Тодор Скаловски (21. I 1909 - 1. VII 2003) е македонски композитор, хорски и симфониски диригент, еден од по истакнатите претставници на првата генерација македонски композитори. По Втората светска војна учествува во формирањето и работата на музичките институции во Македонија. Скаловски бил првиот директор и прв диригент на Македонската опера и балет, а и основач на Македонската филхармонија. Во 1944 г., во неговиот дом, се одржал основачкиот состанок на првиот Симфониски оркестар, кој во 1950 г. прераснува во Македонска филхармонија. Автор на голем број инструментални, вокални-инструментални и сценски композиции, вклучувајќи ја и музиката на химната на Македонија „Денес над Македонија“.
|
|
Христо Настев (Штип, 6. IV. 1876 – Варна, 20. VI. 1962) е македонски револуционер и учител, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1898 година завршил педагошко училиште во Скопје. Учителствувал во Виница, Банско (Разлошко), Бунархисар. Како член на МРО, бил претседател на рев. комитет во Виница, на ОК на ТМОРО во Бунархисар (1899–1900), секретар во четата на Т. Давидов во Битолско (1902), учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание како лерински војвода. По востанието бил началник на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО. Настев ја опишува смртта на војводата Дине Кљосов во претставата „Како умира македонски четник“.
|
|
Среда, 29 Април 2015 03:00 |
|
|
|
|
Никола Димков
|
Никола Стојанов Димков (6. XII. 1859 – 30. III. 1937) е машински инжинер, изумител и општественик од македонското село Горно Броди, Егејскиот дел на Македонија. Автор е на „Ѕвезда на согласноста“ – проект за создавање на Светската организација за зачувување на мирот и соработка меѓу земјите, народите и религиите во светот.
|
|
Захарина Велова Димитрова (26. XI. 1873 - 14. IV. 1940) е прва жена лекар од Македонија. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27 февруари 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“ била и наградена. Турските власти не и` дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што таа оди во Бугарија, каде останува да живее и работи.
|
|
Среда, 15 Април 2015 03:00 |
|
|
|
|
Крсто Маликов
|
Крсто Маликов (1881 - 1952) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во Првата балканска војна со над 400 четници учествува во нападите на железничката линија меѓу Лерин и Кременица, како и во ослободувањето на Лерин. За разлика од многу македонски патриоти кои разочарани од поделбата на Македонија свое засолниште најдоа во Бугарија, Маликов кој е познат уште како „Малико“ или „Малик“ се иселува во Австралија.
|
|
На 25 март годинава во деведесет и деветтата година од својот живот, во Варшава, во Полска, почина проф.д-р Владислав Барчиковски (1916-2015) голем пријател на Македонија и на Македонците.
|
|
Среда, 08 Април 2015 03:02 |
|
|
|
|
Станко Караман
|
Станко Караман (1889 – 1959) е македонски природонаучник, основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Работи на ихтиофауната во земјата и ја објавил својата студија Pisces Macedoniae. Објавил повеќе од стотина научни трудови во кои ја обработува класификацијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Основач е и на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“.
|
|
Среда, 01 Април 2015 03:00 |
|
|
|
|
Атанас Раздолов
|
Атанас Раздолов (1872 - 1931) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, општественик и поет. Тој е истакнат претставник на плејадата македонски анархисти од времето на Илинден. Издал неколку десетици помали стихозбирки со песни исклучиво на македонска историско-револуционерна тематика. Му бил мошне близок и искрен приврзаник на Гоце Делчев. Поезијата на Раздолов е македонски крик на вековно насобраниот гнев во душата на македонскиот човек.
|
|
Среда, 25 Март 2015 04:18 |
|
|
|
|
Ацо Караманов
|
Ацо Караманов (31. I. 1927 – 9/10. X. 1944) е македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности во годините на Втората Светска Војна. Во својот краток живот, Караманов прави вистински творечки подвиг и со своето дело кое има високи естетски вредности ќе остави траен белег во македонската литература. Судбината си поигрува со младиот писател кој на седумнаесет години, само еден месец по стапувањето во партизани трагично загинува во борбата со германските воени сили.
|
|
Среда, 18 Март 2015 04:00 |
|
|
|
|
Наце Димов
|
Наце Димов (Атанас Димов Чуповски) (18/31. I. 1876 – 15. VII. 1916) е македонски национален деец и брат на Димитрија Чуповски. Тој е еден од најактивните членови на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Заедно Д. Чуповски и д-р Г. Константинович, тие се најактивни дејци на Македонската колонија во Санкт Петербург (1912– 1916). Автор на изданието „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“ (1913) и најжесток полемичар на јавните собири и дискусии против ставовите на бугарските и српските претставници во руската престолнина, во заштита на целоста и независноста на Македонија.
|
|
|
|