Македонски легенди
Среда, 06 Ноември 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Петров - Русински

nikola-petrov-rusinski-240Никола Петров – Русински (21. XI. 1875 – 14. VI. 1943) е македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода - агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО.

Повеќе...
 
Среда, 30 Октомври 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Ичко

petar-icko-240Петар Ичко (с. Катраница, Кајларско, околу 1770-1775 - Белград, 15. V. 1808) е македонски трговец и дипломат во служба на Портата и Србија. Во времето на Првото српско востание, српскиот водач Караѓорѓе го користел да ги води дипломатските преговори со Турција (јули - септември 1806), кои резултирале со склучениот Ичков мир (декември 1806). При основањето на Белградскиот магистрат (1807) бил назначен за негов прв претседател. Кон крајот на животот, незадоволен од прекратените односи со Портата, преминал во австриска служба.

Повеќе...
 
Среда, 23 Октомври 2013 01:22    PDF Печати Е-пошта
Тодор Александров

todor_aleksandrov-240Ние не сме револуционери по професија ништо повеќе од било кој друг. Ние сме жедни и гладни за мир. Ние сме натерани на вакви начини, просто, бидејќи Грција и Србија не ни оставаат друг начин за да ги браниме нашите права и националност. Ќе престанеме да се бориме како револуционери кога ќе ни овозможат прилика за да се бориме како граѓани.

Повеќе...
 
Среда, 16 Октомври 2013 02:57    PDF Печати Е-пошта
Иван Хаџи Николов

Hadzi-nikolov-240Иван Хаџи Николов (24. XII. 1861 –  9. VII. 1934) е македонски револуционер, учител, книжар и еден од основополжниците на Македонската Револуционерна Организација. Од 1894 до 1901 година бил член на ЦК на МРО. Во времето на Солунската афера во 1901 година ги предал печатот и шифрите на Организацијата на Иван Гарванов, па откако ја увидел грешката, се обидел да се самоубие. Во јануар 1903 година учествувал на советувањето на МРО во Софија, а по востанието се преселил во Софија, каде што се занимавал со издаваштво и со трговија. Оставил драгоцени спомени значајни за МРО и борбата на македонскиот народ за самостојност и национално ослободување.

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:30    PDF Печати Е-пошта
Поп Стамат

Stamat_Geogiev-240Поп Стамат Танчев Георгиев  (1857 – 5. X. 1904) е македонски свештеник, припадник на ТМОРО. Учествува во црковно-просветната борба против патријаршиските (грчки) црковни и училишни институции. Во 1894 година станува член на Македонската Револуционерна Организација, а за време на Солунската афера (1901) бил затворен во Подрум Кале. По амнестијата (1902) продолжил со својата револуционерна и црковна дејност, се` до 1904 година кога е убиен од грчките андарти во Солун.

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Михаило Пупин

Mihajlo_Pupin-240Во Македонија малкумина знаат дека светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, има македонски корени.

Повеќе...
 
Среда, 25 Септември 2013 03:05    PDF Печати Е-пошта
Борко Лазески

borko-lazeski-240Борко Лазески (22. X. 1917 - 16. VI. 1993) е македонски академски сликар, педагог и учесник во НОБ. Имал пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност.

Повеќе...
 
Среда, 18 Септември 2013 09:04    PDF Печати Е-пошта
Милан Матов

milan-matov-240Милан Апостолов Матов (8. XI. 1875 – 21. V. 1962) е македонски револуцинер и учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Во 1900 се вклучил во Македонското Револуционерно Движење, а во текот на Илинденското востание дејствувал во Струшко.

Повеќе...
 
Среда, 11 Септември 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Коста Веселинов

kosta-veselinov-240Коста Веселинов (1908 – 19. IX. 1942) е македонски културно-национален деец, правник, историчар и публицист. Тој е еден од македонските дејци кои активно работат на проучувањето на македонското национално минато, посебно на континуитетот на македонската национална свест и борбата за национална слобода. Неговата брошура „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“, преведена на македонски во 1944 година, станува прв учебник по историја во отворените македонски училишта.

Повеќе...
 
Среда, 04 Септември 2013 03:00    PDF Печати Е-пошта
Владимир Каваев

vladimir-kavaev-240Владимир Каваев (1880 - 1931) е македонски лекар, хирург, учесник во Октомвриската револуција. Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин и работи како главен лекар на Петроградската околија. По враќањето во Македонија, истата година станал градоначалник на Струга (1923 – 1927), каде има особени заслуги за сузбивањето на маларијата.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.