Среда, 11 Март 2015 04:00 |
|
|
|
|
Зоран Тодоровски
|
Зоран Тодоровски (Скопје, 3. III. 1950 – 5. III. 2015) е македонски историчар чиј фокус бил насочен кон изучување на поновата македонска историја, особено кон настани и личности, кои припаѓаат на Македонското револуционерно движење од првата половина на XX век. Тој е автор на бројни научни трудови. Подготвил повеќе монографии, како и извори за историските личности како што се: Крсте Мисирков, Тодор Александров, браќата Владимир и Владислав (Славчо) Ковачев, потоа Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и др.
|
|
Среда, 04 Март 2015 04:00 |
|
|
|
|
Трајко Китанчев
|
Трајко Китанчев (1858 - 1895) е поет, есеист, публицист, преведувач, општественик, прв претседател на Македонскиот врховен комитет во Софија. Бил народен пратеник во Бугарското народно собрание. Не може да ја поднесе играта со неговата земја и влегува во конфликт со бугарскиот кнез Фердинанд, за што е прогонуван и осудуван.
|
|
Среда, 25 Февруари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Ефрем Каранов
|
Ефрем Каранов (28. I 1852 – 6. XII 1927) е просветен деец, книжевник, историчар, фолклорист, етнограф, преведувач, учител и учесник во македонското револуционерно движење. Од 1875 до 1877 година работел како учител во Штип, но поради страв дека е московски агент, Турците го протеруваат. Се занимава со собирање фолклорен материјал, стари ракописи, книги, монети и др. Го основа и го раководи Македонското братство во Ќустендил (1895). Се дружи со Трајко Китанчев и учествува во подготовката на чети на Македонскиот комитет, а по расцепот се става на располагање на Македонската револуционерна организација. Одржува блиски врски со Гоце Делчев, Јане Сандански и особено со својот ученик Димо Хаџи Димов.
|
|
Среда, 18 Февруари 2015 04:34 |
|
|
|
|
Љубомир Весов
|
Љубомир Весов (1892 – 1922) е поет и македонски револуционер. Иако неговите поетски прилози најавувале надежно име во бугарската литература, младиот Македонец ја отфрла идната кариера и се посветува на борбата за ослободување на Македонија. Деец е на македонското студентско друштво „Вардар“ и окружен војвода на ВМРО во Западна Македонија. За да не падне жив во рацете на српските џандари, тој се самоубива.
|
|
Среда, 11 Февруари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Костадин Молеров
|
Костадин Молеров (Банско, 18. XI. 1876 – Софија, 24. X. 1957) е собирач на македонско народно творештво, поет и револуционер. Како деец на Македонската револуционерна организација учествува во аферата Мис Стон, го организира пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ и учествува во Илинденското востание. Автор е на некои песни од стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“, објавена со брат му Димитар. Со него развиле богата собирачка дејност и заедно објавуваат „Народописни материјали од Разлошко“.
|
|
Среда, 04 Февруари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Јордан Чкатров
|
Јордан Чкатров (Прилеп, 1898 – Скопје, 1945) е македонски револуционер, член на ВМРО, Студентското друштво „Вардар“ во Софија, Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) и Македонската патриотска организација (МПО). Истовремено бил член и на Масонскатата ложа. Во 1923 од ЦК на ВМРО бил испратен во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 бил секретар на Сојузот на МПО и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. Од 1928, по враќањето во Бугарија, бил еден од најблиските соработници на Иван Михајлов. По ликвидацијата на ВМРО во Бугарија во 1934 година, бил адвокат. Во времето на бугарската окупација на Македонија бил адвокат во Скопје. По војната бил уапсен, осуден и ликвидиран од македонската власт.
|
|
Среда, 28 Јануари 2015 04:32 |
|
|
|
|
Димитар Каратошо – Цами
|
Димитар Каратошо – Цами (1798 – 1861) е македонски револуционер, учесник во Негушкото востание во Македонија во 1822 година, познато уште како Македонско востание, кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против Османлиите. По неговото задушување, учествува и во Грчкото востание. Во 1854 година, го организирал востанието на Халкидики, Јужна Македонија. Учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Добива чин полковник во грчката војска и е аѓутант на грчкиот крал Отон I. Во текот на 1860 година се обидел да организира ново востание во Солунскиот регион. Се потпишувал како „Главен командант на Македонија“ и се залага за обединување на сите балкански народи за ослободување од Османлиската власт.
|
|
Среда, 21 Јануари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Иван Христов Карасулијата
|
Иван Христов Карасулијата (1875 - 1905) е македонски револуционер и гевгелиски околиски војвода на ТМОРО. Повеќе години дејствувал во Гевгелиско, а бил познат како Иван Карасулијата, Карасулски, Гевгелиски или Дилбер Иванчо. Загинал во борба со османлиска војска. Опеан е во неколку македонски народни песни.
|
|
Среда, 14 Јануари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Софрониј Стојанов Цоленков
|
Софрониј Стојанов (8. X 1871 – 15. IV 1903) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1892 година завршил воено училиште во Софија. Познат уште како Хаџи Асенов и Цобе, Софрониј бил поручник во Бугарската армија, која во 1900 година ја напушта за да дејствува во Македонија. Како војвода на ВМОК дејствувал во Малешевско, Горноџумајско и во Кичевско. Загинал во борба со османлиската војска.
|
|
Среда, 07 Јануари 2015 04:00 |
|
|
|
|
Димитар Цанко
|
Димитар Цанко (1814 – 7. X. 1904) е македонски просветен деец од XIX век во Корчанско. По завршувањето на образованието, работи како учител во родното место се` до својата смрт. Меѓу населението бил познат како „Даскало“. Познавал повеќе јазици меѓу кои: својот македонски, старогрчкиот, новогрчкиот, албанскиот, романскиот и по малку францускиот јазик. Иако пишувал на грчки јазик или преведувал со грчко писмо, заради неговата преведувачка дејност, посебно на евангелието, како и борбата против елинизмот, дејноста на „Даскалот“ ја споредуваат со преродбенската активност на Димитар Миладинов.
|
|
|
|