Среда, 09 Декември 2015 04:00 |
|
|
|
|
Александар Везенков – Косарин
|
Александар Петривич Везенков – Косарин (9. XII 1867 – ?) е македонски деец и драмски уметник. Студирал во Москва и Одеса. Како член на Македонското научно-литературно друштво во Санкт Петербург (Петроград) тој е поборник на независна македонска држава. Полемизира со руските славјанофили, а во 1913 година заедно со Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константиновиќ го потпишува Меморандумот за независноста на Македонија предаден до конференцијата на пратениците на големите држави во Лондон.
|
|
Среда, 02 Декември 2015 04:00 |
|
|
|
|
Антон Мирчев - Пешковски
|
Антон Мирчев – Пешковски (1890 - 1942) е македонски деец, истакнат член на Македонската колонија во Петровград, потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македондки глас“ (Македонскій голосъ) и е член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. Тој својот печат го стави на страниците на македонската и светската историја. Учествувал во Октомвриската револуција и бил близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски.
|
|
Среда, 25 Ноември 2015 04:00 |
|
|
|
|
Димитар Зафировски
|
Димитар (Митко) Зафировски (27. VIII 1907 - 4. VII 1973) е македонски културно-национален и општествено политички деец и публицист. Се вклучува во работничкото движење. Членува во ВМРО (Об) и БКП, а потоа и член на Македонската комисија при ЦК на БКП. Ги уредува списанијата „Роден крај“ (1933), „Македонски вести“(1935/36) и заедно со други го подготвува забранетиот број на весникот „Гоце“ (1938). Го издава единечниот зборник „Илинден 1903“ (1939). Се вклучува во редовите на НОБ и е делегат на првото заседание на АСНОМ, а потоа е главен уредник на весникот „Нова Македонија“. Тој е прв директор на Институтот за национална историја (1948) и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.
|
|
Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени ) е роден на 13 октомври 1911 во Скадар, Албанија во православно семејство од таткото Ѓерѓ Никола и мајка Софиа Никола, почина на 26 август 1938 година во Италија. Никола Дибрани дедому од Милош Ѓерѓ Никола ( Миѓени ) беше раселеен од Река Македонија во втората половина на XIX век и се пресели во Скадар, а подоцна се оженил со Стаке Милани, имаше два сина Ѓерѓ и Кристо.
|
|
Среда, 11 Ноември 2015 04:00 |
|
|
|
|
Велко Думев
|
Атанас Петров Думев (Воден, 15. III 1869 – Софија, 2. XII 1945) е македонски револуционер и учител. Учителствувал во Одрин, Велес, Скопје, Сер. Од 1894 е познат како Велко, а ги користел псевдонимите Бодров, Кадров, Орлеански. Како член на Организација бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1896 и 1903). Бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет (1905). Учествувал во редактирањето на весниците „Илинден“(1921–1926), „Македонија“ (1926 – 1934) и „Независима Македонија“ (1932).
|
|
Среда, 04 Ноември 2015 04:00 |
|
|
|
|
Георги Занков
|
Георги Занков (25. I 1886 – 12. VII 1949) е деец на македонското револуционерно движење, војвода во Серскиот револуционерен округ и новинар. По Првата светска војна бил претседател на Друштвото „Илинден“, претседател на Илинденската организација (1923–1924) и преку гласилата „Илинден“ и „Пирин“ водел самостојна политика. По горноџумајските убиства (1924) емигрирал во Виена, каде што учествувал во создавањето на ВМРО(Об) и бил избран за член на ЦК (1925). Учествувал на Цариградската конференција (1929) на ВМРО (Об). Познат бил под псевдонимот Д. Огњанов, Дејан, Живко, Прван.
|
|
Среда, 28 Октомври 2015 03:29 |
|
|
|
|
Стојо Хаџиев
|
Стојо Хаџиев (16. V 1879 – 27. IX 1924) е македонски учител, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учителствувал во Серскиот округ. Од 1900 до 1905 година бил комита, а потоа демирхисарски околиски војвода и учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година. По Младотурската револуција бил член на Народната федеративна партија и пратеник во Османлискиот парламент. По Првата светска војна бил назначен за окружен управник во Струмица, а од 1920 година работел како адвокат во Петрич. Убиен бил како сандинист од идејните противници.
|
|
Среда, 21 Октомври 2015 03:00 |
|
|
|
|
Виктор Аќимовиќ
|
Виктор Аќимовиќ (15. V 1915 – 21. XII 1987) е македонски деец, публицист, новинар, фотограф и филмски документарист. На 19 години имал свој весник ,,Тетовске Новине“. Во 1939 година го издава весникот ,,Јужна Стварност“ со кој јавно се спротивставува на српскиот академик, д-р Никола Вулиќ, кој го негира постоењето на македонскиот народ. Соработува со Коста рацин, Павел Шатев и учествува во НОВ, а потоа е жртва на комунистичкиот режим. Добитник е на повеќе награди за фотографија и документарен филм. Живот на Виктор, познат како македонски Рихард Зорге, до 1990 година бил табу тема.
|
|
Среда, 14 Октомври 2015 03:00 |
|
|
|
|
Раде Јовчевски - Корчагин
|
Раде Јовчевски - Корчагин (14. VIII 1919 – 20. II 1943) е македонски револуционер, синдикален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Во 1941 година, по Априлската војна зел учество во диверзантските акции во Скопје, а потоа бил член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. По неговото расформирање влегол во илегала. Во април 1942 година, во отсуство бил осуден на смрт со бесење. Во март 1943 година, во вооружена пресметка со полицијата загинал во скопско Маџир Маало.
|
|
Среда, 07 Октомври 2015 03:13 |
|
|
|
|
Васил Стојанов - Аџаларски
|
|
|