Македонски легенди
Среда, 24 Февруари 2016 04:17    PDF Печати Е-пошта
Алексо Стефанов

alekso-stefanov-180Алексо Стефанов (1869 – Софија, 12. VII 1935) е македонско револуционер, демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во ревизионата чета на Тома Давидов, а потоа учествувал во Илинденското востание (1903), Балканските војни (1912/1913).

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Митрев - Езерски

Nikola Mitrev-180Никола Митрев (1865 – по 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуциомерма организација. По известувањето дека во земјата се спрема востание за ослободување од Турците, тој доброволно се враќа од Кавказ во татковината. Зедно со своите другари по морски пат доаѓа во Солун, а потоа и во Охридскиот реон.  Познат како Елшански или Езерски, пред и за време на Илинденското востание тој се одликува со јуначки подвизи во повеќе битки во Охридско. Спомените до 1904 г на Никола Митрев, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Иван Попов. ќе ги забележи и објави Љ. Милетич во книгата „Борбата во Костурско и Охридско„ (Софија, 1926). Високото морално ниво на четите по кое што била позната Организацијата, никогаш не би можело да се одржи без луѓе како што бил Езерски.

Повеќе...
 
Среда, 10 Февруари 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ефрем Чучков

efrem-cuckov-180Ефрем Чучков (21. XI 1870 – 1. X 1923) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име. Потоа бил Скопски окружен војвода, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на  Централниот комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни.

Повеќе...
 
Среда, 03 Февруари 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Стојан Карастоилов

vostanie-180Стојан Карастоилов - Стојан војвода (1848 - 24. XI 1878) е ајдутин и главен војвода во Македонското ( Кресненско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на Струма, а на почетокот на Востанието, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. X 1878) и ослободиле 35 села во Каршијак. Притоа бил формиран Штаб на чело со Д. Попгеоргиев-Беровски и С. Карастоилов како главен војвода. По недоразбирањата и отстранувањето на водачот на востанието Д. Попгеоргиев-Беровски (4. XI), бил назначен за началник на Штабот. Заедно со двајца соборци, биле убиени на спиење.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2016 04:07    PDF Печати Е-пошта
Наум Тахов

naum-tahov-180Наум Тахов (1867 – 1913) е слеп народен пејач од Крушево, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во 1895 година, во Софија го отпечатил и издал својот зборник со македонски народни песни. Десетина песни му ги отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности од ослободителното движење од тој период. Некои од песните се негови лични творби. Во 1904 година објавил и посебна збирка „Македонска солза“ со лични и народни песни посветени на Илинденското востание.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Константин Држилович

konstantin-drzilovic-180Константин Динков Држилов(ич) – Динката (? - 1890) е македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војува против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимава со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.

Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Пасков

Vasil Paskov from Osikovo-180Васил Пасков (3.I 1874–9.IX1934) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Работи како учител во Битола и Ново Село, претседателствува со Конгресот на ВМРО на Петрова нива во Одринскиот револуционерен округ, каде се објавува кревањето на востанието во 1903 година. Емигрира во Бугарија каде редактира повеќе весници. Тој е член и еден од основачите на  Македонскиот научен институт и на Илинденската организација во Софија.

Повеќе...
 
Среда, 30 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Паскал Митревски

paskal-mitrevski-180Паскал Митревски (1912 – 11. XI 1978) е истакнат македонски нацинален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Во периодот од 1943 до 1949 година бил учесник е во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС), секретар на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), а за време на Граѓанската војна во Грција бил и министер на Привремената демократска влада на Грција (1948). По војната, бил уапсен од страна на КПГ во Албанија во 1949 година,  а потоа префрлен во СССР, каде бил осуден на 25 години затвор. Во Македонија доаѓа во 1955 година.

Повеќе...
 
Среда, 23 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Киријак Држилович

pecatnica-180Киријак Држилович (Држиловец), (поч. на XIX век – ок. 1877) е македонски преродбенски деец и општественик, печатар и книжар. Учествува во грчкото етеристичко движење (1821–1829), а потоа учи и живее во Атина. По преселувањето во Солун се занимава со трговија, отвора грчка печатница (ок. 1850), во која печати и публикации на македонски јазик со грчки букви („Канонаме за селата битолски“, 1851; „Неделно евангелие“ од П. Божигропски, 1852). Вклучен е во преродбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето и дејноста на Солунската црковноучилишна општина.

Повеќе...
 
Среда, 16 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ристе Ристески (1931 - 2000): Македонска политичка емиграција во Австралија

riste-ritevski-180Ристе Ристески бил еден од најактивните македонски политички емигранти на австралискиот континент. Тој се залагал за идејата за создавање на обединета и самостојна македонска држава со демократско уредување. Ристески, за реализација на своите политички погледи, се вклучил во “Движењето за ослободување и обединување на Македонија” (ДООМ), која била најмасовната македонска емигрантска политичка организација по Втората светска војна.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.