Македонски легенди
Среда, 22 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Владо Черноземски

Chernozemski-180Владо Черноземски (19. Х. 1897 – 9. Х. 1934) бил македонски револуционер, член на александровата, а потоа и на михајловистичката ВМРО. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, шофер и саатчија во Софија. Во ВМРО бил познат како „Владо Шоферот“, а со фалсификувани документи се појавува како „Величко Георгиев“ од Разлошко, „Владо Димитров Черноземски“ и „Владимир Димитров Владимиров“ од штипското село Патрик. Во историјата ќе остане запаметен како извршител на атентатот врз југослевенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, во 1934 година, кога загинал под лажното име „Петер Келеман“. Опеан е во народната песна како „херој македонски“.

Повеќе...
 
Среда, 15 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Панајот Гиновски

panajot-ginovski-180Панајот Гиновски (Галичник, 1842 – Врање, 8. VIII 1886) е македонски фолклорист, преродбеник, зограф, лексикограф, етнограф. Учел зографски занает кај прочуениот галички зограф Ѓурчин Фрчковски. По повредата на глуждот на ногата во Карлово, Бугарија, каде бил на печалба, бил принуден да се врати во Галичник, каде што останал уште 17 години, прикован за постела и неспособен за физичка работа. Во тоа време се занимавал со препишување книги, запишување народни умотворби, обичаи, изработка на речник и др. По неговата смрт, запишаните материјали останати кај брат му Алексо, во ракопис му ги дал на рускиот конзул во Црна Гора П. А. Ровински, кој ги објавил во продолженија во петроградското списание „Жива старина“ (X–XIV, 1899–1905).

Повеќе...
 
Среда, 15 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
ОТСЕЧНО САМО – НЕ!

ivan-trposki-180Протерајте ме на четиримеѓјето
од најизмачената земја на светот
таму безгревно убијте ме
смрттно стрелајте во мене

Повеќе...
 
Среда, 08 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Лазо Ангеловски

lazo-angelovski-180Лазо Ангеловски (10. VIII. 1925 – 19. VIII. 1948) е деец на македонското национално движење. Еден од организаторите на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Отворил 87 македонски училишта во коишто учеле 10.000 ученици. Во 1948 година, на 23 години бил фатен, мачен и осуден на смрт од тогашните грчки власти. Пред да биде убиен во Лерин остави трогателно претсмртно писмо.

Повеќе...
 
Среда, 01 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Чешмеџиев

instrumenti2Јосиф Чешмеџиев (8. XII 1890 - 28. IV 1964) е композитор и диригент, фолклорист, собирач на македонски народни песни. Во Солун бил ученик на Атанас Бадев, а на Конзерваториумот во Лајпциг, Германија, учел композиција кај прочуениот Макс Регер. По Балканските војни живее и работи во Бугарија. Се занимавал со собирање македонски народни песни, кои делумно и ги издал во 1926 година.

Повеќе...
 
Среда, 24 Септември 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Панов Андреев - Гостиварчето

nikola-panov-180Никола Панов (Пенов) Андреев, познат како Арнаутчето или Гостиварче, роден е во Гостиварското село Горно Јеловце, Македонија. Комита е од пред Илинденското востание 1903 година. Војвода е на чета на ВМОРО (Внатрешно Македонско Одринска Револуционерна Организација) во Гостиварско во 1905 година.

Повеќе...
 
Среда, 17 Септември 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Јустинијана (Јанка) Каневчева

Yanka Kanevcheva-180Јустинијана (Јанка) Каневчева била големата и единствената љубов на Гоце Делчев

Повеќе...
 
Среда, 10 Септември 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Анастас Коцарев

atanas-kocarev-180Анастас Коцарев (5.V.1889 - 29.III.1931) е македонски деец и лекар онколог, еден од првите кој работи на истражување и лекување на ракот. Во 1915 година го основа Друштвото „Македонија“ во Женева, а во 1918 година ги обединува и другите македонски друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. Се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација. Соработувал со нобеловката Марија Кири - Склодовска на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата. Прв во светот направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер.

Повеќе...
 
Среда, 03 Септември 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Стефанов Јаковов

todor-stefanov-240Војводата Тодор Стефанов Јаковов (наречен Расим ) е роден во 1881 година во град Тетово, починал 12 Мај 1938 година во Софија.

Повеќе...
 
Среда, 27 Август 2014 03:59    PDF Печати Е-пошта
Атанас Јакимов Албански

atanas-jakimov-180Војводата Атанас Јакимов Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце на Шар Планина (Горен полог), починал на 30 ноември 1943 година во Софија

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.