт Сониксен (5. V 1878 – 16. VIII 1931) е американски новинар и публицист, кој ја поддржува македонската револуционерна борба. Како младо момче заминува на море и патува по светот. Учествува во американската воена експедиција на Филипините по која ги објавува книгите „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, „Морски разбојници“ и т.н. По Илинденското востание, кога македонското прашање станува актуелно, тој се поврзува со Македонската револуционерна организација и поминува извесно време со македонските чети во Македонија, а потоа ја објавува книгата „Исповед на еден македонски четник“.
|
|
Среда, 06 Април 2016 03:00 |
|
|
|
|
Герман Дамовски
|
Герман Дамовски (1 IX 1899 - 1959), познат како Старио, син на познатиот македонски војвода Петар Христов Германчето е македонски револуционерен деец, истакнат припадник на македонското народноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. За време на Втората светска војна и по завршувањето, учествувал во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.
|
|
Среда, 30 Март 2016 04:00 |
|
|
|
|
Томо Смилјаниќ - Брадина
|
Томо Смилјаниќ - Брадина (13. VI 1888 – 10. V 1969) е македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929).
|
|
Јосиф Михајловиќ – Јурукоски (28. IV 1887 – 11. III 1941) е македонски архитект и урбанист. Oд 1929 до 1936 година и од 1969 до 1941 година бил градоначалник на Скопје. По неговото именување за прв човек на градот во 1929 година, било извршено авионско снимање, направен катастарски премер, попис на населението, бил изработен првиот урбанистички план на Скопје, оформен Плоштадот и околните улици. За време на неговиот мандат изградени се капитални објекти како хидроцентралата „Матка“, водоводот „Рашче“, насипот на Градскиот парк, регулацијата на Серава, Собранието, Градската болница, како и Офицерски дом, старата Железничка станица, Народна банка и Поштата (објекти срушени во земјотресот во 1963),.
|
|
Среда, 16 Март 2016 04:00 |
|
|
|
|
Аврам Чаловски
|
Аврам Чаловски (1854 – 3. XI 1943) е македонски емигрант во Бугарија, еден од најзначјните индустријалци и истакнат донатор, кој од современиците бил нарекуван „Бугарски Форд“. По потекло од Галичник, тој од овчар во родното место, станал сопственик на првата фабрика за чоколади во Бугарија. Соселаните го нарекуваат дете „ѕвезделија“, но самиот тој не се сметал за богоизбран. Ја помагал македонската емиграција, Македонското револуционерно движење и донирал големи средства за цркви и манастири (Зографскиот манастир, манастирот „Св. Јован Бигорски“, црквата „Св. Петка“ во Галичник и др.). Пред смртта пред своите блиски ќе изјави „Ако не посееш нешто, нема да пожнееш ништо!“.
|
|
Среда, 09 Март 2016 04:00 |
|
|
|
|
Кузман Стефов
|
Кузман Стефов (25. IX 1875 – 24. II - 1902) е македонски револуционер, деец и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е народен учител и организатор, еден од најстарите револуционерни дејци, војводи на Македонската револуционерна организација. Во 1899 година, по апсењето на Лазар Поп Трајков, тој раководел со Костурскиот револуционерен реон и развил силна револуционерна дејност. Имал само 26 години кога го положил својот живот за револуционерното дело. Тој е опеан во македонската народна песна.
|
|
Среда, 02 Март 2016 04:00 |
|
|
|
|
Нико Нестор
|
Нико Нестор (19. VI 1934 – 26. II 2016) е македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.
|
|
|
|