Македонски легенди
Среда, 14 Септември 2016 06:57    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Радев - Бродалијата

georgi-radev-180Георги Николов Радев (1857 - Асеновград, Бугарија, 15. II 1942) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899-1904). Учествувал во битката во с. Баница при загинувањето на Г. Делчев (4. V / 1. IV 1903). Познат е како Ѓорѓи Бродалијата, кој подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците.

Повеќе...
 
Среда, 07 Септември 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Хаџи Христо Данков

greek-war-of-independence-180Хаџи Христо Данков (1783 - 1853) е македонски револуционер, учесник во грчката војна за независност (1821 - 1823). Христо бил прв командант на грчката коњаница, а за своите заслуги добил чин генерал на грчката армија. Подоцна учествува во изградбата на грчката држава и во грчкото собрание ги застапува Македоно-Траките. Поради неговото не грчко потекло, Грците му даваат прекар Вулгарис. Тој е еден од многубројните македонски револуционери кои од солидарност учествуваат во грчкото востание за ослободување од турското ропство, а со надеж дека нивното ослободување ќе придонесе и за ослободување на македонскиот народ.

Повеќе...
 
Среда, 31 Август 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Константин Трпков - Буфски

bufskiПоп Константин Трпков – Буфски (меѓу 1815 и 1820 – 1897) е македонски културно-просветен деец и револуционер, свештеник и војвода. Тој бил еден од организаторите на заговорот против османлиската власт во 1862 година. По откривањето на заговорниците издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор. Учествувал како војвода на чета во Кресненското востание (1878/1879). Учествувал во работата на Народното собрание на Македонија на Гремон Теке и во Привремената влада на Македонија (1880–1881).

Повеќе...
 
Среда, 24 Август 2016 03:23    PDF Печати Е-пошта
Игумен Езекил

Ezekiil-180Езекил (1836 – 1898) е македонски игумен, борец за македонската кауза и возобновување на Охридската архиепископија. Ученик на лешочкото богословско ќелијно училиште, а во манастирот Хиландар го добил чинот јеромонах. Бил игумен на Лешочкиот манастир „Св Атанасиј“ (1878–1898), кој во тоа време станал економски моќен. Поради неговата борба против бугарската и против српската пропаганда, како и поради неговата заложба за македонската кауза и македонските идеали бил убиен.

Повеќе...
 
Среда, 17 Август 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тале Христов

tale-hristov-180Тале Христов ( 29. VI 1880 – 19. VII 1903) е македонски револуционер, прилепски реонски војвода и учител. Се школувал во Прилеп и во Битола, каде станал член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890).  Учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп,  каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Загинал во судир со османлиски војски.

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2016 03:14    PDF Печати Е-пошта
Никола Казанџиев

Prez golgota-180Никола Казанџиев (23. III 1879 - 19. III 1971) е македонски револуционер, публицист и национален политички деец. Во 1899 година стапил во редовите на Македонската револуционерна организација и активно учествувал во Илинденското востание. Во 1905 година заминал во Аргентина, каде го основал Македонско-одринското братство и бил негов претседател (1907–1908). Во 1924 година, формирал Македонско-бугарска комунистичка група од иселениците од Македонија и Бугарија. Имал свој весник “Народна трибуна“ во Буенос Аирес (1936- 1939), а учествувал и во основањето на Македонскиот комитет за помош на антифашистичките движења (1941).

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ванчо Србаков

Vancho Sarbaka-180Ванчо Србаков (XIX век – 24. IV 1905) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.  Активно учествува во подготовките и за време на Илинденското востание. Се бори против српската пропаганда во Поречието и Кичевско. Две години по Илинденското востание, загинува јуначки при обид да го пробие обрачот на турскиот аскер кај кичевското село Цер.

Повеќе...
 
Среда, 27 Јули 2016 03:12    PDF Печати Е-пошта
Ставре Гогов- (Ставре Војвода)

stavre-gogov-180Ставре Гогов (1884 – 10. IV 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонското револуционерно движење. Во 1901 година бил четник во четата на војводата Тале Горанов. Во Илинденското востание се борел во четата на војводата Лука Групчев, а од летото 1904 година станал самостоен војвода. Предаден и заобиколен од аскерот, откако му завршила муницијата, се самоубил. Македонскиот народ не останал равнодушен кон загинувањето на „младиот спасител на Македонија“ и ќе го овековечат во народните песни.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јули 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Цветков

hristo-cvetkov-180Христо П. Цветков (1877 - 1934) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по задушување на востанието се бори против вооружената грчка пропаганда во Македонија. Во 1907 година учествува во епската битка на Ножот. Во 1921 година се вклучува во активностите на Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), која за се бори за создавање автономна држава Македонија во нејзините географски и економски граници.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јули 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Мише Развигоров

mise-razvigorov-180Михаил (Мише) Развигоров  (28. X 1873 – Штип, 21. III 1907) е македонски револуционер и војвода, деец на ТМОРО и учител. По Виничката афера во 1897 година, тој бил осуден на доживотен затвор и заточен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во 1902 г. и учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Во март 1907 г.,  во борба со османлиска војска, се самоубил во запалена куќа.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.