Македонски легенди
Среда, 08 Февруари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Пешков

georgi-peskov-180Георги Пешков (? - 1913) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). По 1892 година се поврзува со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во МРО. Од 1895 до 1901 година е член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 - на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. До крајот на 1901 година по наредба на Гоце Делчев изготвува Правилник на четите на ВМОРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2017 12:21    PDF Печати Е-пошта
Аце Дорев

ace-dorev-180Аце Дорев (1871 – 19. XI 1941) е македонски револуционер, книжар, виден битолски деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил член на Задграничното претставнишcтво на ЦК на МРО и касиер на Битолскиот ОРК. Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата за почетокот на Востанието и ја доставил до ЦК на ТМОРО во Солун и до Задграничното претставништво во Софија. Во 1908 година бил избран за задграничен претставник. Во 1910 година бил испратен на заточение во Мала Азија. Од заробеништво бил ослободен 1913 година. Потоа, до крајот на животот, живеел главно во Битола.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2017 05:47    PDF Печати Е-пошта
Веле Марков

VeleMarkov-180Веле (Велко) Марков (12. II 1870 – 23. VI 1902) е македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

Повеќе...
 
Среда, 18 Јануари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Дељо Марковски

Delyo Markovski Kosinets IMARO-180Дељо Марковски (1871 – 31. XII 1939) е македонски револуционер, костурски војвода, деец на Македонската револуционерна организација и на ВМРО (Автономистичка). Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а потоа се бори против грчката вооружена пропаганда. Со неколку души успева да се спротивстави на 60 члена грчка чета и да го спаси селото Косиненец. Се приклучува на ВМРО (Автономистичка) на Тодор Александров и работи во разузнувачката група на Организацијата.

Повеќе...
 
Среда, 11 Јануари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Атанас Кршаков

Atanas Karshakov-180Атанас Кршаков (1883 – 4. VII 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во борбите уште пред Илинденското востание, но, еден месец пред Востанието бил тешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.

Повеќе...
 
Среда, 04 Јануари 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Петар (Пеце) Трајков

Petar Traykov-180Петар (Пеце) Трајков (Леринско, 2. VI 1886 - 13. I 1964) е македонски национален деец.

По Втората балканска војна емигрирал во Бугарија и завршил воена академија, а во Првата светска војна бил офицер во бугарската армија на Македонскиот фронт. Во 1923 година се вклучил во ВМРО, а потоа во Егејскиот дел на Македонија формирал чета на ВМРО (1924). Заедно со Г. Попхристов и П. Шанданов го раководел Битолскиот револуционерен округ на ВМРО и ги одржувал контактите со Албанија (1924-1928). Во отсуство бил осуден на смрт од грчките власти, по што се префрлил во Албанија, а потоа во Бугарија (1928). Во времето на Втората светска војна како антифашист бил командант на Македонската НО бригада „Гоце Делчев“ и бил учесник на Второто заседание на АСНОМ (Скопје, декември 1944). По политичко недоразбирање се вратил во Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 28 Декември 2016 11:18    PDF Печати Е-пошта
Анастас Митрев

anastas-mitrev-180Анастас Митрев (1884 - 1952) е македонски деец, учител и борец за македонската самостојност. Учествувал во Младотурската револуција и бил делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Во 1911-1912 година во Солун го редактирал весникот "Учителски глас", орган на организацијата на македонските учители. По балканските војни заминал во емиграција, каде што, имал забележително учество во активностите на Временото претставителство на Внатрешна организација. Заземал истакнато место во движењето и соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев, Крсто Раковски, Димитар Влахов и др.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 07:10    PDF Печати Е-пошта
Jованчe Поп Антов

Jованче Поп Антов Поп Ангелов (4. I 1882 – 28. VI 1906) е македонски револуционер, раководител на Македонската револуционерна организација во Тиквешијата. Jованче (Иван) Поп Антов како ученик влегува во Македонската револуционерна организација. Како реонски раководител на ТМОРО за ваташкия регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Во своите говори тој велеше дека нашето спасение е само во автономна Македонија. Неговата смрт е опеана во народната песна "Црно му било пишано на Јованче Попандов".

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:34    PDF Печати Е-пошта
Димитар Гуштанов

Dimitar Gushtanov IMARO-180Димитар Гуштанов (1876 - 4. V 1903) е македонски револуционер и војвода на ТМОРО. Завршил Педагошко училиште во Сер и Духовна семинарија во Самоков, а подоцна и право во Лозана (Швајцарија).

Повеќе...
 
Среда, 07 Декември 2016 04:50    PDF Печати Е-пошта
Гоце Меѓуречки

Gotse Mezhdurechki IMARO-180Георги Толев (1874 – 18. IV 1941), познат уште како Гоце Меѓуречки, е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација, еден од многуте борци за слободата на Македонија Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а подоцна е назначен за војвода во Кукушко. По Младотурската револуција, тој одново го напушта легалниот живот и поведува нелегална борба, а во Првата балканска војна дејствува во грбот на отоманската армија и учествува во ослободувањето на Кукуш.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.