Среда, 22 Јули 2015 03:20 |
|
|
|
|
Матеј Геров
|
Матеј Геров (14. XI 1871 - 20. VIII 1918) е македонски деец, член на Женевската група (Македонскиот таен револуционерен комитет) и Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1903 година се пријавил да ги продолжи правните студии во Белград. Како член на МРО од крилото на „сарафистите“, тој бил задолжен во српската престолнина да го припреми пречекот на Борис Сарафов и разговорите со српските државници и новинари. Во овој период тој ќе изјави “не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.
|
|
Среда, 15 Јули 2015 05:27 |
|
|
|
|
Илија Манолов Дилберов
|
Илија Манолов Дилберов (20 VII 1875 – 29 VIII 1962) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како Дилбер Илија. Се познавал со Гоце Делчев и учествувал во аферата Мис Стон.
|
|
Среда, 08 Јули 2015 03:00 |
|
|
|
|
Илија Димушев
|
Илија Димушев (17.VII 1876 – 27. VII 1934) македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и член на Битолскиот окружен револуционерен комитет. За својата револуционерна дејност повеќе пати бил осудуван и лежел по турски и грчки затвори. Учесник е во Балканските и Првата светска војна, а во меѓувреме бил кмет на Лерин.
|
|
Среда, 01 Јули 2015 03:22 |
|
|
|
|
Сава Михајлов - Савата
|
Сава Михајлов - Савата (25. XII 1877 – 1. III 1905) е македонски револуционер, гевгелиски војвода и учител. Многу рано влегува во револуционерните води и учествува во сите важни случувања за македонското ослободително дело. Како учител и револуционер дејствувал во с. Ракита, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја. Учествувал во аферата Мис Стон, се борел против врховизмот, бил учесник на Софиското советување на МРО и Илинденското востание во 1903 година. Тој е тврдокорен македонски револуционер, кој во 1905 година, во борба со османлиската војска кај с. Смол, Гевгелиско, за да не падне жив во нивни раце, испил отров.
|
|
Нема македонско село од Егејска Македонија во кое живееле и живеат Македонци, а да не се родил некој револуционер, родолуб или патриот кој својот живот го дал за македонската кауза, за создавање на Македонската држава. Овој непобитен факт се однесува на сите околии: Костурската, Леринската, Воденската, Ениџевардарската, Мегленската, Кожанската, Берската, Негушката, Кукушката, Гуменџиската, Солунската и Лагадинската.
|
|
Среда, 17 Јуни 2015 03:01 |
|
|
|
|
Христо Сиљанов
|
Христо Сиљанов (26. V 1880 - Софија, 26. IX 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, историчар, публицист и поет. Како учесник во револуционерните борби во Македонија и Одринско, своите доживувања ги опишува во неколку книги спомени, а како поет му посветува песни на Гоце Делчев. На барање на Илинденската организација тој напишал цела студија за македонското ослободително дело. Во 1933 година, во издание на Илинденската организација, во Софија е објавен првиот том од неговата двотомна студија „Ослободителните борби на Македонија. Илинденското востание“. Вториот том е објавен десет години подоцна или четири години по неговата смрт. Вториот том „Ослободителните борби на Македонија“ е објавен со поднаслов „По Илинденското востание“, во 1943 година во Софија.
|
|
Среда, 10 Јуни 2015 03:00 |
|
|
|
|
Д-р Константин Станишев
|
Во времето на нацизмот д-р К. Д . Станишев се изразил јавно и во печатено издание за заштита на Евреите. Тоа се случило пред познатите настани со кои е спречен транспортот на бугарските Евреи во логорите на смртта, а е поврзано со имињата на Димитар Пешев и патријархот Кирил.
|
|
Среда, 03 Јуни 2015 03:00 |
|
|
|
|
Михаил Апостолов – Попето
|
Михаил Апостолов – Попето (1871 - 21. III 1902) е македонски револуционер и прв војвода на агитационо-организациска чета на ТМОРО. Познат како Михаил Постолов, Попето и Черкез Михаил, тој бил близок соработник на Гоце Делчев. Со својата чета 7 години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.
|
|
Андон Попштеров (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Познат е како Д’мбенски и Рудински и учествува во повеќе борби за ослободување на Македонија. Постојано влегувал во борба со османлискиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда. Во октомври1925 година, заедно со Леринската чета, тој води борба во селото Пополжани, Леринско, со побројната грчка војска, а во ноември учествува во нападот со фрлање бомби врз грчкиот Воен клуб во Лерин.
|
|
Ангел Андреев (23. IV. 1867 - ?) е македонски револуционер и војвода на Македонско револуционерната организација. Бил прврзаник на Борис Сарафов и бил огорчен противник на врховистите.
|
|
|
|