Среда, 28 Август 2013 12:31 |
|
|
|
|
Натаниел Кучевишки
|
Натаниел Кучевишки, познат уште како Охридски-Пловдивски или Натаниел Зографски, со световното име Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев (26. Х. 1820 – 18. IX. 1906) е еден од најшколуваните црковно-литературни и револуционерно-национални дејци во XIX век. Учествувал во црковната борба против грчката Цариградска патријаршија и се залагал за обновување на Охридската архиепископија. Натанаил станал егзархиски митрополит, кој активно го помагал македонското револуционерно ослободително движење.
Натаниел Кучевишки е роден на 26 октомври 1820 година во скопското село Кучевиште, како Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев. Се школува во родното село (Кучевишкиот манастир), а потоа во Скопје, Самоков и Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора во 1837 година, учи во Духовната семенарија во Кишинев од 1838 до 1844 година и во Одеса од 1845 до 1847 година. Потоа како кандидат на бословските науки, од 1847 до 1851 година учи на Духовната академија во Киев.
|
|
Среда, 21 Август 2013 03:00 |
|
|
|
|
Димитар Робев
|
Димитар (Димко) Анастасов Робев (1820– 1890) е македонски преродбеник, поборник за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква и е застапник на идејата за независна Македонија. Како виден претставник на македонското граѓанство во периодот на османлиското владеење во Македонија (богат трговец и крупен земјопоседник), тој бил еден од основачите на Битолската црковно-училишна општина и прв христијански пратеник во турскиот парламент. Помагал околу изградбата на црквите Св. Недела (1863) и Св. Богородица (1871) во Битола и се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци, како и други македонски дејци.
|
|
Среда, 14 Август 2013 03:25 |
|
|
|
|
Атанас Мурџев
|
Атанас (Тано) Перев Мурџев со псевдоним А. Планински е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.
|
|
Среда, 07 Август 2013 03:00 |
|
|
|
|
Анастас Лозанчев
|
Анастас Лозанчев (8. IV. 1870 – 8. XI. 1945) е македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Во јануари 1903 година учествувал на Солунскиот конгрес и бил еден од иницијаторите за донесување одлука за кревање востание. На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Од седумнаесеттемина присутни на Солунскиот конгрес, во востанието учествувале само Лазар Димитров и Анастас Лозанчев, кој оставил спомени за овие настани.
|
|
Среда, 31 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Аргир Маринчев
|
Аргир Маринчев (1870 – 31. VIII. 1903) е македонски револуционер, член и војвода на Македонскота Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание 1903 година и се истакнал во крвавите борби кај Рашанец и Грмешница. За жителите во Охридско тој е пример за храброст и верност кон македонските идеали од Илинденското востание.
|
|
Среда, 24 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Михаил Чеков
|
Михаил Наумов Чеков е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација, учесник во Илинденското востание. Активно учествувал во градењето на револуционерната мрежа на организација и во вооруженото востание во својот крај во текот на 1903 година.
|
|
Среда, 17 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Тома Николов
|
Тома Николов Христов (околу 1863 – 18. VIII. 1946) е македонски револуционер, свештеник и просветител, учесник во Илинденското востание. Познат како Поп Тома или под псевдонимот Златоуст, тој е член и раководител на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание, во интервју за „Дејли Њуз“, за англиската јавност ќе изјави дека „Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ“.
|
|
Среда, 10 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Гацо Капидан
|
Ангел Гацо (Паришев), односно Гацо Капидан, како што бил познат меѓу селаните, бил роден во 1771 година во село Саракиново, Воденско. Уште како мало дете покажувал сободен и непокорен дух. Потекнувал од сиромашна фамилија, па поради тоа, како момче бил момок и пасел говеда и свињи во село Бабјани, Ениџе – Вардарско.
|
|
Среда, 03 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Христо Даскалчев
|
Христо Даскалчев (12. IX. 1878 – 14. XII. 1954) е македонски просветен и национален деец, револуционер и воденски војвода на Македонската Револуционерна Организација. Како член на раководството на Македонската Емигрантска Федеративна Организација (МЕФО) се застапувал за Македонија, за Македонците како потполно независна политичка единица од балканските држави. Во септември 1944 година во Софија потпишал "Апел до Македонците во Бугарија".
|
|
Среда, 26 Јуни 2013 03:00 |
|
|
|
|
Томислав Зографски
|
Томислав Зографски (29.III.1934 - 14.I.2000) е македонски композитор и еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика во втората половина на XX век. Тој е претставник на генерација македонски музички творци кои уште во шеесеттите години домашните музички вредности ги доближија до главните светски струења. Прв во македонската музика внесува елементи на музичкиот неокласицизам, а извор за неговата творечка инспирација претставува македонската световна и духовна музичка традиција. Неговиот дух проникнат во неговите композиции, раширен од неговите студенти, продолжува да живее и натаму.
|
|
|
|